Јас зимата бев еднаш и истата прикаска ко во секој локал во Охрид, да се земит максимум а да се вложит минимум. Местото е средено тип топ, ама џабе пошо се изгледа е само мачкање очи за да не се приметит колку недостатоци имат. Прво звонам за маса една недела унапред зафатено е. Оккк, ти се чинит резервираш маса во некоја дискотека во ЊуЈорк, не во Охрид. Ај ојдовме така само, без маса.
На влез не пречека едно менаџерче шо можда 10 пати ме праша дали маса иаме. Во 11 и пол уште пола од резервираните маси не беа пополнети, а местово работит до 1. Сепак тие маси се резервирани за нивните стални гости, така ни кажаа. Имаше 4 келнерки и двајца во шанк. Пијачка чекавме добри 20 минути. Никогаш не го сфатив концептот шо толку многу кафичи во Охрид го имет разработено. Идаш на свирка, на висока маса, тип топ средени сите, и шо ќе нарачаме? ПОХОВАНИ ЗДЕНКИ И ПИЛЕШКИ ПРСТИ. То внатре зачадено, очите ме пржеа, излегвев надвор за да се соземам од шо беше зачадено, абе гајле немет луѓево, на сите маси од тие пржејнците. Секако разбирливо е ова пошо Охрид на свирки никој не играт, ауу недај боже да те видит некој кај шо играш и се забавуваш на некоја песна, срамој живи ќе те зборвет. Поубо да стојш ко мумија и да си мацкаш од пржејнците отколку да се забавуваш. Сепак то е то шо се прајт на свирка, нели.
Си заминав кај 12 и пол тотално разочарана и си се потсетив на еден статус шо го имав напишано пред 3-4 години, од прилика беше вака:
Ноќниот живот во Охрид опишан во една реченица - Поубо да си останев дома.
Не знам, имат нешо и до луѓето најверојатно. Истите бендој шо свирет Скопје и прает супер журки идет Охрид и е најтапа на цел свет.
Не памтам кога последно сум излегла Охрид и сум си поминала убо. Најверојатно пред многу години на ѕидчињана пред паткана со пиво купено од 23ка.
Секој локал во Охрид имат по некоја мана. Куба од ко реновираа не го сфаќам концептот, сакет да фурет и вечера и забава на исто место. Не можиш да организираш забавни свирки и да ги викниш луѓево да седет на маси ко за на слава. Не се стварат атмосфера,џабе. Ликвид/Кадмо одамна не се то шо беа, до кај 2012-2013 имаше интересни журки таму, сеа само за на кафе денски се.
Даблин имат рокче ама ме фаќат инает пошо никоаш не ми дават сметка ( а прв се бунеше сеа за финансиска поддршка од државава ), пошо се пушит внатре а никаква вентилација немат, и пошо истите 2 бенда се цело време. Паткана веќе е дискутиран сто пати и на секое излегвење ко ќе се поднапијам малце и ко ќе сакам да продолжам некаде после 1 се нервирам пошо морам да одам таму. На цела пара денар немат вложено. Уствари ги исфарба ѕидојте, пардон. Еден звучник немат ставено надвор во дворон да се слушат музикава, најверојатно пошо луѓето шо ќе поминвет надвор ќе ја слушет музикава за беспари, не мојт да истајт некој денар од то па за инает не стават. Пред 2 години летото излеговме друштво, нарачвам текили ми ги носит во тие чашите попарени, топла текила не знам дали сте пиеле ама е многу лоша. Вода викам ако можит, ко ми преврти со очите, обобооо. Хавана не ја коментирам, си имат клиентела очигледно. Џез е ок ама имат изгубено од дражот последниве 2-3 години.
Сите нешто пробвет многу да се софистицирани, вложвет пари во ентериер, во изглед, во продавање некој луксуз. Зошто? Ко ќе излезам некаде не ме интересират каков е ѕидот и каков е ентериерот, сакам да имат уба музика и атмосфера и да не чекам 20 мин за пијачка шо ќе ја платам 200 денари.