Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Тендер за нови канти 250.000 евра. Е така се богатет политичариве наши.
 
Ај то океј шо пишавте вие погоре ама мене ми е шо ќе се најт некоја пијана багра индијанци и ќе ги откорнет/оштетет кантиве.
2-3 недели им давам макс. Такви сме, жално.
 
Јас не знам шо им фалеше оние со сини најлони шо ги поставуваа, многу попрактични и понеподложни на оштетување.
 
Ејј сејте сеа мирни вије не знајте дек 10 канти и сандуче за пилиња со книги се сериозна работа, сејте не играјте.
 
Фасцинирани сме сите еј, цел град еј жими очи ви вељам и то за шо за дест канти.
Море ја грабнав вчера коконана за рака и и вељам ел мор да те прошета во чаршијана да ги вијме новине канти.
 
Ај то океј шо пишавте вие погоре ама мене ми е шо ќе се најт некоја пијана багра индијанци и ќе ги откорнет/оштетет кантиве.
2-3 недели им давам макс. Такви сме, жално.

Ако не ги спомнеа кантиве никој и немаше да ги заприметит, овие се фалат ко санкир незнам шо напрајле, па вистина на некој пијаница и ќе му паднат в очи и ко ќе е во таква стања не мојт да размислуват мн трезно па ќе речит еве новиве канти сеа ќе му ебам матер..
Бруки живи сме, се креват фама дека се поставиле дури 10 нови канти, и шо е за право вистина ќе се искршет па пак ќе имат слики од то дека биле искршени..

Али ипак еве тргна работата годинава, засега се поставени 10 нови канти за отпадоци, до летово се очекуват да се реализираат уште вакви големи проекти кои ќе го направат Охрид право туристичко место.. Замислетеа реакцијата на туристите коа ќе ги видат кантите „вау“...
 
Ај то океј шо пишавте вие погоре ама мене ми е шо ќе се најт некоја пијана багра индијанци и ќе ги откорнет/оштетет кантиве.
2-3 недели им давам макс. Такви сме, жално.
Мене сколовранци елкана новогодишна од пред двор ми ја зедоја ти си ми запнал за кантиве ќе ги немало:) Чек немат уште брачки поминато иначе ќе ги ништет одма. То е некултура, невоспитани, нецивилизирани љуѓе, еми ак се толку јаки оти не мавна со глајте кај Климета и Мете во мермерон?
Силни се море ти незнајш дек оније бетонскине канти в езеро ги фрљаја која поќе вода ќе кренела, пијана работа.[DOUBLEPOST=1424727154][/DOUBLEPOST]
Али ипак еве тргна работата годинава, засега се поставени 10 нови канти за отпадоци, до летово се очекуват да се реализираат уште вакви големи проекти кои ќе го направат Охрид право туристичко место.. Замислетеа реакцијата на туристите коа ќе ги видат кантите „вау“...
Тргната е годинава, за 20 ступчиња бетонски во Пештани клајени на тротоар за да не се паркирвет колине, а и за оније 23ипол ступчиња бетонски (жолтине) позади општина кј економсконо, се изнафалија се изнасликаја, Пештани дојде и стрико Миле Јанакиески и бата Грујче, воввв еј јас просто сум фасциниран, пола дражвен врв дојде да вијт 20 бетонски ступчиња, само незна кј го имат ова нашево нццц![DOUBLEPOST=1424727294][/DOUBLEPOST]
Следно шо е?Засадивме петнајс корени каранфили?
Испод палме на обали мора:D Палми сакале да ставет, јас сум за карфијол да посадет, ќе си бериме за туршија да си стајме:D
 
Последно уредено:
:bravobe: :busi:
Скопска фирма ќе гради хотел кај поранешната Детска Болница
Вести | Охрид | 05.03.2015 17:40Посети : 94
Скопска фирма ги купила објектите на поранешната Детска болница, која е лоцирана на Охридското крајбрежје во населбата „Свети Стефан“. На јавната аукцијата која се одржала денес била постигната цена од 11.000 денари за метар квадратен, односно за површина од 6.700 метри квадратни биле понудени 1,2 милиони евра. Според најавите, на овој простор ќе биде изграден хотелски капацитет со пет ѕвезди.


Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески позитивно ја оцени продажбата на двете згради, кои достигнале четири пати поголема продажна цена од почетната.


bolnica_1.JPG



-Локалната самоуправа ќе се води исклучиво од долгорочните интереси на градот Охрид и неговите граѓани. Продажбата нема никогаш да се случи според тоа дали на градот Охрид му требаат пари или не доколку таа не содејствува со она што претставува долгорочна стратегија и визија за развој на Охрид. Атрактивното градежно земјиште ќе може да се продава во оној момент кога ние ја определуваме намената на тоа земјиште, а која што намена треба да биде во интерес на идниот развој на градот, потенцира Бакрачески.


Тој објаснува дека продажбата на државно градежно земјиште во Охрид кое не се реализира по секоја цена и е определено од долгорочната стратегија за развој на градот и позитивно ќе се одрази во приходната стапка во структурата на буџетот на општина Охрид. Еден дел од добиените средства ќе може да се наменат за враќање на големите наследени долгови на општина Охрид, а дел за реализирање на одредени проекти кои што се предвидени во програмата за работа.

Edit>
Какви се тоа случајности, ви се молам
РУИНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ НА НЕКОГАШНАТА ДЕТСКА БОЛНИЦА ПРОДАДЕНИ ЗА 1.220.000 ЕВРА
НА 05 МАРТ 2015. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Објектите на некогашната специјална детска болница денес, беа продадени на електронската аукција организирана од Министерството за финансии.

detska%20bolnica.jpg


Скопската компанија КАМ ФУД била најповолен понудувач, неофицијално дознава ТВМ .
Најповолниот понудувач на денешната аукција доби десет објекти со вкупна површина од 6751 метар квадратен. Почетната цена за истите изнесуваше 2655,10 денари за метар квадратен, сума која до крајот на аукцијата достигна до 11.000 денари за метар квадратен или попрецизно, сите објекти на некогашната детска болница беа купени за износ од приближно 1.220.000 евра. На аукцијата, наддавале вкупно тројца учесници. Неофицијално покрај најдобриот понудувач, учествувале и охридската фирма ГС Груп и сопственикот на хотелот Гарден, Наумче Бакрески. Очигледно за атрактивната локација на охридското крајбрежје интерес покажаа само домашни инвеститори иако предходно во јавноста се споменуваше дека компании од Катар, Украина, Азербејџан и Англија билезаинтересирани за изградба на објекти за развој на здравствен туризам.

bolnica.jpg


Инаку, објектите на болницата, од нејзиното затворање во 2007та навака, постепено се девастираа и руинираа, а важеа за една од архитектонски најдобро осмислените и најцврстите градби на охридското крајбрежје. Последниве години често се споменуваше идејата да се даде нов живот на објектите на детската болница. Како една од идеите кои долго време се заговараа, беше идејата во просториите на детската болница трајно да се премести Заводот за кардиоваскуларни заболувања со цел зголемување на просторните капацитети.

Паралелно со оваа идеја, се споменуваше и идејата за изградба на луксузен хотел на местото од детската болница како и капацитети за развој на здравствен туризам.

Што, како и кога ќе градат новите сопственици на оваа локација останува да видиме.
 
Последно уредено:
Ама ова на долгорочен план е.
Во Охрид нема ниту еден хотел покрај езеро, сега кога ќе изградат хотел со по 50 евра од вечер, ќе се тепаат луѓето за место, ќе треба месеци уназад да резервираат.
Ги усраа малите бизниси, сега хотели ќе градат.
Уште малку и ко Ордос ќе станиме.
Недај боже да ти текни нешто кафана,кафич да отвориш в центар да им станиш потенцијална конкуренција на "бизнисмените", гла од ујп нема да крениш.
 
Јас пред изборите си викав... ај баш сакам ВМРО да дојт на власт. Пошо секако централната власт е нивна, па нормално е на свој чоек во Охрид да му давет појке кеш одколку на Петрески.

Очигледно сум бил во грешка. Охрид не да е ТАПА, туку е во тотален краш. Пола чаршија е затворена, и уште УЈП идет на визита пред најголемите празници од типот Водици, Нова Година, итн итн..

КАТАСТРОФА. Нек ојт овај Бакрачов, нек се фрлит од негде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom