Од кога дојдоа на власт.
Туку Пума јас не те испрашувам ова не е факултет, дали ти знаеш или незнаеш идеологија на партија, замолив некој да ги прикаже двете идеологии во Македонија и да ги компарира за да видиме дали навистина се движат кон идеологија или се е небитно важна е само фотељата.
Значи, како тој ,,некој,, ме одбра мене

Јас не можам да не бидам пристрасна, и мислам дека е тоа јасно, а и искрено кажав дека не располагам со соодветни информации за идеологијата на левичарите во Македонија.
Сигурна сум дека има политиколози кои би можеле да направат добра компарација.
--- надополнето: Nov 4, 2011 7:07 PM ---
Тоа што ти го зборуваш е некој вид на државна идеологија. Нема врска со политичка идеологија. Јас зборував конкретно за идеологиите како што се конзерватизмот/социјалдемократијата/демохристијанството/социјализмот итн итн...
Во твојот случај доколку да речеме се сменат работите по однос на државните интереси, би сменила и партија така?
Зборувам за идеолошката матрица на партиите, односно нивниот систем на вредности по прашање на политика, економија и сл.
Зборуваме за тоа дали луѓето покрај тоа што се зачленуваат во партија заради интерес, во македонскиот случај најчесто заради работа, даваат значење и на идеолошка матрица и поделба на левица/десница/центар?
Јас зборувам за себе, Крејзи. Истакнав дека познавам и демохристијани, кои целосно се внесени во самата традиционалистичка идеологија на партијата, немаат отстапки надвор од тоа. Познавам и такви, и тоа МНОГУ, кои се таму за да добијат добра работа. Познавам и такви, кои немаат поим што значи ДПМНЕ а сепак се членови.
Секаква збирштина на народ има тука.
Мене ми е приоритет македонштината, ако партијата тоа го смени (што е практично невозможно, во самата идеологија постои националноста како приоритет, нормалната нишка на десничарите, но, сепак, не станува збор за радикална десничарска партија, односно националисти) тогаш и јас од партиски определена, ќе станам максимално партиски неопределена и незаинтересирана.
ЗА СЕГА, се оправдани моите очекувања. За иднината, ќе видиме.