Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Лелеее, ова не е ни смешно повеќе да ти кажам право. Некоја болест има во МКД сигурно, штом сите се забегани до даска.

Првиот патеше од шизофренија, овој како што гледаме е класичен психопат третиот наследник кој знае што дијагноза ќе има :D
И не не е смешно, жалосно е ова што се прави во Охрид.
 
И она кај Детска болница и она под Плаошник ги шитнаа на луѓе од Скопје.После ќе викаме сите скапо е во/у Охрид, клет народ.(и поинаку не би праело многу разлика ама ај балканското).
 
Охрид моментално не е потполно празен заради локацијата, ако го немавме езерото и културното наследство (кое патем никој од моменталната власт не ги почитува, поради тоа што се гради околу нив и од најавите за дополнителни градби кои се надевам дека никогаш нема да се изградат на локациите кои се најавени.) ќе бевме бетер од Македонски Брод.

Никој не верува дека Охрид е мизерен само заради тоа што секој што не е од овде иде само преку лето и добива погрешна слика за градот, и градот добива финанскиска инекција т.е граѓаните преку зима туркаат со тие мали пари шо ги заработиле за време на летото.

Не само што е празен градот туку и духот на тие шо останале е пред умирање, немат никаква забава, немат никаква култура, ништо не се дешава.
Вечер да излезам во 9 саатот низ чаршија ќе имат 10-15 души а крај езеро од 0 до 5.
Најмногу гужва ќе има низ кладилнициве кои ги има премногу, ако ги броиш имат колку шо имат кафичи и ресторани.

Не ми смета шо ме мамат дека градат нешто, не ми смета шо градоначалникот за две години изгради 2-3 плоштади и стави 10 канти, не ми смета што ги избркаја сите млади колку шо ми смета кај што гледам како градот пропаѓа, и не гледам дека работите можат да се менат, барем не за брзо.
 
@Makaron
Не знам чива кривица е ова, дали Аце не остави со преголеми долгови или на Бакрачон му ги цицаат парите бидејќи некако после бомбиве им секнаа изворите на пари.
Во секој случај, Охрид помизерен, потапа никогаш не бил.
И на лето ова се однесува.
Еве ќе земам да споредам летото 2012 кога работев и сега ова лето 2014. Таму каде шо работев во 2012 бев "по потреба" , а одев уствари секој ден зошто секој ден беше преполно и туристи имаше преку цела недела, значи ко зафатија од јули некаде до 15ти август секој ден бев на работа. Ова лето, не туристите да се преполовени, туку 90% помалку луѓе, ни за викенди не беше тоа тоа.
И згора на се, ќе градат хотели во кои еден просечен Македонец нема теоретска шанса да престојува за летен одмор.
Се правиме Палма Де Мајорка,а сме на рамниште на Кичево само со езеро.
Сите знаат многу добро во шо е проблемот, а се прават глуви.
Охрид од шо е толкав град на завист, сите меѓусебе ќе се појадиме за да бидеме единствени во се.
Три-четири кафани има со нормален амбиент кај шо јас пример не можам да си дозволам во вечерта да се опрчам 2000 за две вина, салата и плескавица. Ефтина кафана нема (биртиите не ги вбројувам) и нема да има зошто тие скапџиите не го дозволуваат тоа, за да излезам пример и да седнам ко човек и да се напијам ко човек и да слушам староградска музика,а не певаљка да ми се треси ко епилептична.
Во кафичите никаква забава нема, знаат дека е петок/сабота сите ќе се излезени, диџеј ќе го викнам комшијата од трети и нека пушта unknown artist-track 1. И кога и да си одам не ми се излегува од овие причини, тапа музика, скапи пијачки, плус од шо нема живо пиле по улица и такси треба да плаќам, практично ако немаш спонзор вечерта ќе поминиш со 500 денари за да го видиш цел град нашминкан кај професионалниве шминкерки :D
 
Кривицата за моменталната ситуација е на овај градоначалник и на тој пред него во вториот мандат, првиот му беше океј, вториот му беше исто како на овај сега, ништо не се правеше само се вработуваја луѓе во општина, нискоградба, водовод, комунално...
Ама тогаш барем чист беше градот, сеа не е.

Е сеа, за економскиот (не)развој крива е владата и секторот за туризам и локален економски развој.
Најавени се инвестиции во форма на некакви си фабрики или погони незнам точно пошо нема премногу информации зш тоа си го чуваат за пред камера за фалење и го имам слушнато 2-3 пати.
Покрај тоа знам и како се аплицира за работа таму, активистите на една партија добиваа пораки ако сакаат да аплицираат, а после нив на ред се обичните смртници.

За туристичкиот развој и промоција кои не постојат криви се исто тие сектори погоре и неписмените што работат таму.
Нив најголем успех им е делење флаери за Охрид на туристички саеми на балканов и то, не сум слушнал за други нивни активности.
Иначе заејќи го динамичното темпо на туризмот тие треба да се најгласни и најактивни за привлекување на туристи.
Но нивната неписменост очигледно е преголема.
Несакам ова да звучи како навреда но јасно е дека луѓето во Охрид туризамот го земаат здраво за готово и мислат дека луѓе со машински факултет можат да го менаџираат.

Затоа туризамот е хаос, се нема концепт и се нема цел, се лута како летало, кај шо ќе дувнит ветрот, ако се продолжи вака секоја година ќе има се помалце народ затоа што ќе нема никаква понуда од наша страна.
Езерото и културното наследство неможат сами од себе да соберат добра туристичка маса.

За рестораните и кафичите е вистина тоа шо си го пишала, исто тука криви се тие што треба да ги контролираат нив, но ако имаш врски ќе ти биде дозволено да правиш шо сакаш, ако немаш ќе те затвараат на секоја минимална грешка.

Едноставно е, кога ќе собериш све што се случува со тие што треба да го развиваат градот ќе добиеш резултат кој што моментално го живее Охрид.

Да имав сеа некоја поговорка како со неписмени луѓе не се прави ништо ќе ја пишев, ама незнам.:icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Кај бе Охрид ќе го прават индустриски град?! Нема никаква патна поврзаност, нема железница, нема доволно луѓе.
Замисли имаш фабрика во Охрид и на зима ти викаат неможе камиони да стигнат до Охрид 2 месеци поради снегот.
Нема проблем, ќе ја ставам робата во воз...oh wait...
 
Каква индустрија не заебавајте, ако Макарон мислиш на странскиве инвестиции пиши пропало, никој не учел факултет за да работи за минимална плата и колку да речат еве вработуваме.
Да, вработуваат, ама на луѓето им даваат колку за да преживеат,а не за да живеат, како шо се живееше до пред неколку години.
Се додека не се средат тие градски шерифи кои одлучуваат кој пијалак/јадење колкава цена ќе има и кој кафич ќе го јади од ујп, до тогаш ќе слушаме незадоволни скопјанишчта, а богами и охриѓанчиња :D
Многу работи не чинат, жално за езерово, за убавите плажи ( прва горица на времето пространа плажа, одиш фамилијарно во недела со скарата, столиците, масите и цела покуќнина, а сега таму ги гледаш сите брачки од Лешани и Велгошти) Порано многу идаа и од Битола на еден ден или на викенд, ама не ни чинеа. Сакаме елита да направиме,а немаме ништо да понудиме освен паркинг од 100 денари, пластична лежалка од 150, гнасно езеро и отров кафе кое во уста не се става и без соодветна сенка.
Шо ги кошташе шо ги кренаа сите трафики? Шо им сметаше опстојување на каков било бизнис? Тинекс и Рамстор не вртат парите во Охрид,а минималец не можи ништо да си приушти освен да си ги плати сметките дома. Овие газдиве на дуќаниве в чаршија се посебна прича со кириите, ама ај..
нема иднина едноставно
 
То е, мислевме дека градов ќе цветат ако вмроец е градоначалник ама испадна дека не е така и то..јбг.

Уште долго ќе требит за да се средат многу работи, ако имат останато некој тогаш ќе почне конечно да живее како шо секој чоек си заслужил.

Тие колку и да се неписмени неможат да ги уништат убавините на Охрид во кои секогаш можиш да уживаш со другарите, дечко ти, женска ти...:)
 
Кај бе Охрид ќе го прават индустриски град?! Нема никаква патна поврзаност, нема железница, нема доволно луѓе.
Замисли имаш фабрика во Охрид и на зима ти викаат неможе камиони да стигнат до Охрид 2 месеци поради снегот.
Нема проблем, ќе ја ставам робата во воз...oh wait...
А демек ак имаше воз ќе цутеше индустријава?
Сеј ре не си го мами умот.
 
То за на лето е веќе друга прича. Тука све ни е јасно. Не да е скапо, прескапо е. Од смештај, до пијачки, јадење иии.... абе све, изгор ти е...
Кој црни туристи, кој глупости.
Ми се гадит од градов едноставно, посебно од народов. Гледам и се молам на господ шо побрзо да си одам од овде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom