N
Nessa Alcarin
Гостин
Сите лажеме! Не живееме во таков свет каде би ја прифатиле вистината со средени мисли и "ладна глава", па најчесто тој што ни ја кажува вистината ни е противник, не мрази, сака да не повреди, ни мисли лошо и иако ни ја кажува вистината не му веруваме. Околината не прави да не веруваме повеќе никому, па затоа се што ќе ни кажат го прифаќаме со резерва.
Јас бев премногу искрена личност, „што на ум, тоа на друм“. Се залагав да ја кажувам вистината и истото го барав од другите. Но... Додека живеев така, сфатив дека не секој сака да ја слушне вистината. Сум се наоѓала во ситуации кога после кажана вистина јас сум лошата што се мешам секаде, јас само сакам да ги повредам, поарно ништо да не сум кажала ... Видов дека луѓето полека се оддалечуваат од мене и не бараат мој совет. Можеби залагачите за вистината овде ќе помислат: Па кој ги врти што сакаат нека прават, ич немора да ме дружат. Да тоа важи за некои кои нема да ти значат ништо во животот, но не и за тие со кои делиш иста крв.
Затоа, почнав да ја „маскирам“ вистината, доволно добро ги познавам луѓето што ме опкружуваат па затоа знам што сакаат да слушнат во одреден момент.