Паднаа патриотските фискални сметки - Дали некој ќе одговара?

Ova, koj si ima muata na kapata si veli ish??? A Power???

P.S. Rekov jas dzabe crtam....se najde vo prikaznava moja duri i detulevo Power...verojatno kako detule partisko?? SE izvinuvam ako ne e partisko maloumnice....oti...malite koi se zalaufaaa (cuden zbor neli? Jas sum car na cudnite dumi i misli)...da ti objasnam...se odnesuvase na gazolizacite na Pwemiewot, takanarecenite ministri i drugi negovi sovetnici....zatoa...mil moj Power...ne si laskaj! Kvazimoknikot e pwemiewceto ni krivonogo....kolku da docrtam...sega...pojasno ke da e cinam!
 
Гзолижачите ќе си останат гзолижачи, глупите ќе си останат глупи, смрдливите ќе смрдат... Што фајде? А? Кур ги заболе другари, кур ги заболе!
Него тие што не спаѓаат у тие таквите треба да се освестат малце, односно треба НИЕ (тоа ние се однесува на секоја млада и свесна единка, свесна за пропаста што би можеле да ја доживеме предизвикана од политичките непродуктивни надмудрувања на смрдливците, гзолижачите и сличните на нив категории)да се освестиме и да почнеме рационално да судиме и да започнеме малку по малку да превземаме нешто против малоумието!
 
Паднаа патриотските фискални

1A97C6B4A04EE54D95774680ED95CF39.jpg


Патриотските фискални сметки се неуставни, одлучи вчера Уставниот суд и укина одредби од Правилникот на Министерството за финансии што ги обврзуваа трговците да користат фискални каси, кои купените македонски производи ги регистрираат одвоено од странските. Според некои пресметки, Владата ќе мора на околу 55.000 трговци да им врати најмалку 5,5 милиона евра зашто под закана со казни од 4.000 до 5.000 евра ги натера да купат нови софтвери. Министерството за финансии засега е без коментар на одлуката. Додека официјално не ја добиеме одлуката на Уставниот суд ништо не можеме да коментираме - изјави вчера Мартин Мартиновски, портпарол на Министерството.Употребата на патриотските фискални сметки почна на 1 јули годинава.Уставните судии одлучија дека издвојувањето на македонските од странските производи создава нееднаквост меѓу стопанските субјекти на пазарот и ја нарушува слободата на пазарот и претприемништвото, гарантирани со Уставот. Според тоа, укинато е и логото „купувајте македонски производи“.Сопствениците на маркетите во земјава имаат речиси ист одговор за одлуката на Уставниот суд.

- Мора прво да видиме како точно гласи одлуката на Судот за да знаеме што ќе преземеме понатаму. Не знаеме ни од кого да бараме отштета. Парите ги уплаќавме во приватна фирма. Нам трошокот не ни беше само надградување на софтверот, туку постојано ја дополнувавме и меморијата на фискалните печатачи, што е дополнителен трошок - велат тие.Според уставните експерти, патриотските фискални сметки се спротивни и на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската Унија.

- Правилникот предвидува фискалните каси да ги класифицираат купените производи според нивното потекло, односно дали се домашни или странски. Ваквата класификација ја поттикнува продажбата на домашните, а го дестимулира прометот на странските производи. Тоа не е во согласност со уставното начело на слобода на пазарот и претприемништвото, односно за еднаквост на сите стопански субјекти на пазарот. Правилникот на Министерството за финансии не е во согласност ни со Законот за регистрирање на готовинското плаќање, бидејќи во него не е предвидено при прометот производите да се класифицираат според потеклото. Новите правила за фискалните сметки немаат основа ни во Законот за ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, потпишана во 2001 година. Во таа спогодба се уредува слободното движење на стоки меѓу земјите-потписнички - објаснуваат експертите.

Надградбата на „патриотскиот“ софтвер на фискалните апарати, која чинеше од 50 до 200 евра, си ја платија трговците и оние што се занимаваат со услужни дејности. Патриотска фискална мораа да имаат и бербери, фризери, психолози, стоматолози иако нивната услуга е исклучиво домашна. Откако граѓанин од Охрид поднесе иницијатива за оспорување на владината одлука, правни експерти предупредија дека ако таа падне на Уставен суд, Владата ќе мора да им плати отштета на трговците. Владините претставници тогаш изјавија дека ќе ги сносат евентуалните последици што ќе произлезат од судска одлука. Управата за јавни приходи никогаш не кажа колку трговци ги надградиле фискалните каси со „патриотски“ софтвер, ниту излезе со бројка колку од нив се казнети за непочитување на законската обврска.

Владата мора да ги врати парите


Ако Владата сама не им ги врати парите на сопствениците на „патриотските“ фискални, тие имаат основа да ја тужат и да си ги вратат вложените 50 евра, изјави вчера Борче Давитковски, универзитетски професор по управно право.Тој предупредува дека освен ова, Владата мора да ги сноси и трошоците за бришењето на ознаката „македонски производи“ од софтверот во фискалните каси. Тоа значи дека Министерството за финансии треба да ги плати трошоците и за оваа операција. Според некои пресметки, државата за отстранување на оваа неуставна мерка ќе треба да плаќа по 100 евра за една фискална каса или околу 5,5 милиони евра.



Извор
 
А толку убаво беше објаснето од еден член на форумов пред неколку месеци.


Напишано од revoltiran007 на 17-04-08, 16:55.


Здраво јас сум нов на форумот и прилично сум влезен во проблематиката со фискалните апарати наменети за македонскиот пазар.

Работам на софтвер кој работи со фискални апарати.

Последната одлука за фискалците предизвика голем револт кај мене лично. Иако можеби софтверашите ќе ќарат некој денар плус но сепак да ја погледнеме математиката.

Јас како програмер заработувам солидно за наши услови, не е важно колку, но доволно.

Како прво фактите:

Во Македонија оперираат некаде околу 55000 фискални апарати (каси и принтери).

Распределбата на пазарот е ваква 62% Accent, 28% Давид компјутери, и останатите се три помали фирми.

За да се прилагоди каса, ќе се плаќа 4500 ден а за принтер 8500 ден. Тоа се тие кои не си ги плаќале фактурите на годишно ниво а тоа се 80% од популацијата со фискални апарати. Да биде покомично ќе плаќаат и тие што редовно си ги плаќале годишните фактури но само пола, и тие што во последната година го купиле апаратот.

Да земеме средна вредност бидејќи тука се некаде 50-50 каси принтери. И нека е 6 100 средна вредност по апарат, малце помалку да компензираме за малцинството кое плаќа половина.

Добиваме 50 000 * 100 евра = 5 000 000 евра. 50 000 по претпоставка дека 5 000 апарати се вон употреба веќе.

Добиваме промет од околу 5 000 000 евра. Од тие пари 62% (3 100 000 евра) ќе земе Accent со тоа што само минимален верувајте многу минимален дел ќе отпадне на дистрибутерните фирми низ државата. Ова е многу горлив проблем кај дистрибутерите со кој постојано се во конфликт, минималната маржа која ја добиваат по фискален апарат од Accent и David е скоро никаква.

Значи да сумираме Accent добива околу 3 000 000 евра David нешто помалку од 1 500 000 евра.

Кои се трошоците на Accent или David?

Технологијата на фискалните не е наша и е купена од соседна Бугарија. Соседна Бугарија пак ја купува од Англиска фирма во 90 години од минатиот век. Денес не постои таа фирма мислам дека е пропадната. Сепак технологијата е разширена низ источна Европа ако не се лажам.

Истите фискални во Бугарија се буквално најмалку 2-пати поефтини. Значи фискален принтер е околу 200 евра и каса околу 100 евра. Ако земете софтвер од Бугарија истиот тој и тука би работел со истите фискални апарати. Толку се компатибилни.

Зборот ми беше дека технологијата не е наша и ние воопшто не сме ја развиле за да се исплаќа некој вид на лиценца на Accent или David за нивна технологија. Тоа е едно, друго е тоа што РАБОТНАТА РАКА И ДЕЛОТ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СМЕНИ НЕ ЧИНИ НИ ИЛЈАДА ДЕНАРИ ПРОСТО И ЕДНОСТАВНО. Accent и David купуваат на големо и фискалната меморија која ја купуваат (не знам од каде) а која е потребно да се смени не чини ни илјада денари.

Се на се профитот е огромен и станува збор за сума која надминува 2 000 000 евра кај едната и 1 000 000 евра кај другата фирма.

Интересно е тоа што во целата игра David компјутери се затечени без да бидат информирани за ништо и во последен момент им се кажува за потребата од промени, што го остава фактот дека сигурно Accent има повлечено некои врски.

Accent е инаку спонзор на кампањата на власт во минатите избори.
Коинциденција а? Исто е конинциденција што еден од сопствениците на Accent му е роднина на премиерот.

Идејата да се исцицаат толкави суми за фискални на кои пишува колку е прометот за македонски производи е апсурдна. Сега интересниот дел зошто е ова е смешно:

1. Ова е екстремно нелегално и спротивно на нашите европски аспирации.

2. Во тежината на изборот каков продукт да купите, македонски или странски ништо друго не фигурира освен квалитет и цена. Никој мене со некоја фискална нема да ме убеди да купам македонски бојлер кога во последните 7 години менам два македонски бојлери. Никој нема да ме убеди да купам кечап Македонија после сезоната на продавање на скиснати кечапи Македонија. Тоа е како универзално правило на природата за енергијата, и во равенството на потрошувачката фигурираат само варијаблите Цена и Квалитет. Секој кој купува од патриотски причини во денешното општество такво какво е, е нерационален и кога тогаш ќе му удри во глава по што скапо ќе го наплати наивното однесување.

3. ОВА Е НАЈИНТЕРЕСНО. КАЈ ФИСКАЛНИТЕ ПРИНТЕРИ СЕТО МОЖЕ ДА СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА НА СОФТВЕРСКО НИВО. ПОТПОЛНО СОФТВЕРСКИ МОМЕНТАЛНО ПРИНТЕРИТЕ ИМААТ СПОСОБНОСТ ДА ПЕЧАТАТ СЛОБОДЕН ТЕКСТ ПО ИЗБОР ПО ДИРЕКТИВА НА СОФТВЕРОТ. ОВА БИ ЗНАЧЕЛО ДЕКА НАЈМАЛКУ 2/3 ОД ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ДАДАТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ФУНКЦИЈА ВО ФИСКАЛНИТЕ, А КОЈА ФУНКЦИЈА ВЕЌЕ ПОСТОИ. ОВА Е ЗОШТО ИДЕЈАТА ДА СЕ ИСЦИЦА ТОЛКАВА СУМА Е АПСУРДНА КОГА ФУНКЦИЈАТА КАЈ ПРИНТЕРИТЕ ПОСТОИ. Оваа точка внесува и дополнителна конфузија. Ако регулативата вели на фискалната мора да пишува колкав е прометот за македонски производи во неа сигурно не пишува да се менува фискалната меморија за да се постигне тоа. Што би спречило корисник на фискален принтер софтверски да си го имплементира тоа без да стапи во било каков контакт со Accent или David.

Да ви одговорам зошто поминав скоро еден час во пишување на овој текст и од каде тој револт.

Ако јас заработувам како што заработувам сега, за цел живот би требало да акумулирам некаде меѓу 100 000 и 200 000 евра што и најверојатно ќе се случи. Доволно да живеам, стан можеби кола, цел живот ќе го собирам тоа. Сега сопствениците на Accent кои верувам дека се бројат на прсти (не ги сметам нивните вработени кои најверојатно ги експлоатираат за 15 000 денари) ваквите пари па и повеќе ќе си ги лапнат за неколку месеци водење политика со власта. Не дека тие ја развиле технологијата, не дека технологијата е нешто нарочно или нешто скапо, НЕ ДЕКА Е ПОТРЕБНО (точка 3), и не дека ќе има ефект. Што е целта тука?

После ваква математика целта е јасна. Да се истриже уште еднаш македонскиот народ, некој да се наполни со пари, станови, коли и да се финансира одредена кампања. Некој вика не се многу 5000 денари. За жал не се 5 000 денари туку се 5 000 000 евра.

Ај да беше само ова ами приватизација на градежно земјиште намалување на животен стандард и куповна моќ. До питачки стап ќе не донесат со тие нивни даноци, давачки, "мали" издатоци. Се заради многу моќната и прекрасна држава во која живееме како да сме во Америка па ни пружа кој знае што.


Линк од постот.


И најсе, јас прашувам:

Кој ќе ја сноси одговорноста за утката со патриотските фискални, на која цела упатена македонска јавност предупредуваше, а која чини ни помалку ни повеќе, туку 5,5 милиони евра, што е еднакво на две афери со резервни тенковски делови.

Дали постои начин да се поднесе иницијатива до Уставен, за да ја преиспита уставноста и легитимноста на ова неписмена и некадарна Влада ?
 
Ова е резултат на носење едно чудо нон-сенс закони за дел од секунда. Закони кои "мораше" да се донесат, кои не можеа да се донесат заради блокирањето на парламентот од страна на опозицијата и заради кои имаше предвремени избори летово (ако ви текнува).
И 80% од тие закони ќе паднат на уставен, затоа што се изгласани во афект, колку да му се замачкаат очите на народот дека нешто се работи, место да се донесат квалитетни и издржани законски решенија.

Владата покажа дека за некои работи е како пијана кокошка, никого не гледа и никого не слуша. Пред да се донесе законов за "патриотски сметки" ист таков закон беше повлечен од употреба во Хрватска. Ама Грујо и Славевски се горделиви, демек зш да учиме од грешките на другите кога можеме да учиме од нашите грешки.
Епа бујрум сега Влада, ако не им ги вратат парите на трговците кои сега мора да ги сменат фискалните мемории, отидоа јабана 100.000 гласа и 5 зелени коцки репутација.
 
да ми се исуши раката што те изгласа....реков одамна...ама не ми се исуши и сега не те гласам..јас и уште стотина роднини и пријатели...плус стотина илјади бранители со семејствата...

оваа година за потребите на партиските фирми и сметки државата преку закони неодржливи казни и квази прописи мене ме олесни за околу 1200 евра и проба ама не успеа за уште три пати по толку... башка време нервози, неспособност, лоша бизнис клима и нелојалјна конкуренција...

за џими ке гласам...едни бугари други комуњари..удоле длабоко угоре високо
 
Ова е резултат на носење едно чудо нон-сенс закони за дел од секунда. Закони кои "мораше" да се донесат, кои не можеа да се донесат заради блокирањето на парламентот од страна на опозицијата и заради кои имаше предвремени избори летово (ако ви текнува).
И 80% од тие закони ќе паднат на уставен, затоа што се изгласани во афект
, колку да му се замачкаат очите на народот дека нешто се работи, место да се донесат квалитетни и издржани законски решенија.

Нема никаков афект тука пријателе.
Обрати внимание на следните зборови од текстот погоре:

- Значи да сумираме Accent добива околу 3 000 000 евра David нешто помалку од 1 500 000 евра.
- Accent е инаку спонзор на кампањата на власт во минатите избори.
Коинциденција а? Исто е конинциденција што еден од сопствениците на Accent му е роднина на премиерот.


Се е тоа со умисла, добро и прецизно одработено.
Нема случајности, нема афекти, нема конциденции.
 
Нема никаков афект тука пријателе.
Обрати внимание на следните зборови од текстот погоре:

- Значи да сумираме Accent добива околу 3 000 000 евра David нешто помалку од 1 500 000 евра.
- Accent е инаку спонзор на кампањата на власт во минатите избори.
Коинциденција а? Исто е конинциденција што еден од сопствениците на Accent му е роднина на премиерот.


Се е тоа со умисла, добро и прецизно одработено.
Нема случајности, нема афекти, нема конциденции.

Ги знам сите тие работи. Исто како и тој што го цитираш, и јас сум програмер и во фирмата се занимаваме со услужни програми кои користат фискални каси.
Повеќе од јасна е играта со Акцент, се е тоа за финансирање предизборни кампањи, та нели и префискализацијата беше баш пред изборите, до 1-ви Јули мораше да се префискализираат сите фискални апарати. Тоа е тоа, мора од негде да се полни партиската каса.
 
Ova, koj si ima muata na kapata si veli ish??? A Power???

P.S. Rekov jas dzabe crtam....se najde vo prikaznava moja duri i detulevo Power...verojatno kako detule partisko?? SE izvinuvam ako ne e partisko maloumnice....oti...malite koi se zalaufaaa (cuden zbor neli? Jas sum car na cudnite dumi i misli)...da ti objasnam...se odnesuvase na gazolizacite na Pwemiewot, takanarecenite ministri i drugi negovi sovetnici....zatoa...mil moj Power...ne si laskaj! Kvazimoknikot e pwemiewceto ni krivonogo....kolku da docrtam...sega...pojasno ke da e cinam!

Многу ми е мило што не сум во тие гзолижачи на Пвемиевот.
П.С Возрасен човек си, не биди толку очигледен кога си ироничен, апла се гледа.Всушност што знам јас за тебе, нели сум детуле, вие "големите" сте најпаментите.
 
Дали некој ќе одговара за предизвиканата штета и Дали повторно одговорните ќе викаат пу пу не важи?
 
Сега треба да платиме за да ни го вратат стариот софтвер SHIT!!!!!
 
a be sto ve cudi, tek ce padjat zakoni na ustaven....vlasta pravi zakoni koi ne da tupat nego neznam...rabotava e ostvaruvame
Од Уставен Суд , пред некое време, се поништи и одлуката за начин на оданочување на фирми што имаат годишен промет до 3.000.000 денари. Нели, тие фирми требаа да плаќат 1.5 % од годишниот бруто промет, независно од состојбата : приходи-расходи. Затоа што, одлуката ( или законот) имаше ретроградно дејство, Уставниот Суд го поништи и тие фирми до 15.12.2008 имаа обврска да до УЈП да донесат нови годишни завршни пресметки направени по старо. Значи, нови трошкови за фирмите.
 
Сега треба да платиме за да ни го вратат стариот софтвер SHIT!!!!!
цук владата ќе мора да го плати и она за ставањето, значи да ни ги пребие парите на некој начин.

Но и промената сеа.

Само незнам за времето дали ќе ни плати отштета бидејќи инспекцииве ко будали шетаат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom