Payoneer (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата sime333
  • Време на започнување Време на започнување
Колку евра може да извадам максимум во еден ден од банкомат во Грција? Дали е проблем за поголема сума 5000 - 10000 евра?

5к е daily spending limit од картичка (за вадење мислам)
 
Работам веке многу време со Пајонир, т.е. ЕУР картичка. Ми зимаат 5е фиксно во Грција кога вадам на било која сума или пак во било која држава каде што валутата е ЕУР. Така да доколку си од Македонија нарачај си ЕУР пошто тоа ти е нај исплатливо.
Автоматски споено мислење:

Не е исто. Доколку картичката ти е во ЕУР и вадиш во Грција пример, не ти зимаат провизии за конвертирање на валута ниту пак ништо дополнително, само обичка провизија најчесто од 5е. Не знам која банка беше на 500е ми зема 2.5е провизија. Веќе со години
Членот пиша дека користи картичка со валута долар. За ЕУР знаеме дека е поисплатливо во грција.
 
Јас никако да најдам конкретен одговор, освен тоа дека е океј да извадам пари од Стопанска банка банкомат. Картичката ми е во долари. Дали некој конечно ќе се најде, да ми каже колкава провизија ќе ми земат? Има ли врска сумата што ја повлекувам, или провизијата ќе биде иста за било каква сума?
 
Можеш да вадиш од било кој банкомат, ама тоа веќе го знаеш. Кога имав Пајонир во долари, избегнував да вадам од банкомат додека чекав да ми стигне картичката во евра, но кога мора, мора.

Сумата што ја повлекуваш има врска - не е само провизија, туку зема и за конверзијата од долари во денари. Одамна беше па не се сеќавам колкав процент од сумите земаше, но еве грубо да заокружам, ако вадам 30 000 денари на банкомат од Стопанска, најверојатно 1 500-2 000 илјади ќе ми одеа курбан.

Најдобра варијанта е што е можно побрзо да станеш eligible за картичка во евра, со долари на долг рок воопшто не ти се исплаќа. Како и што спомнаа другите, за евра валутата имаш опции, за долари практично и немаш.

Јас ги прежалував транскациите што морав да ги вадам од банкомат, по мојата логика - подобро нека земе провизија него да останам без кеш кога најмногу ми треба. Од друга страна, не мора да вадиш голема сума наеднаш, користи ја картичката на пос терминали за да плаќаш во маркет ова она, па прави помали транскации преку банкомат.
 
Ако добиваш исплата на Пејонир во долари, а сакаш да вадиш со картичка во евра, нели секако треба да правиш конверзија на самата Пејонир апликација, и тука ти зема провизија? Или не?
 
Ако добиваш исплата на Пејонир во долари, а сакаш да вадиш со картичка во евра, нели секако треба да правиш конверзија на самата Пејонир апликација, и тука ти зема провизија? Или не?

Да, АМА таа конверзија е значително помала од онаа на банкомат. На нашиве банкомати буквално пљачкаат. Ако доларот е 57 денари, на банкомат максимално ке ти го сметаат 54 до 54.50.
 
Фала многу за одговорите, ми значат!
Инаку, во однос на отворање картичка во евра, гледам дека треба да имам минимум 50 евра на сметка. Дали можам од моите долари да си префрлам евра на пејонир сметката или, пак, треба фирма од странство (или од тука може да е) да ми плати во евра?
 
Да, АМА таа конверзија е значително помала од онаа на банкомат. На нашиве банкомати буквално пљачкаат. Ако доларот е 57 денари, на банкомат максимално ке ти го сметаат 54 до 54.50.

Искрено не знам колку те пљачкаат, немам вадено годинава. Секогаш проверував на тоа "How much would I get on the ATM" и толку и можеше да извадиш. Лани, на 550 -600$ беше околу 700/800 ден на Стопанска банка. Така да, не верувам да е толку драстична разликата.
 
Фриленсер сум од 2015-та. Ти кажувам од дебело искуство, од скоро сите банкомати низ државата. За поголеми суми, картичка во евра и или Косово или Грција.
 
Фриленсер сум од 2015-та. Ти кажувам од дебело искуство, од скоро сите банкомати низ државата. За поголеми суми, картичка во евра и или Косово или Грција.
Косово не ја рачуна како ЕУР земја, па мислам и таму се високи провизиите односно ги плаќаш тие 3.5% за "конверзија" иако е ЕУР валута.
 
Косово не ја рачуна како ЕУР земја, па мислам и таму се високи провизиите односно ги плаќаш тие 3.5% за "конверзија" иако е ЕУР валута.

Последен пат вадев 2021. Мене ми е битно да ја избегнам таа лоповска конверзија, каде губиш по скоро 2,5 денари на долар.
 
Последен пат вадев 2021. Мене ми е битно да ја избегнам таа лоповска конверзија, каде губиш по скоро 2,5 денари на долар.

Има на банкоматите опција да повлечиш во денари ама конверзијата да ја направи Пајонир, а не банкоматот. Така се добива реалниот курс а Пајонир ќе ти земе 3.5% fee што е прифатлива опција.
 
Има на банкоматите опција да повлечиш во денари ама конверзијата да ја направи Пајонир, а не банкоматот. Така се добива реалниот курс а Пајонир ќе ти земе 3.5% fee што е прифатлива опција.

На кој банкомат можеш да одбереш кој да ти ја прави конверзијата? Каде е таа опција?
 
Да, АМА таа конверзија е значително помала од онаа на банкомат. На нашиве банкомати буквално пљачкаат. Ако доларот е 57 денари, на банкомат максимално ке ти го сметаат 54 до 54.50.
Не би требало да е така, треба по среден курс да го сметаат. Проблемот е веројатно во големите провизии што ги земаат банките како услуга што ја даваат на клиентот. Затоа вадење пари само во Грција или Косово, знам има еден банкомат во Косово што е одма после граница.
 
На кој банкомат можеш да одбереш кој да ти ја прави конверзијата? Каде е таа опција?

Во Комерцијална. Уствари не ми ни понуди опција за конверзија на банкомат, директно ги повлече од Пајонир пред месец дена по некои 57.8 денари што во моментот тој беше среден курс.

Мислам дека и во НЛБ исто конверзијата ја прави на Пајонир, ама максималниот лимит по трансакција е помал од Комерцијална, а вакви преварантски конверзии на банкомат да не има на Халк не сум баш најсигурен зошто немам таму пробано.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom