IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
Што ако има бог, но тој бог е Тор, богот на античките нордијци, и на судниот ден тој те праша зошто веруваше во Исус Христос, а не во него? Што ќе му кажеш?Пак ти кажувам, не се работи за уверувања. Прочитај ја темата од почеток, барем првиот пост прочитај го. Никој не ти вика да веруваш во бог. Прашањето е како ќе се однесуваш знаејќи дека можеби постои.
Епа видиш не е баш така. Што ако има бог и дојде судниот ден... и што ќе речеш ти? Упс? Мy bad? Е не те вади тоа веќе е прекасно.
Што нема историска поткрепа? Дека Исус, Мохамед, Буда итн биле историски личности, дека милјони луѓе верувале во нив, многумина биле спремни да умрат за тоа верување, многумина и умреле? Нема историски документи за сите чуда што се случиле?
Идејата дека за intelligent design не би рекол дека „се коси со скоро се што ние знаеме за светот и универзумот околу нас“. И не само тоа, туку еве, ти кажи ми мене, има ли науката било каков доказ што ја побива таа теорија.
На крај, сакам да ти кажам, ова не е уште една тема верници наспроти атеисти. Ја кажав што верувам и не ја отворив темава да конвертирам атеисти во верници, верници во атеисти. Само да поттикнам размислување.
Мразам атеисти што не можат да ја одбранат својата позиција.
И што ако Исус и Мухамед постоеле? Тоа не значи дека сите приказни кои им се придаваат се точни. Исус бил господар и обединител на еврејскиот народ, а Мухамед бил војсководец, па што?
Нема ниушто околу нас што асоцира на интелигентен дизајн, не постои ништо ‘премногу комплицирано‘, за тоа да морало да биде креаирано од некого или нешто. Интелигентниот дизајн има 0 поткрепа во научниот свет.
А ако навистина има бог, јас ќе знам што да му кажам на судниот ден, не грижи се.