Гледам малце како боцкало си на секоја можна тема, нешо слично Анон. Поентата не е таа. Комуналните служби во градот до 7 и 30 го расчистија ѓубрето, сликите се сликани во 5 и 30. Колку и да ви е тешко да поверувате, Охрид изминатите 10 години живееше од странски туристи кои апсолутно никогаш не оставаа вакво ѓубре ниту се понашаа дивјачки спрема градот. Ако си дошол на одмор не значи дека треба и одговорноста и совесноста да си ја оставиш дома,ако воопшто ја имаш. На Охрид не му треба масовност, тоа го увидовме сезонава. Умерена, но квалитетна исполнетост за да може да уживаат и гостите и домаќините.
Е сеа малце околу другите туристички центри.
Барселона иако живее од туризмот, пред неколку години мештаните организираа кампања за ограничување на сместувачки капацитети преку Airbnb бидејќи градот станува неподнослив за живеење. Јас кога бев секаде беа испишани графити Tourists fuck you go home. Тајланд од годинава ќе прима само елитни туристи сместени во хотели, не знам побарај некоја тајландски форум и пожали се таму, може им е утната стратегијата.
Прашај кој било што живее во Минхен какво мислење има за Октоберфест, па титни ми, ќе ти ѕвонам.