Партиите во Македонија: агенции за вработување или борба за идеологија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
На сите ни е познато дека партиите во Република Македонија имаат одредена идеологија која ја застапуваат. Колку се придржуваат кон неа тоа е друго прашање и друга дискусија. Поентата на темата е прашањето: Колку поширокото членство во партиите е запознаето со идеологијата на сопствената партија и дали зачленувањето во партијата е заради борба за одредена идеологија, суштина или пак зачленувањето во идеологијата е како чекање во ред во агенција за вработување.
Се повеќе луѓе се зачленуваат во партии само за да најдат работа, а притоа воопшто не се заинтересирани за она за кое (барем на хартија) се залага нивната партија од идеолошки аспект.

Што мислите вие:
Партиите во денешно време се агенции за вработување или идеолошки матрици каде се работи на суштински промени во општеството?

П.С. Без дневна политика, третирајте го прашањево од теоретски аспект.
 
Normalno deka se agencii za vrabotuvanje kaj i da otides da podneses oglas prvo ti baraat kniska kolku si bil aktiven vo partija(zborvam za rabota na budzetot) diplomata za zal mnogu malku vredi ama sepak ako ja imas ne gubi na vrednost
 
Каква идеологија 80% од членовите и на двете партии уопште не знаат за што се залагаат нивните партии и каква е нивната идеологија, уствари ни они не се криви кај нас партиите немаат идеологија само се е лични интереси. Затоа и не сум член на некоја партија премногу сум поштен за да станам член на некоја партија, треба да се брани нешто по секоја цена што се вика.. треба да работиш стрикно во корист на партијата а мене совеста не ми дозволува да ги ставам личните интереси па дури и партиските замисли над оние државните.. Македонските интереси.

Ако се формира некогаш здравје строго чесна партија пред се можеби би се зачленил, вака тешко многу тешко да ме убедат ..
 
, уствари ни они не се криви кај нас партиите немаат идеологија само се е лични интереси. Затоа и не сум член на некоја партија премногу сум поштен за да станам член на некоја партија, треба да се брани нешто по секоја цена што се вика.. треба да работиш стрикно во корист на партијата а мене совеста не ми дозволува да ги ставам личните интереси па дури и партиските замисли над оние државните.. Македонските интереси.

Ако се формира некогаш здравје строго чесна партија пред се можеби би се зачленил, вака тешко многу тешко да ме убедат ..

Види, строго чесна партија никаде не постои, не само на светов туку и во универзумот. Мене ми е јасно дека се е личен интерес, само прашањето ми е каде се изгуби идеологијата, желбата навистина да се промени нешто во општеството.
Не ми е јасно како дојдовме до дереџето да ги заборавиме идеалите, соништата, како успеавме да западнеме во толкава апатија.

Зошто да ги третираме партиите како агенции за вработување, тоа е исто како да си потпишал пакт со ѓаволот. Потоа си тотално зависен од тоа што ќе ти го кажат.

Каде се идеалите во оваа држава, тоа ми е мене најбитното прашање? И дали умреа, или сепак има по некоја трошка надеж?
 
Идеологија?
за идеале гину будале......
***
тоа ти се легализирани перални за пари
 
Тоа со вработувањето носи корени од минатиот систем таму еден човек работеше, а двајца одмараа.
Еден човек од реалниот сектор денес, заработува плата од 45 илјади денари ама пошто сме "солидарно" општество и знаеме да си "помагаме" сиротињава мора да ја подели платата со уште двајца административци така да на крај останува со 10 илјади денари во џебот и курот во рака, а тетката што прави кафиња и никако неќе да ви го издаде документот заедно со некој неписмен џандар си свиркаат со 18 илјадарчиња.
Тоа е тоа класични паразити, Македонија немала историја и можност да изгради пазарно општество затоа имаме состојба кога самиот имунолошки систем продуцира биолошки војници кои ги уништуваат белите крвни зрнца.
А и јас не знам што се чудите кога до пред само 100 години ние сме биле во феудализам и после сакате да напредуваме и да прескокнуваме етапи.
Е не може така.
Се додека младината учи ради реда и си прави кафе шеми не знаејќи што со сопствениот живот не можеме да напредуваме.
 
Зависи.
Јас не барам вработување од мојата партија, ми се допаѓа идеологијата.
Но има и членови кои ја користат како агенција за вработување.
Јас имам сериозен проблем кога ќе седнам да дискутирам со некого, без оглед за која партија е, и нема поим ни што застапува таа партија, ни која и е идеологијата, и на крајот, што агенда понудила на избори (зошто по ѓаволите сте гласале за неа!?).
Јас сум во ДПМНЕ. Интересно се случило, ќе ги прашам некои, зошто сте вие во оваа партија? И ќе почнат Бранко вака, Бранко онака..... и обратно, најдобар другар ми е СДС, му викам зошто си за СДС? Одговорот беше ,,Абе оној лопатарон Гвујо....,,

Жалосно, но вистинито. Зошто би гласала за некого (или би била во некоја партија) ако немам поим што таа нуди, и гласам за да добијам работа или пак зошто оној другиот не ми се допаѓа?!
--- надополнето: Nov 4, 2011 3:32 PM ---
Види, строго чесна партија никаде не постои, не само на светов туку и во универзумот. Мене ми е јасно дека се е личен интерес, само прашањето ми е каде се изгуби идеологијата, желбата навистина да се промени нешто во општеството.
Не ми е јасно како дојдовме до дереџето да ги заборавиме идеалите, соништата, како успеавме да западнеме во толкава апатија.

Зошто да ги третираме партиите како агенции за вработување, тоа е исто како да си потпишал пакт со ѓаволот. Потоа си тотално зависен од тоа што ќе ти го кажат.

Каде се идеалите во оваа држава, тоа ми е мене најбитното прашање? И дали умреа, или сепак има по некоја трошка надеж?

Нашите партии само го искористија ,,предходниот систем,, за ова прашање. Само членовите на КПЈ можеле да се приберат до подобро (а во некои случаеви и било какво) работно место.
Во СФРЈ немало идеологии. Се знаело кој е кој и што е што. За тој период и народот, скокнат од феудализам и војни, во нешто поцивилизирано, немал ниту желба за политички идеологии. 20 години се мал период тоа да се промени. Само 85 наваму, тие генерации, има шанси да променат нешто. Овие што се ,,стара школа,, така и ќе дејстуваат - како што ги научиле. Членска или плачи си по дома.
--- надополнето: Nov 4, 2011 3:34 PM ---
Каква идеологија 80% од членовите и на двете партии уопште не знаат за што се залагаат нивните партии и каква е нивната идеологија, уствари ни они не се криви кај нас партиите немаат идеологија само се е лични интереси. Затоа и не сум член на некоја партија премногу сум поштен за да станам член на некоја партија, треба да се брани нешто по секоја цена што се вика.. треба да работиш стрикно во корист на партијата а мене совеста не ми дозволува да ги ставам личните интереси па дури и партиските замисли над оние државните.. Македонските интереси.

Ако се формира некогаш здравје строго чесна партија пред се можеби би се зачленил, вака тешко многу тешко да ме убедат ..

Мене ми се Македонските интереси пред се. Ако ДПМНЕ скршне од патот кој е исклучиво МАКЕДОНСКИ и никако поинаку... си заминав јас. И моето гласачко ливче.
 
Немаат никаква врска со идеологија,чест на исклучоци останатите незнаат ни по 5 принципи на социјалдемократијата ниту пак на конзервативизмот и либерализмот.Повеќето се надеваат ај овие се на власт ќе земам книшка од нив па може ќе бидам вработен.А тоа дали се брани идеологијата не може да очекуваме од младото членство да ја брани кога сениорите кој се на власт скренуваат од неа бркајќи бизниси и тендери.
 
Или можеби поради огромниот чекор "напред" кон европа. Не пљукаат секој ден!
 
Абе Пумо, можеш да напишеш нешто без да споменеш у која партија си? Ги избришав мислењата (иако беа добри) зашто може и тоа како да повлечат дневно политичка дискусија. Фала.
 
Пумичке драга, ти си класичен пример дека членовите на партиите немаат врска со идеологијата на партијата во која што членуваат. Ти лично имаш класично либерални ставови, кои се во чиста спротивност со идеологијата на партијата во која членуваш. Право на абортус, права на хомосексуалците, и целиот досаден, заглупувачки корпус на либерални ставови. Згора на се, ти си атеист, а во десничарско-конзервативните партии би требало да членуваат верници по дифолт.

Ако успееш да наброиш три твои ставови ОСВЕН дискутабилниот патриотизам, каде што твојата лична идеологија се поклопува со идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ, јас ќе си го сменам никот во Шутрак...
 
Идеологија!?
Организирани групи на наводно идеолошки определени лица, кои се тука со цел да дојдат до што поголем дел од колачот наречен даночна база а во исто време да ви импонираат на инертноста со давањето илузија за избор. Корпорации по се освен по име.
Во голем дел од екс-комунистичките земји се јавуваат и како главен работодавец на рајата која е економски зависна од испреплетената политичко-економска “елита“.

Идеолошката матрица најкратко би можела да се дефинира вака...
http://en.wikipedia.org/wiki/Tick
 
Види, строго чесна партија никаде не постои, не само на светов туку и во универзумот. Мене ми е јасно дека се е личен интерес, само прашањето ми е каде се изгуби идеологијата, желбата навистина да се промени нешто во општеството.
Не ми е јасно како дојдовме до дереџето да ги заборавиме идеалите, соништата, како успеавме да западнеме во толкава апатија.

Зошто да ги третираме партиите како агенции за вработување, тоа е исто како да си потпишал пакт со ѓаволот. Потоа си тотално зависен од тоа што ќе ти го кажат.

Каде се идеалите во оваа држава, тоа ми е мене најбитното прашање? И дали умреа, или сепак има по некоја трошка надеж?

Зависи од перцепција. И во САД и Англија и Франција наводната идеолошка припадност и наводните вредности на водечките партии се само форма која во реалноста не значи ништо.
А инсистирањето на идеолошка доследност...последна партија која се држела до својата идеологија “као пијан плота“ била NSDAP...1933-45...:)
И Комунистичката партија на Кампучија 1975-79.

Those were the days...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom