На полигонот се играше ракомет и тоа машки ЕМО -Електромонтажа и жени Отекс.најголем дострел беше втора лига и за М и за Ж.Пишите збор два за полигонон порано јас сум 96' и од ко знам онака е запустен. Имам по слики стари глеано ракомет дека се играло ама незнам која годинаи малку чудно ракомет на бетон. Поздрав
Големината на овие две екипи беше тоа што 99 посто од играчите беа од Охрид.Верувале или не ЕМО -ОХРИД ја имаше најголемата и најдобрата ракометна публика во Југославија.Емо играше Втора лига во времето кога Металопластика беше една од најдобрите екипи во светот,Пелистер беше втора екипа во Југославија а Емо играше пријателска утакмица со Пелистер на второто игралиште до Европа-Ресторанот и ги парчоса.
Утакмиците се играа во недела во 10 сабајле картите беа 5 Ју динари ....заткаааа секоја утакмица 5-6000 илјади и плус 100-200 души гледаа од покривот на офицерската зграда.Каков Вардар,Пелистер,курци палци ви пишат по форуми за публика,дечурлана шо вчера почнаја да гледаат ракомет.Дерби утакмиците со Струга беа прави доживљај.
Не можеа да се договорат Отекс и Емо да изградат таму сала за 8000 илјади ,едини град шо немаше спортска сала.
Да имавме прави луѓе на право место Охрид денес ке беше Барцелона.
На полигонот во 80 тите се играше најголемиот турнир во мал фудбал организиран од Палас -Турист над 120 екипи играа ,мајстории од Варош Мало Прилеп,Маџар Маало Скопје,Неон Скопје,Фенербахче-Кичево,какви екипи имаше од Охрид,тепачки Велгошти-Велешта...јас бев на трибини а Буџак голманот го бркаше играчот-шиптарот и ни избега на Партизанска автобусот за Струга застана и го качи(ова се деси за време на утакмица)хаха луди времиња.
Ова е носталгија шо тешко е да му се пренесит на младите ген.средена држава.Бившите Ју републики беа расадници за спортисти со топка.
МАЛА ИЗМЕНА СО ГОЛЕМИ БУКВИ ЗА МАЛИОТ ФУДБАЛ
МОРАМ ДА ГО СПОМНАМ ПЕТРИТ ЃУПТИНОТ(никаква намера да го навредам блиски сме)НАЈДОБРИОТ ГОЛМАН ВО ЕВРОПА ЗА МАЛ ФУДБАЛ ШО СУМ ВИДЕЛ И ИГРАЛ.КОЈ ОДБРАНИ И ПАРАДИ НА ПОЛИГОНОТ.КОГА БРАНЕШЕ ЗА Г.ПРЛИЧЕВ НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО СЛОВЕНИЈА БЕШЕ НАЈДОБАР ГОЛМАН НА РЕПУБЛИЧКО НИВО.ПЕРО ЛЕГЕНДА Е.ЖИВЕЈТ МИСЛАМ ВО АМСТЕРДАМ.
Автоматски споено мислење:
Згрешив некоја буква...се дешават.Сестра имат, немат брат.
Јас на све,кај шо е сега музичкото и историски архив се викаше (До брезачка)
И овде си јанглаш, Дуборезачка се викаше.
Тука беше живо до почетокот на 90-тите години, од маалата тука игравме фудбал, кошарка, се одржвеја работнички игри, дерби на колото Алатница со Братство. Ко ќе имаше од игрите мрежи на голојте се местеја, навечер рефлектори, то беше доживљај. Уште памтам Екстра Гоце ко даде гол со волеј, играше за Застава и им даде на Езерка гол. Истрча почесен круг и на сред игралиште на асфалтон на колејнци се спружи. Пола се смееја, пола за гла се држеја. Времиња, тешко дек ќе се вратет.
Последно уредено: