Може и преку ИБАН мене така пари ми испраќаат...да се чека 2-3 дена ама поефтино е и поедноставно некој знаат и директно на кредитна. Незнам што ќе ви е пејпал продавате самолепливи сликички и хандмејд кукли на ебај

... дај бе жити се кој прави сериозен бизнис и користи само пајпал плаќања
Не тропај бе, ако испратиш преку IBAN заштитен ли си ако производот што ти го испрати е дефект или ако ти испрати ЦЕПЕНИЦА наместо производот како во Србија што имаше случај со тој што купувал лаптоп.
Ти или не си користел eBay или ти е мерак безвезе да мрчиш на темава. Ако толку сакаш ќе ти направам список зошто PayPal е корисен, ПОКРАЈ eBay:
- примање донации за БИЛО ШТО со минимална провизија. PayPal како најкористен систем во светот не е споредлив со MoneyBookers и поголеми се шансите тој што ти донира пари да има PayPal акаунт отколку манибукерс или да трча до банка да плаќа провизии за IBAN трансфер.
- испраќање и примање пари до и од Америка со ниски провизии. Moneybookers не може да се користи за трансакции со амерички корисници.
- огромна е можноста ако сакаш да купиш нешто од некаде на интернет дека ќе може да се плати преку PayPal, а да не биде достапен систем со картичка за кој што провизиите за поставување се поголеми
- автоматски претплати на сервиси. на пример ако се претплатам на 5 работи, на пример на некој дигитален весник, или некоја програма што бара секои 2 недели плаќања и уште нешто во таа насока, полесно е од страната automatic payments да имаш преглед на се, отколку да трчаш по секој сајт кај што си се претплатил „рачно“ преку кредитна и да ги чуваш сите мејлови за да случајно не заборавиш кога ти истекува претплатата. плус одредени страници поддржуваат автоматски плаќања САМО пеку пејпал.
- увид во сите трансакции од едно место. на пример јас користам уни банка, каде што ебанкингот се плаќа, а можам да проверам само статус на сметка преку cpay. доколку сите трансакции ги вршам преку paypal не мора да трчам до банка да вадам извод од сметка да видам што - кога сум купил.
Ако ти се малку овие причини, верувај ми ќе најдам уште, ама пуст твој инает да се оди контра за глупости, демек што ќе му е БИЛО КОМУ пејпал, кога ти не гледаш потреба, и ефтино ад хоминем исмевање
--- надополнето: 11 април 2013 во 15:09 ---
Те молам ај батали селски песни...и простачко-селски коментари. Иди таму шиткај долен веш со америчко знаме на нет за некој долар.
на сајбер верзијата на битпазар...
.
ептен не едуциран коментар и не ти треба да се исмеваш за тоа што некој планира да си продава од дома. демек под честа на било кој човек е да се работи на „тезга“ а?