Луси, има банални лагички каде штетата е помала ако пролажеш отколку да се расправаш со вистина, знаеш и сама дека е така не ме терај да барам банални примери, имаме милион во животот

.
Друга работа е што има ситуации каде и треба да пролажеш (да речеме некој има болест) и знаеш ако му кажеш има психички толку да падне што цела терапија ќе пропадне, на пример еден психијатар ако секогаш им ја каже вистината на пациентите има цела пракса да му пропадне

.
Се разбира варањето во врска е нешто сосема друго и тука нема оправдување и се знае ако едниот открие ќе има последици но и тука се лаже во 90% случаи од страв заради раскин, повеќето се полигамни во душа ама сакаат пред светот и партнерот да дадат впечаток на моногамна врска па лажењето си го користат да ја пролонгираат таа лажна слика што подолго може (посебно важи за мажите)

.
Тоа што сакав претходно да кажам, сите лажат повеќе или помалку од банални до крупни лаги но мора да се прави разлика од лага како: Косата ти е супер (а ја промашила фризурата 200%) до: Срцка бев до касно на работа, а ти си бил на ручек со швалерката, мислам ме разбра сега

.