Сакам летово да купам папагал нимфа. Прв пат ќе чувам па ако може да ми кажете нешто околу чувањето на папагали. Што треба да купам за во кафезот освен вода и храна, што да му правам на почетокот за да се зближи со мене, колку често да го пуштам да лета, и како да го фаќам? Бидејќи братучед ми пред 1 година купи две тигрици и тие сеуште се плашат од него кога ќе им прииде со раката, кога ги пушта да летаат стојат само на едно место и едвај ги фаќа и слично...