Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво.Јас имам папагал тигрица и сакам да знам на колкава температура треба да се чуват.Сега ке почнат високи температури а јас седам на , таванска соба дали тоа би му пречело.Ако некој знае нека пише.Имам и долни соби али се навикнав на папагалот и не ми се снесува доле. :)
 
Од топли предели се,така да не им пречи топлото.Оставај и водичка да се бања редовно а и добро би било да ја прскаш и ти чат пат.Е сега дирекнтата изложеност на сонце може да ги умртви ама мислам дека докај 35 степени можат да гураат...се додека не ја видиш со клунчето отворено да дише,биди спокојна.Ако ја видиш,значи многу и е топло па подобро би било на пониска температура да се чува
 
благодарам на прашањето а сега уште едно ако може .Јас планирам да не бидам дома 2 дена и да се вратам 3 ден дали може папагалот сам да седе ,мојте родители не се тука така да,планирам да му остававам јадење и вода повеке.
 
Нема шанси, подобро дај го на некој роднина,пријател или комшија, нека го чуваат затворен во кафезот, ама важно ќе има луѓе до него.Куче или мачка не се оставаат сами дома на 2-3 дена а не пак папагал. Папагалите кога се сами многу тагуваат, ги фаќа депресија, им фалиш. Сум слушал од луѓе што чувале вакви птици дека умирале од тага ако ги оставиш на подолг период. Многу се приврзани за сопственикот, ама веќе ако планираш да одсуствуваш од дома, дај го на некого да ти го причува, барем ќе слушаат гласови од другите луѓе, и ќе знаат дека не се сами...
 
папагалите кога им е жешко ги шират криљата и така се разладуваат.сам папагал не се остава дома.во право е сциреа,премногу се емотивни и приврзани кон луѓето
 
Јас пред некое време слично како и ти сега заминав на 3 дена и го оставив папагалчето кај пријатели кои исто така чуваат папагал. Кога се вратив и го земав назад му требаа неколку дена за повторно да се прилагоди и да почне да ги прави лудостите кои само тоа си знае да ги прави. :)

Меѓутоа очигледно беше дека му било добредојдено друштвото (посебно со друго папагалче). Така да и јас ти советувам да не го оставаш само.

Друго ... сакам да му земам поголем кафез на моето. Дали имате претствака каде би можел да најдам вакви (ќе следуваат слики подолу) и колку чинат? Проверив на неколку места но немаа баш вакви.

5n25.jpg

b2m3.jpg
 
Што мислите за папагалот "Мал Александар" ? Во иднина планирам да купам таков бидејќи гледав на Youtube како зборуваат и многу се интересни :)
 
Што мислите за папагалот "Мал Александар" ? Во иднина планирам да купам таков бидејќи гледав на Youtube како зборуваат и многу се интересни :)
Моја омилена врста на папагал.Јас ко би земал би бил сив по боја,поубави ми се.
 
Што мислите дали е во ред цел ден да свире папагалот никако не запира единствено кога е тишина,а кога е пуштен телевизорот цел ден свире.поззз
 
тигрици има и мирни а и прави ѓаоли,зависи на каков ќе налеташ
 
Што мислите дали е во ред цел ден да свире папагалот никако не запира единствено кога е тишина,а кога е пуштен телевизорот цел ден свире.поззз

Папагалите, во овој случај тигриците чим им пуштиш погласна музика, или пак телевизорот е појачан се разбира дека ќе вика/пее. Тогаш птицата мисли дека не им обрнуваш многу внимание и започнува со својата рутина...:icon_mrgr:. Ако забележиш кога ќе ти дојдат пријатели и започнете гласно да муабетите, тогаш и папагалот ќе почне да вика, значи бара внимание... И така :)
 
Прегледај го приврзокот 66784Прегледај го приврзокот 66784Прегледај го приврзокот 66785Прегледај го приврзокот 66785 здраво,

имам нимфа, ја најдов на тераса и ја чувам од септември. ветеринарот ми рече дека има макс месец дена (во септ. кога ја прегледа) ептен е питома супер е се, ама ми изгледа скроз незаинтересирано да научи нешто, бар да свирка :) претходно имав тигрица и многу збореше, после имав розенколис, и тој многу зборуваше...ама овој ептен не сака да чуе.
има некои посебни начини што функционираат со овој тип на папагали или може папагалот едноставно не е заинтересиран?
 
Attachments

  • Screen Shot 2013-06-25 at 6.29.32 PM.png
    Screen Shot 2013-06-25 at 6.29.32 PM.png
    734,8 KB · Прегледи: 23

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom