Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали приметивте, ама последниве 10 дена на охрид њуз вестите се следни:
СДСМ: рандом обвинување до општина
Општина: оправдување и да се искористит приликата, ново обвинување до СДСМ

И така во круг.....Дно дна.
 
Не дека се дешават нешто низ градов па да пишат, дури ни тепачки немат, незнам шо им стана, на печалба мојт се заминати...:toe:
 
Немат тепачки, кој во бегство, кој в затвор, кој под земја, кој го смирија со работа/тендерче...
Кадмо го затворија, Еспана ак имат нешо за покажвење мускули меѓусебно, инаку депресија жива.Никогаш ко сега не сум гледал толку постари луѓе низ градов, ко негде Скандинавија да сме (минус културата).Бар да ни беше стандардот пола од нив.


Бонус:

ОХРИДСКАТА ЧАРШИЈА ИЗУМИРА
НА 09 ФЕВРУАРИ 2015. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Охридската чаршија полека, ама сигурно изумира. Од почетокот на новата година па до сега затворени се десетина дуќани. Високите кирии и неможноста да издржат на пазарот, ги натера голем број охриѓани да завршат со своите бизниси. Тие кажуваат дека доколу сте отвориле бизнис во самата чаршија тогаш ќе мора да издвоите 600 или 700 евра месечно ако дуќанот е на самиот почеток на чаршијата, па се до 1000, 1500 па дури и 2000 евра месечна кирија во самото срце на чаршијата. А ако ви бараат за година однапред, ќе треба да искеширате од 7200 па се до 24.000 евра. Во разговорот што го направивме со дел од дуќанџиите разочарано кажуваат дека давачките се превисоки, а се случува во текот на денот и воопшто да не направат промет.
carsija.jpg


Криза, немаат луѓето пари, никој не работи, еве и јас мислам да затворам. Казните се големи промет нема, а давачките големи. Само за кирија плаќам 500 евра, вели еден дуќанџиа во охридската чаршија.

carsijaaa.jpg
И во трговскиот центар „Амам“ кој се наоѓа во самото срце на чаршијата, речиси две третини од објектите стојат празни. Иако на ова место би плаќале најниска кирија, и тоа некаде во просек од 150 до 300 евра месечно, секако ако дуќанот се наоѓа во внатрешноста на Амамот, а не веднаш на самата чаршија сопствениците на оние бизниси кои таму функционираат велат дека едвај врзуваат крај со крај. Од ваквата слика на охридската чаршија разочарани се и граѓаните.

За разлика од минатото кога чаршијата беше место на кое работата цветаше, сега е место на пропаднати бизниси на што потсетуваат катинарите на вратите на дуќаните и излепените излози. Оваа слика станува секојдневна па дали некој конечно ќе се свести дека Охрид економски пропаѓа и дека станува град на незадоволни граѓани кои се повеќе го напуштаат барајќи си ја среќата по белиот свет или во главниот град на државава. Последните статистички податоци покажуваат дека Охрид е на прво место по бројот на иселени лица во последниве шест месеци.



892DE0E5C6598644976B1CD931550ED9.jpg

Ako ова е показател за напредок тогаш по таква логика шо е лошо?
 
Aбе и вие, битно е да немат зијан по стоката, ние луѓево ќе се снајме :place:
 
‘Да не цитира редум накратко да се врза во муабетиве.
Кадмо по секако ништо немаше последниве ај да не претерам 4 години, особено овије 2 ептен апла беја не ни им стапвеше чоек натре, последно уш шо требаше им беше инспекцијата па се бркаја со џандарите па ги фрлија на овије од ујп в магацин закључени:pos:, па гумите од колите парче сторени, абе урнебес шо. Киријава е стварно висока и то од секојпат било така, али се немат разбирање и кај овије шо издавет простори. гледаш дек економски нечинит работата па љуѓето кај тебе се од памтивек киријаши биди малце разбран па дај им некоја понуда намали им ја киријата на одреден период, али џабе кој се разбрал со ними? И ќе се жалат послем, еми така е крија в небо, давачки кон државата в небо а вработените продавачки/и ќе се жалат на платата, еми ај како да им дајт поќе пари?
Сето најголемо движење на нас младиве сеа е Ликид, тро во Објектиф, План БЕ, она меанено наспроти План БЕ и крцкалчиња нешто кј Госип, толку. Навечер ти е истата шема ил си Љиквид ил си Хемингвеј со крцкалчиња па од тука ојш до кај Паторон и Жармена, ак сакаш ил Хавана кај Митрета и се то исто та исто. Али пак ќе речам морат да разбериме дека не сме није Мехетн, тук сне саде обично македонско градче шо живнува од време на време. Не е саде Охрид туку цела држава години уназад е ничкум сторена најпрво од економски па после и од социјален карактер, значит све си терат во надолна линија. Втор и многу битен фактор е дека није граѓаниве немаме голема платежна моќ, на шо се должит то секој си знајт шо имат во зељката тро акал па да не се прајме сите на Тошо овдека. А овај носорогов тако звани Гаргамел Бакрачески е еден од најкатастрофалните градоначалници шо постоел во градов, чоекот благе везе си немат со работава зато не ни сакам да го коментирам. Значит не е само Охрида града тук цела земја си еба мамата.
Џимејов е убо дете а мислам дек го зна:D убо си рече едната полоња негде се давит Дубаи ил по бродој на рабоќе, другата полоња е замината во метрополава на студирање џо утре од ними ќе бијт нешто (и секое враштање отаде едно та исто го слушаш) и она мала полоња ал осминашеснајстина сне ние обичниве смртници шо работаме овдека во градов.
То е шо да ви реча друго останете ми со зравје и бидете ми позравени, та сакале сте ме читале та сакале не сте ме читале:D
 
Ова е прептоставувам чувениот охридки нагласок, а? Појќе на кичевски ми личи, али што знам јас, важно е што повеќе да не се разбериТ

Ова е прептоставувам чувениот охридки нагласок, а? Појќе на кичевски ми личи, али што знам јас, важно е што повеќе да не се разбериТ

Malo pojasnuvanje,ova e debrcki dijalekt zato i te potsekat na kicevski!
 
Новозеландски дијалект е.
 
Линк
Денеска се поставуваат 10 нови канти за депонирање ситен отпад на градскиот плоштад и новиот мал плоштад. Новите канти имаат поестетски изглед и функционалност, со поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет.

510.jpg


10 нови канти, 10 нови канти!! ЈЕС!

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom