Паштета

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.526
Поени од реакции
8.691
Возраст
35
Дали јадете паштета и каква ви е омилена, од која фирма?

Јас јадам кокошја или јетрена. Гледам тоа да биде Карнекс или Аргета. Не дека нешто битна ми е фирмава која да биде туку се навикнав на нивниот вкус и тие и ги купуваме дома.

Исто така и онаа од Аргета пикантната ми се допаѓа.
 
Мераклија си на мелени кокси, опашки, заби и уште од животни?

Кои опашки, заби во пилешка паштета? Иначе аргетата е најпреценета паштета, за тие пари 4 ќе купам ни малце различни од неа.
 
Кои опашки, заби во пилешка паштета? Иначе аргетата е најпреценета паштета, за тие пари 4 ќе купам ни малце различни од неа.

Буквално се ставаат за да добијат на маса, се - ништо не се фрла.
 
Од кога видов како ги прават паштетите и виршлите... тоа нешто да го ставам во уста никогаш повеќе! Не дека другите конзервирани работи се добри, али овие двете се дно дна!
 
Во последно време избегавам недрава храна, но за пилешката паштета со зеленчук на Мик Свети Николе не можам премногу лоши работи да кажам:D, а и за Аргетата исто. Другите освен по состав и по вкус се доста лоши. Имам пробано и Ловечка паштета од Стокомак, на почетокот ми се свиѓаше, затоа што имаше некој лут вкус, но не знам дали и го променија квалитетот или едноставно мене ми се смени вкусот и погледот кон паштетите, па и таа паштета се вброја меѓу оние кои не ми се свиѓаат.
 
Има една приказна како паштетата го добила своето име.
Имено, имало некој србин си го средувал прасенцето, ги одбрал најдобрите делови, бутче, ребренце, кременадли...ама многу фира му останало. Ушите, опашката, нозе, муцката на прасето...требало сето да се фрла па рекол:
- Па штета е све ово да се баци.
Така зел, све тоа го сомлел, додал троа џигерче за малку вкус и од зборчињата "Па - Штета" се добило и денешното име "паштета" на овој деликатес добро познат кај нас, посебно кај нашите млади мајки кои ги мрзи да готват или немаат време, нашите работници кои си носат леб и паштета на работа, потоа на нашите студенти и.т.н.
За важноста на паштетата во нашиот секојденевен пост-транзиционен живот предлагам споменик за паштетата, кој ќе го симболизира животот на нашиот обичен граѓанин последните 25-6 години, заедно со тегла ајвар :D.

Инаку онтопик: Кога треба нешто да се јаде набрзина јадам паштета, преферирам карнекс или евентуално аргета ама ја избегавам аргетата пошто е скапа а за ваква работа толку пари не се даваат. Порадо ќе јадам туна или сардина :D.
 
Домашна од сардина ми е најдобра.

- Конзерва сардина (исцедена)
- Маслиново масло
- Бибер
- Сирење/Урда
- Сол по потреба

Цело тоа во блендер или со вилушка убаво истискано, нема поубаво.
 
Домашна од сардина ми е најдобра.

- Конзерва сардина (исцедена)
- Маслиново масло
- Бибер
- Сирење/Урда
- Сол по потреба

Цело тоа во блендер или со вилушка убаво истискано, нема поубаво.
Јас би додал и малку путер и сецкан кромид.
 
Последно уредено:
Ја си тепам стандардно Карнекс и не ја мењам за ниту една друга паштета !
 
Чат пат знам да земам,кога бев италија на работа по лозјето нон стоп се јадеше или паштета или нарезак,сеа слабо али знам понекогаш да земам.,,,
Имаше ловачка една за 25 денари малку налутнуваше добра беше за тие пари/./
 
Ловечка паштета од Стокомак, на почетокот ми се свиѓаше, затоа што имаше некој лут вкус, но не знам дали и го променија квалитетот или едноставно мене ми се смени вкусот и погледот кон паштетите
Иста е, тебе ти се смени погледот кон паштети.
Тебе треба многу погледи да ти се сменат, си почнал од најнебитното.
Но, ајде, важно си почнал.
 
човек со здрав разум и респект за своето тело и дух никогаш нема да касне паштета!

јас салами, паштети, месни нарезаци, чајни и сл немам у уста ставено сигурно 2-3 години
 
Јас ги јадам паштетите на Пекабеско и оние што се викаат Ролник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom