Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Не ги пуштате папагалите малце на слобода да летаат низ станот? :) Мојот додека беше жив од 6 сабајле па се до вечер негде 11 часот беше пуштен... само за јадење и спиење влагаше во кафезот
 
Не ги пуштате папагалите малце на слобода да летаат низ станот? :) Мојот додека беше жив од 6 сабајле па се до вечер негде 11 часот беше пуштен... само за јадење и спиење влагаше во кафезот

Од кај 8-9 до 2 секој ден е пуштен и после ручек околу 5 до кога му се седи. Ама деновиве од кога почна да праи така сам си влага и си ги храни ѕвончињата и си седи таму.
 
Мојава конечно почна да излегува, денес ЦЕЛИ 2 часа си стоеше на сипината коска и здогледа цвеќе на мајка ми, па мислејќи дека е магдонос го згриза! Ми дозволува да ја галам под крилцата :love: напредок!
DSC_0159.JPG
Него деновиве мноогу кива така долго (како кашлање нешто измеѓу :D ) не знам што ѝ е, не е ладно во собата воопшто и не е на промаја,а и пак ѝ испопаѓаа сите пердуви, некои витамини или што да земам?
 
EbGVlPq.jpg

Ѕе!
Си бара женска малиот :D
 
Моето се научи со отворена вратичка, кога ќе му ја затворам за надвор кога го носам дури и чудно му е. Повеќето од времето си седи во кафез и си црцори, 3-4 пати во ден го примеќам дека излегува, лета некој круг и има три места на кои можеш да го најдеш, скалите, на телевизор качен или на слика, работи кои се повисоко и кога ќе му здодее или пријаде, пак си се враќа во кафез. Не прави многу ѓубре наоколу, педантен си е. :D
 
Го гледам си дреми над мене, зеам го сликам:
DSC_00055.JPG
И одма запримети дека го сликам, па зошто да не позира:
DSC_0006 (2).JPG
:D

Обожава да го сликам, чим ме види со мобилен, збеснува да си игра.
 
Здраво поздрав до сите членови,нов сум на форумов по ми треба мала помош од поискусните
на керка ми поклон и донесоа тигрица ни кажаа дека е околу 6 месеци стара меѓутоа полот не го знаеме ако може да ни го казете поздравWP_20151023_23_44_45_Pro.jpg
 
Здраво поздрав до сите членови,нов сум на форумов по ми треба мала помош од поискусните
на керка ми поклон и донесоа тигрица ни кажаа дека е околу 6 месеци стара меѓутоа полот не го знаеме ако може да ни го казете поздравПрегледај го приврзокот 131968
Уште е мало, ама најверојатно е женско. Исто е ко моето :D
 
фала на брзиот одговор,го исчитав целиот форум,али бојата кај ноздрите многу ме бунеше,
фала на одговорот
 
фала на брзиот одговор,го исчитав целиот форум,али бојата кај ноздрите многу ме бунеше,
фала на одговорот
Кога е младо пилето, бојата е таква, светло лиљакова, и не може да се познае уште полот, ама не ми се верува дека ова би сменило накај темно плава, плус и моето беше идентично вакво ко беше мало, затоа типувам на женско. Почекајте уште некој месец, ќе си кажи само. :)
 
ке причекаме,ке видиме кој пол е па ке купиме другар понатака
 
Здраво поздрав до сите членови,нов сум на форумов по ми треба мала помош од поискусните
на керка ми поклон и донесоа тигрица ни кажаа дека е околу 6 месеци стара меѓутоа полот не го знаеме ако може да ни го казете поздравПрегледај го приврзокот 131968

Јас мислам дека ова има околу 2 месеци преку сила, за околу 2 месеци ќе дознаете дали е машко или женско :)
 
Јас мислам дека ова има околу 2 месеци преку сила, за околу 2 месеци ќе дознаете дали е машко или женско :)
малце е 2 месеци ,околу 4-5 би рекол дека има
многу добар летач е,ептен е хиперактивно,не се плаши од прв ден на прст во кафез застанува,од овошје јаболко само обожава,имаме уште едно папагалче е тоа е дефинитивно машко околу 1 год е старо,се здружија ептен дури машково почна да се врти околу малово за парење,ама и малово ги прави истите покрети( му оди одпозади да се качи :)) на моменти се бакнуваат се чешкаат,после тоа се колваат(се тепаат)
освен по бојата над носот дали на друг начин се препознава полот на тигриците?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom