Партнерот е поважен од децата?

  • Креатор на темата Креатор на темата The Goddess
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.061
"Партнерот е поважен од децата. Тоа не значи дека треба да му се посвети повеќе време отколку на нив, туку да се има на ум дека партнерот е со вас додека смртта не ве раздели, а децата не се."

Вака вели Ричард Темплар во неговиот светски бестселер "100 правила на љубовта".
Интересна мисла која штотуку ја прочитав и ме натера на размислување.

Што мислите Вие?
Колку се сложувате/ не се сложувате со ваквото размислување?
Несомнено е дека треба да си поставиме приоритети во животот, но дали тие приоритети треба да се однесуваат на редоследноста во приоритетот врз партнерот и децата? Кој да го поставиме на прво место, партнерот или децата и дали воопшто треба да избираме помеѓу нив?

Темава намерно ја поставувам во Љубов и Секс наместо во Дом и Смејство, би ве замолила дискусијата да се одвива во таа насока.

Очекувам да ги споделите вашите размислувања
Повелете :)
 
Партнер ко партнер, денес го има утре го нема. Децата се дел од себеси, без разлика дали си машко или женско. Да не звучам себично али по мое мислење децата од овој Ричард дефинитивно од овој момент почнувам да ги жалам.
 
Уф колку мразам вакви ствари кои се зависни од мал милион други ствари. Типацов е контрадикторен. Вика едно што те тера да размислуваш на друго, и веднаш ги негира тоа што ќе го помислиш. Ако партнерот е поважен и тоа не значи дека треба помалце време да им се посвети на децата, тогаш што всушност значи тоа дека е поважен? Ако се дојде во ситуација да треба да бираш кого да спасиш, треба да го спасиш партнерот? Жими таквото.

Мојот став е добро познатиот - златна средина. Да се прави баланс за се.
 
Двострано сечило е тоа и не постои дефинитивен одговор.
Еве пример Bloody Jesus вели партнерот денес го има а утре не, и дека децата се дел од себеси.
Постојат многу примери каде едниот партнер го напушта другиот со се децата (случај 1 ќе го наречеме)
И постојат исто толку многу примери каде децата растат, почнуваат свој живот и горе-долу за родителите не име е (многу) гајле (ќе го наречеме случај 2).
Јас сметам дека бракот треба да се гледа како една целина во која еднаков учинок имаат и партнерот и децата. Ако едниот елемент "забегува", нешто не е во ред во семејството, пак како целина. Со кој ќе сме дур смртта не не раздели апсолутно не можеме да знаеме, затоа сметам дека е важно со сите да држиме супер односи.
 
Типов ова што го пишувал на што бил? Не може да базираш ама баш никаква студија по ова прашање, посветеноста и љубовта кон партнерот е една работа, а кон децата сосем друга. Но, во една работа децата предничат ако можам така да наречам. Децата ние ги носиме на светот, не доаѓаат по своја волја, така да одговорноста кон нивното добро е поголема. Јас самата би се повлекла и би ги анулирала своите потреби, ако во прашање се потребите на децата. Која будалетинка треба да бидеш, да создадеш живот и после да го фрлиш само да се снаоѓа, зашто со тебе немало да биде до крајот на животот? Посебично од ова амин. Создај го за да задоволиш емоционална потреба, па после отфрли го за да задоволиш друга.
 
Абе глупости.
Убаво си кажа Принцот треба да ги сакаш и децата и партнерот подеднакво.
Ова како да те прашуваат кое око ти е подраго левото или десното.
 
Абе глупости.
Убаво си кажа Принцот треба да ги сакаш и децата и партнерот подеднакво.
Ова како да те прашуваат кое око ти е подраго левото или десното.
Ако едното око ти е слепо а другото во ред и коа би те ставиле да избираш кое да ти го извадат, кое би избрал?

Да не трчаме со одговорите е пожелно, човекот штом го рекол тоа сигурно не е забеган до даска. Мислам се разбираме.
 
"Партнерот е поважен од децата. Тоа не значи дека треба да му се посвети повеќе време отколку на нив, туку да се има на ум дека партнерот е со вас додека смртта не ве раздели, а децата не се."
Екшли........не.Партнери колку сакаш можеш да смениш......децата тие ти се.
 
Децата ти се крв, партнерот не ти е. Љубовта кон децата со ништо не се споредува, партнерот се сака на друг начин, таа е минлива љубов. Детето било што да ти направи пак ќе го сакаш, за разлика од партнерот. Неспоредливо.
 
Ако едното око ти е слепо а другото во ред и коа би те ставиле да избираш кое да ти го извадат, кое би избрал?

Да не трчаме со одговорите е пожелно, човекот штом го рекол тоа сигурно не е забеган до даска. Мислам се разбираме.
Јас не реков дека е забеган и ја немам прочитано книгата за да дискутирам пошто Годесс накратко раскажа нешто јас по тоа се водам.
Ова што зборуваш за слепо око во врската во превод би значело нефункционален партнер ,а јас барем за мене сум сигурен дека ако не најдам достоен партнер воопшто нема и зошто да се женам т.е да имам деца.
Доколку се одлучам за некоја да ми биде животен партнер еве ќе се послужам со зборовите на Луси Лу и бубрег без размислување би дал ,а истото важи и за децата.:D
 
Мило ми е шо ја свати поенатата на мојот пост.
Така е али знаеш, има премногу случаеви како предбрачно „Пази маче, вирче“ а у брак „Пази мори краво, вир“
Ќе дадеш бубрег ама недај боже да наседнеш на лицемериа од 1ѕt степен.
(морав да идам малце офтопик, ѕорру)
 
Хахаа не верувам дека тоа ќе ми се случи да ме знаеш лично ќе ти биде појасно.
Болно сум претпазлив некогаш е дарба ,а некогаш клетва.
Ретко носам одлука пред да се преиспитам 10-20 пати, а ако е нешто важно бројов по пет пати помножен ;)
 
Да не ти се случи, пупупу. Коа ќе се случи, коа ќе наредиш две-три дечиња и коа ќе почне онаа искрена страна да се открива, тогаш верувај не гнило око туку малце гребнато со негребнато сјајно око би дал :icon_lol:
 
Хехее не бе има начини се да се провери ќе ја тестирам нема кај да бега :cool:
Освен ако не е некоја лично од ѓаволот пратена :sneaky:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom