Паѓање на шекерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ninjazelka
  • Време на започнување Време на започнување

Колку често ви паѓа шекерот?


  • Вкупно гласачи
    28

Ninjazelka

Фејкер
Член од
12 август 2011
Мислења
102
Поени од реакции
33
Возраст
34
Што мислите како настанало паѓањето на шекерот и од што е предизвикано исто ке ве замолам да се анкетирате
 
За сите заебаванти што ги снема од темава, да знаете дека ќе има мерки. Чим се буните за тролување што имало многу, сега ќе се погрижиме да го нема.
Што мислите како настанало паѓањето на шекерот и од што е предизвикано исто ке ве замолам да се анкетирате

Тоа сe вика хипогликемија.

Tука имаш повеќе - http://www.medicalnewstoday.com/articles/166815.php Најчесто се случува кај луѓето болни од дијабетес.
 
Meне никогаш...млад сум за тоа инаку не е лошо да ми паѓа шеќерот...ќе јадам чоколади по цел ден :D aма е мизерно да ти се дигне шеќерот :eek:
 
Тројца членови се банирани на недела дена поради фаќање сеир на сериозна тема. Внимавајте во иднина.
 
Meне никогаш...млад сум за тоа инаку не е лошо да ми паѓа шеќерот...ќе јадам чоколади по цел ден :D aма е мизерно да ти се дигне шеќерот :eek:

Многу е лошо верувај. Мене ми се случува летно време поготово и затоа често имам по некое мало чоколатце во ташна, ранец. Исто и кока кола си купувам ако се наоѓам близу продавница, ама ако не, чоколатцето.
 
Од мое искуство да кажам дека кога ќе ми шадне шеќерот, благо многу не ми помага, но ми помагаат јаглрнохидрати.
 
Од мое искуство да кажам дека кога ќе ми шадне шеќерот, благо многу не ми помага, но ми помагаат јаглрнохидрати.

И благите работи се состојни со јаглехидрати, ако мислеше на нив.
 
Никогаш не ми паднал до сега шекерот.Понекогаш чуствувам и како да имам премногу од тоа во себе иако не јадам многу благо.Ми се случува да неможам благо да ставам во уста и ми се лоши од самата помисла на благо.Самиот организам не ми поднесува многу благо и незнам од што е тоа.Умерено јадам и пазам многу.
 
Млади сме за тоа

Има деца со по 10 години кои имаат дијабетес или зачетоци на дијабетес така да ако генетската структура ти го налага тоа, нема млад стар.
 
Лошо е да ти падне шеќерот.. Секој ден добро е да се зема по малку благо .. Обавезно после некоја физичка активност..
 
Има деца со по 10 години кои имаат дијабетес или зачетоци на дијабетес така да ако генетската структура ти го налага тоа, нема млад стар.
Точно, но јас на пример јадам благо и немам никакви проблеми со шекерот.
 
До сега ми нема паднато шеќерот, ама заебана работа е. На другар му се деси на 1ви мај во Кратово кога бевме. Станува и одма паѓа, нозе не го држат. Го пресекува и паѓа на колена. После се преврте, се згрчи цел, помодре и пена од уста почна да му искача, од памет не извади. Го легнавме на страна, го истегнавме, викнавме амбуланта и го земаа. Нема заебавање со шеќерот.
 
Многу е лошо верувај. Мене ми се случува летно време поготово и затоа често имам по некое мало чоколатце во ташна, ранец. Исто и кока кола си купувам ако се наоѓам близу продавница, ама ако не, чоколатцето.

По овој пост ми личиш на професорката по англиски :lol: ...неа и купувавме еднаш чоколадце.

П.С На приватни часови одам кај неа така да нема потреба да ја пријавувате :D
 
И благите работи се состојни со јаглехидрати, ако мислеше на нив.
Да, така е благите работи се јагленохидрати.Јас гршно сум се изразила.Сакав да кажам дека повеќе ми помга да каснам леб или паста отколку благи работи.:oops:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom