statusQuO
Модератор
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 13.038
- Поени од реакции
- 7.616

Епа драги мои хек-енд-слешери/данџн-кролерии фанови на Titan Quest/Torchlight и најбитно Diablo 1/2 (но не и 3), влзете избањајте се, стајте парфем, избричете се, стокмете се скроз и најадете се, пошто Path of exile ќе ви ја земе младоста времето и слободата, па коа ќе си починете пред компјутер да сте средени.
Path of exile (понатака рефериран ко пое/poe) е онлајн hack-and-slash, button smasher, dungeon crawler од GGG (grinding gear games). Моментално се насловува како вистинскиот потомок на диабло 2, бидејки е тој стил на игра со тој стил на графика и шмек, само да не речам сто пати подобра + онлајн + бесплатна.
Играта е моментално во open beta ама прилично е стокмена (и сменета воедно така да ако гледате гејмплеј видеа, барајте не постари од еден месец).
ПоЕ е технички сингл плеер, само онлајн. Фората со онлајн е тоа што можат да се трејдаат опреми, да се формуваат тимови, да се линкаат ајтеми на форум итн итн итн.
Има 3 нивоа на тежини, за да ја “свртите“ треба да ги поминете 3те акта на секоја тежина, а после тоа не сте пак готови. Капацитетот на левелите е непостоечки, “можете“ да фатите кој левел сакате.
Сите мапи освен главните градови, се рандом генерирани, што значи тоа, значи дека секој пат коа ќе влезете во мапа се генерира само за вас. Клучните точки се пак на исто место ама криповите, лендскејпот, босовите итн итн се на различни места. Ако не сте присутни во одредена мапа повеќе од 15 минути, мапата “се брише“ и при повторно влегување, се генерира нова.
Има претерано многу ајтеми и сите нивни статсови се рандомизирани. Ајтемите се делат на 4 квалитета, normal, magic, rare и unique. Сите освен unique ајтемите имаат рандом статсови/сокети/бои на сокети освен unique ајтемите кои се фиксни и се во помал број (околу 150 моментално).
Има премногу спелови, и интересното е тоа што спеловите не се зимаат на дифолт начинот ,фатив левел, изучив магија, јупи јупи јеј, туку ајтемите имаат сокети, спеловите се во форма на гемови, со обичен take-put метод ги ставате гемовите во сокетите и оп - имате спел. Ако не го сакате тој спел повеќе, десен клик и го оставате во инвентори. Дефинитивно различен концепт од било кои игри до сега.
Пасивното дрво...oh lord. Ако мислевте дека не можете да се одлучите меѓу 2 избора за магија, ќе ве стрефи срцев удар после ова. Пасивното дрво е ОГРОМНО. Тоа некој може да го гледа ко негативно (бидеки многу мислење ќе треба) и има право бидејки на прв поглед изгледа лошо, но после неколку апдејти, ептен е стокмено и со малце “напор“ ќе се снајдете. (нормално игрите не треба да се напорни туку забавни, но фората на играта е “паметен гејминг“ т.е. ако си смислиш убава тактика за билдање на карактерот, тогаш ќе прогресуваш, иначе не те бива ако шљакаш рандом пасивни поени насекаде)
Нема голд. Да. Не, нема ни силвер, нема ни бронза, нема ни пари, нема таква форма на валута. “Парите“ се всушнсост орбови кои користат, се корисни, имаат свои корисни својства и се трошат при користење, ете ви друг начин да ги “потрошите своите пари“ (ба-дум-тсс). И да. Реков ОРБОВИ, множина, има преку 20 различни орбови и сите си имаат различни намени и различна вредност. Продавничките NPCа трејдаат всушност орбови или фрагменти од орбови за вашите ајтеми.
Вендор рецепти - не, не се тоа рецепти ко на вов стил, рецепта за крафтање или шо и да е, туку да речеме имате цел rare сет, ако ги продадете ајтемите посебно секој ќе добиете неколку orb of augmentation. Но ако продадете цел сет ајтеми од еднаш - добивате Chaos orb (далеку повреден во PоЕ светот него orb of augmentation. Или пример, ајтем со 3 сокети и 3 линкови меѓу нив (ќе објаснам подолу) и сите 3 различна боја да се (rgb), без разлика на квалитетот на ајтемот добивате Chromatic orb, Кој исто така е по вреден него orb of augmentation. (вредност на гемовите ја прави ингејм пазарот, не е фиксна).
Сокети - малце подбробно да го објасниме овој дел (не премногу детално сепак, многу е сложена играва за да ја објаснувам во воведен пост). Како што кажав, сокетите се места кај што се ставаат гемовите (спел гемови) и има 3 типа сокети т.е. 3 бои, плав, црвен и зелен. Во зависност од големината која ја зафаќа ајтемот (пример сворд зафаќа 3 инв. места, стрела зафаќа 6) толку макс. број на сокети може да има еден ајтем. Сокетите може да се самостојни или линкнати. Линкнатите сокети делат предности со други помошни гемови внесени во нив.
Гемови (спелови) - спеловите се делат на 3 бои, црвени/зелени/плави. Црвените бараат strength за да ги користите, зелените - декс, и плавите инт. (Можат да бараат и спореден стат во однос на природата на гемот). Има обични спел гемови и помошни гемови. Помошните гемови, кога ќе се стават во линк со спел гем му додаваат одредени ефекти на спелот. Пример ако се стави помошниот гем Life leach на спелот Cleave во линк, секој пат кога ќе го користите спелот Cleave ќе си лечите здравје од life leach помошниот гем. Комбинациите се endless.
Класи - приметувате како класите не се првото нешто што го спомнувам. Ова е бидејки класите не се толку битни колку што се во другите игри. Разликата меѓу класите, освен изгледот, е каде почнувате во пасивното дрво. Нормално, класата Вештерка ќе има повеќе инт базирани пасивни јазли во почетокот на пасивното дрво, но ништо не ве спречува да тргнете накај почетната станица на Рејнџерот, Дуелистот, Мараудерот или било кој, и да земате ТИЕ нодови. As ive said once before, можностите се endless.
Мапи- чим ја свртите играта (3 тежини пати по 3 акта) играта не е завршена. Со тепање монстери во дифолт мапите од поголемите левели, имате шанса да ви паднат “мапи“. Да мапи како територии, тие мапи се користат да се оди на НОВИ рандом генерирани мапи, каде има подобар дроп рејт, но и поголема тежина. Секоја пама може да има магични својства кои менуваат ствари околу мапата. Пример мапа може да има забрана за life leach, мапа може да има криповите да имаат повеќе хелт итн итн.
Мало сума сумарум, ова е само ПОЧЕТОКОТ/ПОВРШИНАТА на слатката сложеност на ПоЕ. За сите оние кои сакаат креирање оптимални билдови со преголема слобода, одличен заразен гејмплеј и можност за трејдање, креирање групи и чистење крипови низ мапи со друштво, сите оние што ја почитуваа сложеноста на диабло 2 и не ви се плаќа/не ви се сфиѓа диабло 3, ова е играта за вас.
edit: заборавив да објаснам за Leagues и други работи, многу е огромна играва а сеуште е во open beta
линк http://www.pathofexile.com/