Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби изгледа смешно ама јас ќе си прашам :). Како да му ја наместам сипината коска. Дали треба да виси (и ако треба како да ја прицврстам) или може само да му ја ставам во кафезот.

Ако има некој слика не е лошо да постира тука.

Прицврстена. :)
 
Може ли некој да ми објасни кои услови ми се потребни за да ги размножам моите тигрици и се што треба да направам ?
Ве молааам!

Ти треба еден женски и еден машки папагал најнормално. Кафез, една ваква кутија (линк) и толку. Кутијата можеш да си ја направиш и сам, таму женката ќе ги полага јајцата и ќе ги чува. Обавезно проверувај ја кутијата и во случај да најдеш јајца премести го мажјакот во друг кафез додека не се испилат пошто може да ги изеде. Двете тигрици треба да се поголеми од година дена и тоа би било тоа.

п.с: Заборавив да кажам дека кутијата треба да ја закачиш за кафезот во кој планираш да се парат и да ја оставиш женката со јајцата.

Можеби изгледа смешно ама јас ќе си прашам :). Како да му ја наместам сипината коска. Дали треба да виси (и ако треба како да ја прицврстам) или може само да му ја ставам во кафезот.

Ако има некој слика не е лошо да постира тука.

Можеш да му ја ставиш помеѓу шипките од кафезот. (вака)
Или да си купиш од пет шоп прицврстувалка (не се вика така, не знам како се вика :D)
Првиот начин ти е најдобар и најекономичен.

и п.п.с: Внимавајте на папагалите периодов особено, ни случајно на промаја, одма настинуваат. Моето настина пред 10-на дена и закачи грип, баш сега била сезоната на грипот. Не го надвладеа вирусот и умре во петокот. Уште не можам да го прежалам.
 
Сакам папагалот да го префрлам во друга соба..како тоа ке влијае врз него?
-мислам морам да го префрлам во друга соба ://:icon_mrgr:
 
Сакам папагалот да го префрлам во друга соба..како тоа ке влијае врз него?
-мислам морам да го префрлам во друга соба ://:icon_mrgr:.

Па зависи каква е собата ...
Како прво и основно собата мора да биде на собна температура, сега бидејќи е ладно времето во собата мора да има греење.
 
Сакам папагалот да го префрлам во друга соба..како тоа ке влијае врз него?
-мислам морам да го префрлам во друга соба ://:icon_mrgr:

Важно е и колку долго е навикнато на тоа место да му стои кафезот, не му одговара ако подолго време му е таму и одеднаш да му го смениш, кога сака да јаде си иде таму, кога сака да спие си иде таму, навиката му е таква.
Смени ја местоположбата само ако е неопходно.
 
Имам светлосина тигрица, и сеуште не е навикната на новата средина.
Колку долго им треба да се прилагодат на нова средина?
 
Имам светлосина тигрица, и сеуште не е навикната на новата средина.
Колку долго им треба да се прилагодат на нова средина?
Се зависи до папагалот. Тие од пет шопот им даваат 20 дена за да се привикнат па да се пуштат и додека да се научат што како е во собата уште 3 дена, ама има папагали кои уште првиот ден да ги пуштиш се како 3 месеца да си ги чувал. Колку време го имаш папагалчето? Го пушташ да лета? Пробуваш да се зближиш со него?
 
Имам психо-нимфа, што да и правам, поголема будала од него немам видено.
Дајте некој совет околу исхрана на нимфа, мојот моментално го хранам со просо, во кое има додадено некои витамини за папгали(зелени и црвени топчиња) плус сончоглед, и вода, што друго би требало да му додадам во исхраната.
 
Се зависи до папагалот. Тие од пет шопот им даваат 20 дена за да се привикнат па да се пуштат и додека да се научат што како е во собата уште 3 дена, ама има папагали кои уште првиот ден да ги пуштиш се како 3 месеца да си ги чувал. Колку време го имаш папагалчето? Го пушташ да лета? Пробуваш да се зближиш со него?
1 ден го имам. Ни рекоа дека требало да биде во кафез 2 недели да се навикне.
 
1 ден го имам. Ни рекоа дека требало да биде во кафез 2 недели да се навикне.
да,така треба да биде,нека поседи 2 недели у кафез,а ти за тоа време гали го,збори му,и ќе се навикне.
така мојата,седеше 2 недели у кафез,и откако почнав да ја пуштам после 2-3 дена најде сама да се врати у кафез,а посе 2 недели и почна слетува кај нас.:)
Среќно
 
1 ден го имам. Ни рекоа дека требало да биде во кафез 2 недели да се навикне.
Не мораш да го чуваш толку долго, греота е. Кога мислиш дека ќе биде доволно пушти го. Обавезно збори му и гали го. Биди трпелива со него и дреми му у кафез со храна за да не се плаши од раце. Па чекаме импресии за некое време. Среќно.

п.с: Пази го МНОГУ! Никако, НИ КА КО! на промаја, одма настинуваат, а периодов владее некој си нивни грип. Слаби се за да го издржат, пази го.
 
Значи вака.. Папагалчево уште од кога го купив си се митареше, мислев дека му е период ама и од кога пројде тој нивни период папагалов продолжи, нон-стоп си се чешка, и си вади мали микроскопски пердувчиња, вчера бев до кај локалниов ветеринар да прашам што е, и ми даде едни капки кои се ставаат во вода, за да прекине со митарењето, и да му ги зајакне пердувите... АМА, не знам дали е од капките, но денес почнаа да му паѓаат и поголеми пердуви.. Некој лек, и дали да продолжам со капкиве?! :(
 
Кажи ми пријателе,дали е папагалчето машко или женско?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom