Паузирање во врска

Пер, пауза...па не играме плејстејшн, па чек до веце да идам :toe:
 
Stoznam,ako eden od partnerite ne e siguren vo svoite cuvstva ili e zbunet togas zosto da ne?Mozebi pauzata,razdalecenosta bi mu pomognala da svati sto vsusnost mu treba,mu fali,saka...:toe: Sepak nekako detski mi zvuci
 
maliot ze напиша:
Pauza ti e brat koga sakas da go izvaras partnerot i nisto drugo
Пауза ти е брат, период во кој ги преиспитуваш емоциите и опциите, а технички си сеуште во врска така да, не верувам дека некој ќе остане во врска ако партнерот го вара!:nenene:
 
Почеток на крајот...ретко на кои врски паузата им помогнала да се зацврсти и се да тече како што треба...а причини може да има милијарда...во секој случај, ако САКАШ ке се жртвуваш и ке се обидеш ете и со тој чекор за после да ви биде убаво...
 
да, имав една таква врска каде решивме да бидиме малце на пауза, да си ги средиме мислите и чувствата и ни помогна и на двајцата да сфатиме некои работи зато ако некој не е сигурен во то шо го мислит и чувствуват поубо е да паузират некое време за да видит до кај е, шо е..... а шо ќе бидит после то зависит од заклучокот шо сме го донесле, ако сфатиме дека стварно го сакаме тој или таа тогаш мислам дека чувствата ќе бидат посилни и обратно
bk.gif
 
За да сакаш некого треба да го знаеш и се` повеќе да бидеш со него за да го научиш баш точно каков е. Кога ќе се случи тоа (ако воопшто се), треба заедничко трудење околу врската и секојдневно негување на истата. Кај ја гледате тука паузата како позитивен чекор? И зошто воопшто ако сакаме некого да побараме пауза?
Ако ни се шета со друштво - можеме и така, ако сакаме малку да сме сами во некој си лош период - можеме ден или два да се затвориме дома и да се извиниме на партнерот за тоа, но ако сакаме да видиме дали некој друг ќе ни се пушти ако сме излезени сами, ако има нешто што ни смета кај партнерот, па сакаме да не го гледаме тоа некое време, е тогаш бараме пауза да, што е поблаг начин на моментално раскинување или подолго измачување во кое имаш сега сме заедно, е сега не сме, сега сме, е сега пак не сме, додека некоја страна крајно не пукне.
И друго ... како тоа еден нормален човек кој нормално малку или малку повеќе носи љубомора во себе, ќе ја продолжи утре истата врска со уште повеќе љубов? Да не ќе ми каже некој дека нема после паузата дополнителни расправии за тоа кој што правел во слободното време? Ма ајде, не зборувајте глупости ...:salut:
 
MAR MAR напиша:
..... а шо ќе бидит после то зависит од заклучокот шо сме го донесле, ако сфатиме дека стварно го сакаме тој или таа тогаш мислам дека чувствата ќе бидат посилни и обратно
bk.gif
Е токму тоа е прашање, што ќе биде после паузата. Еве претпоставка за тоа време ти си сфатила дека го сакаш (ти недостасува и сл.), а тој сфатил дека тебе не. Ќе речеш дека ништо, продолжуваш понатаму, ќе се помириш. Тоа си можел да го направиш и без пауза.
Муабетот ми е дека паузата најчесто означува крај. Ако некој побара пауза од партнерот, тогаш дефинитивно нешто не е во ред со чувствата, само што изговор е тоа „да дознам што ми се случува“. Ако има проблем во врската, тој се решава во врска, а не надвор од нејзе.
 
Скулгрл напиша:
Што е всуштност паузата?

Начин да ми каже дека сум му станала досадна,но сепак ме сака?Дека сака малку да проживее лудо и да проба други девојки,и покрај фактот што сака да остане во врска?

Врска си е врска.Или си,или не си.Трето нема,а паузата сигурно не е опција.

Поубо објаснување од ова нема .... Навистина е така , а ова важи и за машките кога женските ќе побараат пауза ... Зошто бараат пауза за да видат како е со друг или незнам шо ... Глупости , никогаш нема да прифатам пауза во врска !
 
Ми се случи и мене една таква пауза која остана засекогаш т.е. раскинавме. Глупо е тоа, навистина глупо. Кога некој бара пауза тоа е затоа што си му досадила, не те сака повеќе, му се допаѓа друга па си вели ќе пробам со неа ако не биде ќе останам со тебе, абе тоа се секакви глупости едноствано лесен нацин да се стави крај на се.

Добро како што кажа бибика може да се случи паузата да донесе свежина и просперитет во врската и односите меѓу партнерите да се зајакнат, ама во најголеми случаи не е така.
 
Ако сака да биде со мене, нема да му биде потребно да паузира од врската. Ако не сака, нека ми раскине и готово. As simple as that.

Пауза не прифаќам.

Ако мисли дека може да ми побара пауза, за во меѓувреме да може да се измува со други, да смени воздух малце, па после кога ќе му здосади и тоа, пак да ми се врати, се зезнал. :) Не сум му на лагер. :)

Кога ќе дојде работата до пауза... Подобро е да се раскине.
 
*Zbrkic* напиша:
Добро како што кажа бибика може да се случи паузата да донесе свежина и просперитет во врската и односите меѓу партнерите да се зајакнат, ама во најголеми случаи не е така.

Не знам на каква пауза мислиш, ама сигурно не на пауза чија причина се емоциите, или??? :raz:
Паузите может да бидат и објективни предизвикани од одредени животни ситуации и околности...тие можат ( ама можат, не сигурно ) да ја освежат и зацврстат врската....ама емотивните барања, потреби или ултиматуми за паузирање.....можеби само 1% ништо повеќе :toe:
 
а зошто под пауза се подразбира пробување други или преиспитување чувства? пауза може да значи и моментално сум малку презаситена од искачања со тебе и пак со тебе, сега ќе си излегувам со други луѓе (безникакви пробувања) па после кога ќе се заситам од нив, со нив ќе направам пауза ќе си се дружам пак со тебе. што не значи не се глеаме воопшто или не се слушаме. тоа ми е нормална пауза, а тоа пробај со друг па види што сакаш...не знам што е тоа
нормално е кога сме цело време со одредена личност, без разлика дали е дечко девојка другар другарка да си здосадиме малкуцка. или барем мене ми е така ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom