Единствена идеологија на политичар на власт е како да остане на власт, а на политичар во опозиција е како да дојде на власт. Првата работа што еден политичар на власт ја помислува наутро е, што јас треба денес да кажам или да направам за да останам на власт?
Да имаш 20-25 години и да се пронаоѓаш во идеолошките флоскули на цинични идиоти е навистина тажно....
Јас се пронаоѓам во нешто друго, добро си запознаен со тоа.
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:44 PM ---
Да резимираме, твојата идеологија врска нема со идеологијата на ВМРО ДПМНЕ, освен во делот на патриотизмот.
QED.
Инаку, мислам дека е тажно човек на 20-25 години да биде член на партија...
Ете, тоа не било ниту тајна на форумов, не се однесувајте како да ја откривте Америка, секаде каде што сум зборувала потенцирам дека идеолошкиот дел кој се врзува за национализмот во мене, е причината што сум тука.
Мене тоа ме интересира и ништо повеќе или помалку.
А инаку, околу членувањето во партии, јас пак мислам дека сите треба активно да учествуваме во политиката. Чисто, колку сме повеќе, толку повеќе ќе не слушаат. Ако сме пасивни посматрачи, што сакаме?! Некој да се разбуди со грижа на совест оти таму во Недојдино некој само трактор имал?!
Не знам кој филм сте го гледале, ама мора да бил добар.
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:55 PM ---
Е па ако тврдиш дека идеолошки си наклонета кон одредена партија, значи треба да знаеш кои се идеолошките разлики заради кои си ја одбрала едната партија наместо другата.
Еве ти и едно тестче, чисто за себе направи си го, да видиш каде идеолошки припаѓаш.
http://www.politicalcompass.org/test
Инаку не те обвинувам јас, тоа си е тој избор, него муабетот дека ти си повеќе политички отколку идеолошки ориентирана.

Не велам дека е добро или лошо, тоа е избор.
Па, со оглед на тоа дека во Македонија нема вистински десничари и вистински левичари... секогаш си во средина. Малку работи имаш што можеш да ги мериш.
Го имам правено тестот, спаѓам во либерални, што го знаев и пред тоа.
Идеолошки разлики, мислам дека секој веќе ги знае - иако се практично невозможни кај нас. СДС , како и секоја социјалистичка партија во принцип, не се занимаваат со национализам. Самата нивна философија е невозможна рака под рака со национализам. Нив приоритетно им е лагодниот живот на граѓанинот. Мене не ми е приоритет да живеам лагодно. Туку никој да не ме гази, реков, што ми е најважно.
Не може да се очекува такво нешто од левичарска партија. Едноставно е. Иако тие го носат (теоретски) прогресот, мене не ми се допаѓа тој прогрес на сметка на постепено губење на националниот идентитет.
Од економски аспект, не ми се допаѓа ,,работи колку можеш, земи колку што ти треба,,. Работи колку можеш, и земи колку си заслужил. Ако не ти се работи, живеј под мост. Не можам, и не сакам, да бидам еднаква и иста. Иако според мене, дури и оваа Влада, премногу дозволи на непродуктивните кадри и граѓани, сепак, никогаш нема да стигнеме до тоа дереџе јас да работам, а некој да биде приближно со статусот како мене. Ми се допаѓа државата да нема ингеренции во производствата, да си биде тоа приватен сектор. Приватниот сектор, секогаш, е подобар, поквалитетен и поинвентивен.
Тоа се моите размислувања, добиени од часовите по граѓанско во средно. Тогаш всушност, одредив што сакам. Сеуште стојам зад тоа.
А инаку, кој како сака нека се чувствува од религиозен аспект. Македонецот може што сака да биде, се додека е Македонец, мене ми е важен. Кога религијата му ја менува нацијата, за мене е ништо, не постои и нема никакво достоинство. А имаме многу такви примери, за жал.