Патам од комплекси

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Значи ова е темата кај што ќе си ја отвараме душата. Чек да легнам и да замислам дека сум кај психолог :Р
Ова за родителите. Да истото и кај мене. Моите се неспособни за пофалба, само за критика. О и не само тоа. Тие се неспособни за многу нешта. На пример, за убав збор, за пријатен разговор.... Моите исто така не се многу... како се вика на македонски... affectionate.
Затоа и не ги сакам. Ми се чини дека ние сме странци во крвно сродство.

И како се одразило ова на мене?
- Не барам approval од нив веќе, не ни го очекувам, не се замарам со нивното мислење. Па искрено.... не барам approval од никого, ми се чини.
- Поради нивната несопобност да изразат емоции и јас се чувствувам малку... хендикепиран, да речеме, во тој департман.

НО, работам на случајот и мислам дека ќе ме биде.
 
Уууу, јас мислам дека давам ново значење на зборот комплекс. Имам комплекси за работи за кои е речиси невозможно да се има комплекс.
Имам комплекс дека сум грда, дебела (значи зборењето за мојот стомак и прашањата од типот: Кој месец си? кажани и на шала, само го продлабочуваат мојот комплекс и не, не помага кога ќе ми го фатат стомакот и ќе ми кажат дека бил сладок и како желе!), имам комплекс дека сум премногу сериозна за мои години и не знам да се шалам ко нормален човек, туку барам смисла и во обичен виц, па знам да забегам и да го разглабам, што најчесто ги нервира луѓето околу мене. Благодарејќи на еден поранешен дечко имам комплекс на подбрадокот што го имам, што го надополнува комплексот дека сум дебела.Имам комплекс дека имам грда насмевка, па на слики ретко се смеам. Имам комплекс дека сум страшно трапава и дека за ништо не ме бива и дека не сум воопшто женствена и елегантна. Имам комплекс дека не ме бива за врски и дека едноставно не ми е судено да имам врска, каде што нема да ја заебам работата од вакви или онакви работи. Имам комплекс дека не сум доволно добра за факултетот што го учам и дека сите се подобри и попаметни од мене. Имам комплекс дека сум изгубена во простор и немам појма од животот. Имам некогаш комплекс кој повремено се јавува само дека не знам да живеам. Имам комплекс дека не знам да се снајдам во ова средина и дека не знам да комуницрам со луѓе. Имам комплекси дека изгледам смешно од страна кога објаснувам нешто, па затоа и често се повлекувам од зборење. Имам комплекси дека кога играм на музика изгледам како идиот, ама тоа не ме спречува и понатаму да си ја трескам главата на омилените песни. И така тука ќе застанам, пошто не ми бега уште 5 саати пишување тука

Жива среќа што не сум човек што лечи комплекси на други, туку тие ми се нешто што прави да се затворам и да се стегам многу и ме уназадуваат многу, ама од друга страна и продолжувам да живеам, некогаш знам да ги поттиснам, па пола од тоа што го набројав горе не се приметува.
 
Не ми е јасно зошто луѓето бегаат од самата тема. Најголема предност е да се соочиш со проблемот.

Еве уште еден мој комплекс изгледот. порано бев многу дебел и изгледав никако. Сега се средив спастрив и не сум Бред Пит но во споредба со тоа што бев сум ѕвер. (имам слики на профил може да видите што значи extereme makeover), но сепак колку и да сум сменет пак сум некако премногу несигурен во себе, како колку и добро да изгледам никогаш да не е доволно.
 
Епа, твојот најголем проблем е тоа што самиот не се цениш и мислиш дали изгледаш добро за другите. Не треба така, треба како најпрво самиот да се гледаш убав ( ако тоа ти е толку важно ) за после другите да те гледаат исто. И јас сум сега поправен ( малце качив килажа али не до толку многу ) па не се замарам како изгледам и дали на некој му се допаѓа мојот изглед. Тој што ме сакал кога сум бил слаб ќе ме сака и да сум 300 кила. Единствената убавина на човекот не е само надворешната. За некои луѓе внатрешната убавина е поважна. :toe::smir:
 
Јас бев ќутлив порано со дамите.. ни еден збор.. едвај шо се вели со клешта да ми ги вадат.. после наеднаш се опуштив према сите и набив лош комплекс пошто сум полничок и имам „спојлерчиња“ :) наместо да имав мислење дека не треба да се срамам од тој шо сум јас напротив секриев од светот, ретко излегвав, никогаш се немав облечено „кремски“, а то и ми беше само една причина, можеби и главна за да се носам како рапер.. и стално бегав од луѓе.. а каков би бил ако продолжев.. нешто шо ми го смени животот беше разговор со едно повозрасно другарче и „Странецот“ од Албер Ками.. иам уше некој комплекс али не сум баш сигурен во нив.. и дали се препознават во очите на другите..
 
Нешто што највеќе мразам кај мене се забите. :toe: Не се Бог знае колку грди ама се малку криви и тоа ме вади од такт.Скоро секогаш кога се смеам ја ставам раката на уста,баш поради тој комплекс.
Потоа носот...Малку ми е испакнат скоро незабележливо ама ете ме фаќа нервоза кога ќе се загледам и ќе го забележам.
Големото чело :tapp:
Уште од мала сестра ми ме зезаше дека имам големо чело како писта за муви и од тоа време наваму си патам и од тој комплекс.Често носам шишки поради ова :kesa:
 
Види, коа стааш рака за да сокриеш насмевка, со тоа укажуваш дека нешто не е во ред, буквално ко да им викаш на луѓето, еј види иам криви заби, не ја криј насмевката, помалку се приметува така.
За носот, глеј во веѓите кога стоиш пред огледало, и немаш гајле.

За челото, фризурата е доволна, не се секирај, добра фризура и нема никој да примети.
 
abe aman pa vie.. nikoj ne e sovrshen.. ako ima takov neka pomini kaj mene kafe kje mu napram.. site sme natural.. :D

Факт е дека не сме совршени, ама треба да го извадиме максимумот, а не да се криеме поради комплекси.
И јас сум живо суштество, и ја иам несовршености, пивски стомак, спојлери од страна, увек лоша фризура, па што, не се замарам, што добивам ако се нервирам ради тоа шо носов ми бега малку на десно, ништо, кој ќе примети, никој зошо не е толку бедно и упадливо,

Не вреди да се губи време на комплекси, ете те читав и тебе, срам ти било да облечеш нешто потесно заради спојлерите, ќе ти кажам одма решение.
Сакаш тесно, носи црно. Ем нема да се познаваат спојлерите, ем ќе си облечеш тесно/кремско како и да го нарекуваш.
Кога ќе најдеш решение нема да се замараш, коа нема да се замараш поубоо ке ти биде.
 
Види, коа стааш рака за да сокриеш насмевка, со тоа укажуваш дека нешто не е во ред, буквално ко да им викаш на луѓето, еј види иам криви заби, не ја криј насмевката, помалку се приметува така.
За носот, глеј во веѓите кога стоиш пред огледало, и немаш гајле.

За челото, фризурата е доволна, не се секирај, добра фризура и нема никој да примети.
Знам дека е така како што викаш.Ама комплекс си е.Си го прави своето :toe:
 
Знам дека е така како што викаш.Ама комплекс си е.Си го прави своето :toe:

Не е точно, ти си го правиш тоа, комплексот е само мислење што сама си го утивила во глава заради непотребни работи.
Такада, гледај што помалку да се умараш со глупости, живеј си го животот со полна пареа, не со комплекси. :)
 
Факт е дека не сме совршени, ама треба да го извадиме максимумот, а не да се криеме поради комплекси.
И јас сум живо суштество, и ја иам несовршености, пивски стомак, спојлери од страна, увек лоша фризура, па што, не се замарам, што добивам ако се нервирам ради тоа шо носов ми бега малку на десно, ништо, кој ќе примети, никој зошо не е толку бедно и упадливо,

Не вреди да се губи време на комплекси, ете те читав и тебе, срам ти било да облечеш нешто потесно заради спојлерите, ќе ти кажам одма решение.
Сакаш тесно, носи црно. Ем нема да се познаваат спојлерите, ем ќе си облечеш тесно/кремско како и да го нарекуваш.
Кога ќе најдеш решение нема да се замараш, коа нема да се замараш поубоо ке ти биде.

сега е веќе друго.. сеа многу посменет сум, не сум ни дел од то шо бев претходно.. баш и то решението одамна го применувам, чув многу работи од други мислења и сватив дека не треба да сум меланхолик.. сваашш// и период ми требаше за да се променам..
 
Увек е така, проблемот е додека да сфатиш, после е лесно. :)
 
Епа, твојот најголем проблем е тоа што самиот не се цениш и мислиш дали изгледаш добро за другите. Не треба така, треба како најпрво самиот да се гледаш убав ( ако тоа ти е толку важно ) за после другите да те гледаат исто. И јас сум сега поправен ( малце качив килажа али не до толку многу ) па не се замарам како изгледам и дали на некој му се допаѓа мојот изглед. Тој што ме сакал кога сум бил слаб ќе ме сака и да сум 300 кила. Единствената убавина на човекот не е само надворешната. За некои луѓе внатрешната убавина е поважна. :toe::smir:

Друже кај мене ситуацијата е обратна бев дебел сега ослабев (види ми го вториот албум) и да би било убаво кога би била важна внатрешната убавина, ама за жал светот ти е површен и гледам како реагираат луѓето на мене тогаш и денес.
 
Прво дефинирај комплекс, да знам што точно е тоа за што правиме муабет.
А после ќе ти кажам дали имам или не.

Ако сакаш темава да има било каква смисла дефинирај што точно е предмет на разговорот. Ако не, врз база на општата (не)култура на рајава, разговорот ќе биде сиромашен и на едно пониско ниво.
Еве бар од Википедија снајди се.
In psychology a complex is a group of mental factors that are unconsciously associated by the individual with a particular subject or connected by a recognizable theme and influence the individual's attitude and behavior.
Или почекај ја Магде или некој што се разбира од психолгија се произнесе :D:D
Гледај сеа шо праиш. Многу ме нервира коа некој ќе напише на форум “дефинирај нешто“. Ти, ем знаеш шо е комплекс, и знаеш дефиниција, ем бараш тоа да ти биде нацртано на темата. Ако не знаеш што е комплекс како збор, не учествувај на темата или истражи (што веќе си направил) ама која е поентата да потрошиш пост џабе со тоа што ќе речеш дефинирај?! :toe:

Ако сакаш и сам да придонесеш, како што кажа (дека дискусијата нема да тече во вистински правец) насочи ја. Авторот ако има низок коефициент на интелигенција (на што не алудирам во случајов) или едноставно не се снаоѓа во интернет и форумската комуникација, а отвара тема која може да биде база за добар муабет, ние треба да чекаме тој да ја поведе во вистински правец?

Сеедно, друже извини шо те нападнав вака, ама имам комплекс кога луѓето размислуваат нелогично според мојот начин на размислување. Мислам дека сум увек у право. Беља е шо... стварно увек сум у право. :helou:
 
Сите ние особено кога сме биле помали сме имале по некој комплекс.
Најголема причина за тоа е што си немаме некои поголеми проблеми,па се замараме за глупости-грд сум,дебел сум,срамежлив,косата ми е грда, итн...
Но колку повеќе старееме толку имаме побитни проблеми па овие "проблемчиња" многу полесно ги поминуваме.
Јас кога бев во пубертет имав комплекс дека сум дебела,како и многу девојчиња во тој период.:tapp:Сега немам таков комплекс,оти тоа дека сум дебела било само во мојата глава,а всушност никогаш и не сум била.:nenene:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom