Ако е бела чурава, пие ти антифриз. Лошо.. дихтунг на главата у најмала рака..
Ако е сиво-синкаста чурава... Лошо... пие ти ујлето... и турбото ќе си оде (ама пред да си оде ќе вие како сирена на болничка кола, ќе издава ного чудни звуци и ќе има ного ного ного чурави зад тебе)
Ако е црна.. Еми не е толко лошо... Црната чурава е знак за лошо согорување на нафтата... .Ако лошо согорува нафтата, значи соодносо на смесата нафта-воздух не е 13-14:1 а поразличен..
Има неколко причини за таа работа..
Прво, самите дизни можно е да не работат как шо требе, и требе чистејне, репарирајне, или па менејне... Требе си сервис за тааа работа...
Второ, МАФ Сензоро да ти се е запечел толко ного од неменејне филтер за воздух и да ти го побркува ЕКУ-то на колата со измерените количини воздух... Требе си дијагностига со вредности у движење за таа работа...
Трето, (ако има интеркулер.. а мислам оти има), испукани, скинани црева на турбо патиштата од турбината до усисната грана (вклучено и интеркулеро) ... Провери убаво да не флева паразитен воздух од некаде.. Најсимптоматично е оти коа гмечеш ного, турбината набива 1 до 1.3 атмосфери, ама воздухо ти бега некаде и останува пребогата смеса со нафта у клиповето... Ако има некаде пукнани црева, зимаш еден подебел и поширок изолир, лепеш убаво, и не гмечеш додека не се прибереш дома... И провери си цревата убаво.... не озгоре озгоре....
Исто у вожна, или дигнана хауба нека даде некој гас малце да видеш дали не свире од некаде како да испушта воздух....
А сите шо дрндат оти кола на 250к е за ремонт... Попрво железата, подвозјето, и сите други ѕрнгалашки ќе се расипат отколко моторо.....
Кола не се плаше од возејне, кола се плаше од лошо одржувајне....