Патување во времето...

А зошто сите ја земаат брзина на светлоста за основна брзина со која би можеле да патуваме низ времето (кое јас лично мислам дека е невозможно)? Тоа што ние ја знаеме и ја мериме не ни дава за право да тврдиме дека е најбрзото нешто што постои во универзумот, само затоа што сеуште не сме откриле нешто побрзо. Ако се сеќавате, порано мислеле дека земјата е плоча и ја држат 3 кита, а потоа паметни луѓе со отворен ум докажале дека не е.
 
1. Човекот и ниту едно друго тело неможе да патува со брзина ниту приближна до брзината на светлината.
2. 1> Еnd of Discussion
 
Е па изгледа дека таа теорија е многу погрешна. :)
Имено, како последица на гравитацијата и времето и просторот се менуваат.

1. Тоа ти што го кажа за Ајнштајн нема врска со патување низ времето. Тоа е само побрзо и побавно патување низ него, како што погоре пишав, гравитацијата влијае врз времето и просторот, а се знае и е докажано дека при поголеми брзини се зголемува масата на телото. Со брзина блиска на таа на светлината телото полека се приближува до бесконечна маса (бесконечна е невозможно да достигни), а со тоа и времето забавува за телото во однос на се околу него.

2. Примерот со огледалото погрешно го објасни.
Ако некој човек патува со брзина на светлината (замислено) и ако пред него е поставено огледало, тогаш тој човек не може да се види во огледалото затоа светлината што се одбива од него, не може да стигне до огледалото.

3. Ајнштајн не докажал ништо од тоа. Се е теорија.

4. Последниот пасус ти е точен, делумно. Тука се зборувам за патување низ времето на други начини, т.е. начини кои овозможуваат да се вратиш во минатото или да патуваш во иднината, што засега не постојат некои цврсти теории...

Секогаш не е онака како што мислиме или како што сегашната наука дикажала. теоријата е интересна и вреди да се размисли за неа нели? Она во што се смневаме не движи напред, многу докажани вистини со текот на времето се менувале. јас лично секогаш оставам простор за размислување.
 
Добро е секогаш да има простор за размислување, впрочем многубројните теории го овозможуваат тоа. Но, како што погоре објасни, дека времето е константно, а просторот се менува, делува малку невозможно, затоа што времето и просторот се меѓусебно поврзани. Барем според тоа што досега го знаеме. :wink:
 
Хокинг, низ времето

Откако порача дека речиси е сигурно оти постојат вонземјани, Стивен Хокинг тврди дека луѓето можат да патуваат во иднината и за 80 години да стигнат до крајните граници на универзумот.

Во новата серија на каналот Дискавери: "Универзумот на Стивен Хокинг," астрофизичарот објаснува дека доколку човекот изгради вселенски брод кој што ќе се движи со 98 проценти од брзината на светлината, еден ден на екипажот ќе биде еднаков на една година мината на Земјата.

Според теоријата, доколку за време на нивниот лет човековиот род изумре, кога ќе се вратат на Земјата тие ќе можат од ново да ја населат планетата.

Признавајќи оти со годините е сè помалку претпазлив кога се во прашање изјавите и дека повеќе не се плаши да биде етикетиран како "откачен," Хокинг е свесен оти дискусијата за патување низ времето е еден вид на "научен ерес."

Поранешниот професор од Кембриџ ја отфрла можноста за патување во минатото, бидејќи идејата се коси со суштинското правило за редоследот на причините и последиците. Хокинг предупредува на можноста луѓето да почнат се враќаат во минатото за да се убијат, со што ќе го оневозможат своето постоење.

Професорот од Универзитетот на Манчестер, Брајан Кокс, ја подржал теоријата на Хокинг но се сомнева дека во блиска иднина човекот ќе може да изгради толку софистициран вселенски брод.

"Кога ги забрзуваме честичките во Големиот хадронски забрзувач во Женева до 99,9% од брзината на светлината, нивното време минува 7.000 пати побрзо од нашето. Ако изградиме доволно брз вселенски брод, додека истиот патува до некоја ѕвезда, за време на еден животен век на екипажот на Земјата ќе поминат околу 2,5 милиони години," изјавил Кокс.

он.нет
 
хммм..занимливо, но тоа значи дека патувањето во иднината значи всушност на некој начин хибернирање, забавување на времето на патувачите , за да се вратат...евентуално на планетата во некое за нив идно време...па дури и таму каде патуваат тие ке стигнат во (релативно) некое идно време и за таа дестинација???
.........од друга страна, ако претпоставиме дека во природата на некој за нас за сега непознат начин се меморираат мозочоните активности ( а тие се електрични величини)на секоја свест и некогаш се најде начин тие да се прочитаат, тоа ќе значи враќање во било кое време .....низ свеста и сеќавањето на современиците.
А техниката да се визуелизираат таквите информации на ниво на тродимензионална виртуелна стварност е практички уште утре можна :)
 
Не знам дали теоретски е можно физичко патување во времето, ама е можно да се види минатото. Постојат доста добри теории за ова.
 
1. Човекот и ниту едно друго тело неможе да патува со брзина ниту приближна до брзината на светлината.
2. 1> Еnd of Discussion
Eлектронот може.

Не знам дали теоретски е можно физичко патување во времето, ама е можно да се види минатото. Постојат доста добри теории за ова.
Би сакал да чујам некоја.
 
Би сакал да чујам некоја.

Еве една:

Се конструира вселенски брод побрз од светлината и на тој брод се инсталира огромен телескоп (или некоја напредна машина за детектирање светлина), бродот заминува онолку светлосни години далеку од Земјата колку што сака да види во минатото, го насочува телескопот и гледа што се случило во минатото.

Нешто како што ние денес гледаме кон ѕвездите, а знаеме дека светлината од нив патува со години...
 
Добро е ова само што со ова не патуваш буквално назад во времето.Тие луѓе на земјата живеат во исто време како и ти само ти ја гледаш светлината која се рефлектирала во минатото.
 
Добро е ова само што со ова не патуваш буквално назад во времето.Тие луѓе на земјата живеат во исто време како и ти само ти ја гледаш светлината која се рефлектирала во минатото.

Па да, тоа и јас сакав да ти кажам. Дека можеш да гледаш што се случило во минатото, но не и да бидеш таму. Засега. :wink:
 
time-travel.jpg

Мислам дека може да се патува во иднината,ако се измисли летало со брзина на светлината и на пр еден ден во тоа летало на земјата ке трае 1 година.

Hawking says it would be possible if you could build a gigantic spacecraft, "a truly enormous machine," carrying a huge amount of fuel, enough to accelerate it for six years at full power. That would bring it to a velocity almost as fast as the speed of light. "At this speed, a single day on board is a whole year of Earth time. Our ship would be truly flying into the future. The slowing of time has another benefit. It means we could, in theory, travel extraordinary distances within one lifetime. A trip to the edge of the galaxy would take just 80 years."
 
Еве една:

Се конструира вселенски брод побрз од светлината и на тој брод се инсталира огромен телескоп (или некоја напредна машина за детектирање светлина), бродот заминува онолку светлосни години далеку од Земјата колку што сака да види во минатото, го насочува телескопот и гледа што се случило во минатото.

:pos2: А зошто толкави трошоци за САМО да видиш што се случило во минатото... Јас ќе ти кажам многу попрост и поевтин начин... Едноставно гледај hystory chanel и ќе видиш што се се случувало во минатото...:vozbud:

Тука се разговара дали е можно да се патува, било во минатото , било во иднината...
 
Хаха, Хистори чанел и се е решено а? :tapp: А ќе ми кажи Хистори чанел како изгледала битката кај Гавгамела 300+ години п.н.е.?

Секој историјата си ја толкува како сака, и сега за да дознаеш нешто од минатото, ама само вистината, што мислиш како ќе ја дознаеш поинаку освен ако не гледаш во минатото или не си таму?

А трошоци...хехехе, луѓето за истражување љупопитност и знаење трошат се...
Впрочем така и настанал човекот, така еволуриал...желбата за знаење..
 
Историјата може да ја напише секој како што сака и потоа да направи некој учебник кој ќе се учи по училиштата. Се доека не појдиме и не видиме што точно се случувало, јас не и верувам мн мн на исотријата.. Сега нормално има докази и до некаде тоа е точно... А за Патувањево низ времето, мислам дека е возможно. Нели според теоријата на релативитет со зголемување на брзината на движење низ просторот се забавува текот на времето...т.е. тоа не се забавува туку ние се движиме низ него. ГЛедав на ѕоутубе имаат направено и такви експерименти Со временска Дилација на youtube. АКо е навистина така каако во теоријата на релативитет, каде времето е 4та димензија, доколку направи човекот некоја машина која би патувала со брзина блиску до брзината на светлината, тогаш би се враќале со таа машина назад низ времето... Ја прашував професорката баш за ова и таа ми рече дека ако се движи тело со брзина на светлината тогаш тоа ќе се движи напред низ времето односно во иднината.. Е сега дали ја сум грешка или таа незнам, бидејќи на интернет го пишува спротивното од тоа таа што го кажа, и ако ја земиме равенката за брзина каде брзината е обратно пропорционална со времето тогаш, би требало времето да се враќа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom