Парите и љубовта

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

што ви е пред се?


  • Вкупно гласачи
    237

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
115
Колку се важни парите во една врска?
Дали некогаш би оделе со човек кој нема скршен денар во него?
Дали парите имаат навистина толкаво значење кога се во прашање чувствата?




Ај, да си кажам за мене..
Би одела со човек кој нема ниту еден е*ан денар во него. Затоа што не сум човек кој мисли дека парите се се во животот. Има поважни работи од нив, како на пример да си среќен со тој што го сакаш. Општо познато е дека среќата со пари не се купува, а таа не може да ти ја даде секој:) :wink:
 
Мене никојпат не ми значела материјалната состојба на другиот.

А и жена ми долго време одеше со мене кога бев без своја скршена пара и тотално зависен од тоа што моите можеа да го одвојат за мене - што не дозволуваше никакви задоволства настрана од основните потреби.

Сега е ситуацијата сосема поинаква, а нејзиниот однос спрема мене не е променет ни милиметар. Така да се чувствувам доста среќен во тој поглед.

П.С. Само едно потпрашање : Дали темава има врска со твојот пост во „Што ве изнервира“?
 
Не. Темава нема никаква врска со тој пост таму. Врската ми е супер.. а материјалната состојба на дечкото повеќе од одлична..фала богу.. тоа на таа тема беше за другарка ми. :cry:
 
The`bItCh напиша:
Дали парите имаат навистина толкаво значење кога се во прашање чувствата?

da imat............parite oslepuvaat isto kako ljubovta.....jas se zaslepiv od ljubov a taa od ger. registracii........... :x
 
Кога се материјалисти во прашање.. искрено ништо не ме чуди. Заслепувањето со регистрацијата е малку смешно ама жалосно.. :(
Не знаеш со какви луѓе си имаш работа се додека не почнет сами да си ги покажвет рогојте. Животот под маска е опасна работа..

Туку, што ќе се деси ако немаш пари а типката што е со тебе те остави баш заради тоа? А ти веруваш во нејзината „љубов”.
 
The`bItCh напиша:
Не знаеш со какви луѓе си имаш работа се додека не почнет сами да си ги покажвет рогојте. Животот под маска е опасна работа..

taka e.no od vreme na vreme se otkriva sve...........
 
The`bItCh напиша:
А ти веруваш во нејзината „љубов“.
Само една личност треба секој да верува, тое е себеси.
Ако сум ептен запален и "нешто" ме форсирало да "верувам" од прва, јаки болки ќе има у иднина...
 
Е јас мислам дека сите скриено се интересирате дали тој/таа од спротивниот пол е колку од колку барем малку парично покриен/а......Јас така мислам......можи сум во заблуда ама многу многу повеќе примери знам каде парите ги тера луѓето да се заљубуваат, а не таа апстрактна љубов, ах љубов :pos:
Па зарем ќе питате на улици за парче леб и љубовта ќе Ве одржува во живот???
 
zocipro, сакаш верви не сакаш не мораш.. никогаш (зборвам лично за мене) не сум гледала дали „тој“ има пари и дали неговите се моќни. Можеби затоа што не сум материјалиста и не гледам се во парите, а можеби и затоа што никогаш не сум имала проблем од недостиг на истите. :roll:
Кај една личност важен ми е карактерот. Се друго ми е споредно.
 
Се повеќе се трча по парите. За жал и маживе почнаа да аздисуваат по богати жени :P
А за тоа дека можете да идете со некој што нема ебан денар чисто сумљам. Не се правете толку поштени нема потреба.
Еве да речеме ќе се обидете да идете и нормално ќе се јават проблеми. Другарките со дечковците искачаат у дискотека, вие не пошто типот нема пари, а не сте во состојба да му платите и плус тој не сака ни да чуе за тоа. Доаѓа време за одмор, вие не можете да идете со саканиот... и да не набројувам натаму. Многу девојки се лупаат у гради и викаат јас не сум по парите. Зборувајки и читајки вака по форуми имам впечаток дека на 90% од девојките не им се битни парите. Но, во реалноста процентот е обратен :wink:

Знаете.... кога ќе се навикнеш на живот на „повисока нога“, многу е тешко потоа да се вратиш на стариот начин на живот. 8)
 
Прво, да му дадам рака на Стенмарк за доста реалниот пост!
Секоја чест за сосема трензвениот пост братче!


А за парите... да да! Вистина е тоа! Секоја година како се враќам за МКД, се повеке се осеќа материјалната моќ! Колку повеќе пари - толку повеќе риби, помалце разговори за освојување, и повеќе лигавења!!!

Хах, па колку добро се преправаат као демек те сакаат, а усвари пари ти сакаат! Од толку добро што се преправаат дури понекад е тешко да поверуваш во што е работата, иако си свесен за тоа!
 
The`bItCh напиша:
zocipro, сакаш верви не сакаш не мораш.. никогаш (зборвам лично за мене) не сум гледала дали „тој“ има пари и дали неговите се моќни. Можеби затоа што не сум материјалиста и не гледам се во парите, а можеби и затоа што никогаш не сум имала проблем од недостиг на истите. :roll:
Кај една личност важен ми е карактерот. Се друго ми е споредно.

Мало си ти.. затоа ти го разбирам постот. Ќе беше ненормално да размислуваш различно на твоите години :wink: :wink: :wink:

Само така терај.
 
Се согласувам со Катја за темава.
За љубовта најважни се карактерните особини, емоциите и способноста тие да се изразат.
А материјалната состојба е променлива.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom