Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
кое невреме ...ги жалам тие што се имет затекнато на улица во овие моменти...
 
кое невреме ...ги жалам тие што се имет затекнато на улица во овие моменти...

Мислам дека никогаш претходно немало толку јако невреме во Охрид. Барем не колку шо се сеќавам во мојов краток живот :)
 
А шо е работава со овие мостовиве, бев со другари и се качивме на нив и кога ќе се допревме не фаќаше струја т.е не пецкаше.. На сите 6мина шо бевме..
Иначе времево не е ко за јуни, вечер мислам пак ќе имат невреме :)..
 
А шо е работава со овие мостовиве, бев со другари и се качивме на нив и кога ќе се допревме не фаќаше струја т.е не пецкаше.. На сите 6мина шо бевме..
Иначе времево не е ко за јуни, вечер мислам пак ќе имат невреме :)..

Не коби, сабота е, се скитат до касно :D а вистина не ми се давет пари за такси од ко ги поскапеа -.-
 
А шо е работава со овие мостовиве, бев со другари и се качивме на нив и кога ќе се допревме не фаќаше струја т.е не пецкаше.. На сите 6мина шо бевме..
Иначе времево не е ко за јуни, вечер мислам пак ќе имат невреме :)..

Можда ги копирет стружанине од пливалиште ,тест 1-2-3 :D
 
Се воведува и четврти чартер лет од Амстердам за Охрид
icon_at_textsize.gif

hol_gosti.jpg
Туроператорот „Корендон“ воведува дополнителен, четврти чартер лет од Амстердам за Охрид и го зголемува закупот на капацитети во хотелите на охридско – струшката ривиера. Барањето деновиве било проследено до македонскиот партнер „Фибула ер травел“.

-Од 1-ви јули до 14-ти октомври неделно од Амстердам за Охрид ќе има по четири чартер лета, а од октомври наместо предвидените два , ќе има по три лета. Со зголемува и бројот на гости од првично најавените 8500 на 14000, кои се очекува да остварат 110.000 ноќевања, што е зголемување за околу 60 отсто, истакна Дончо Танески, од асоцијацијата на хотелиери.

Холандскиот туроператор го зголемува и бројот на фиксен закуп на 10.000 кревети, што ги надмина сите очекувања на охридските хотелиери, кои по долги години ова лето ќе бидат исполнети со странски гости. Задоволството е дотолку поголемо затоа што бројките кои ќе се остварат оваа сезона беа предвидени за следната година.

-Барањето на холандскиот туроперaтор за нови соби под исти услови за уште еден лет пријатно не изненади. За нас тоа значи многу и ни влева доверба дека добро сме ја завршиле нашата работа, дека партнерот „“Корендон“ е високо професионален и дека имаме македонска агенција која знае да спакува добар туристички производ. Најважно од се е дека граѓаните од регионот добро ги примиле гостите и претпоставуваме дека тоа ни го носи четвртиот лет кој се надеваме дека ќе се полни и наредната година ќе имаме пет или шест летови, изјави Танески.

Хотелиерите се оптимисти дека добрата продажба на Охрид на пазарот во земјите од БЕНЕЛУКС ќе резултира со потпишување на нов договор со туроператорот „Корендон“ за фиксен закуп на капацитети во Охрид и Струга за период од три години.

OhridNews​
и ова:
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=32154

Интересно ...
 
Има негде кошаркарски дресови, освем она наспроти костурон шо беше?
 
За ФТУ Охрид неприфатлив предлогот на општината за пренамена на просторот од образовна во хотелско-угостителска дејност
icon_at_textsize.gif

Факултетот за туризам и угостителство од Охрид се противи на предлогот на локалната самоуправа која во Нацрт Деталниот урбанистички план за локацијата каде се наоѓа институцијата предвидува пренамена на просторот од образование во времено сместување, односно хотелско – угостителска дејност. За ова ќе расправа Советот на општина Охрид на претстојната седница на 29-ти јуни, што беше повод Управата на факултетот денеска да одржи вонредна седница на која едногласно била отфрлена иницијативата на градските власти.


pres.jpg

-Изразуваме длабоко жалење што предлагачот на планот, односно општина Охрид, нуди решение кое што е во спротивност со сите меѓународни стандарди и норми за лоцирање на факултети за туризам. Не мора да одиме подалеку, во соседството не само што не го попречуваат развојот и постоењето на вакви институции, туку напротив ги поддржуваат, изјави деканот на ФТУ Охрид, Сашо Коруноски, посочувајќи дека е жално што во годината кога оваа реномирана високообразовна институција слави 40-годишен јубилеј се разговара за разградување, па дури и за уништување на една институција која е заштитен знак на градот Охрид.


korunoskki.jpg

Коруноски истакна дека за Факултетот е неприфатлив предлогот за дислокација на установата во новиот образовен комплекс кој се предвидува на просторот на касарната, најавувајќи дека институцијата ќе ги употреби сите правни средства за заштита на сопствените интереси.

- Не прифаќаме по никоја цена дислокација на Факултетот за туризам од зградата каде е сега сместен која вреди милиони и за која постојано добиваме пофалби од странските колеги за опременоста. Кој може да си дозволи сега овде да дојдат багери и да рушат, ни најбогатите земји во светот таков луксуз не би си дозволиле, рече Коруноски, укажувајќи дека за проблемот ФТУ ги алармирал ректорот и министарот за образование и наука.


2.jpg

Од локалната самоуправа објаснуваат дека целта на измените на ДУП за просторот каде е сместен Факултетот за туризам не е дислокација на институцијата, освен доколку таа самата не донесе таква одлука.

- Согласно Генералниот урбанистички план на тој простор предвиден е хотелско – угостителски комплекс, но тоа не мора да значи дислокација на Факултетот за туризам во чија сопственост е зградата каде е сместен и тој може да продолжи да функционира тука и понатаму, а доколку тие сами сакаат да се дислоцираат тогаш на тој простор може да се градат содржини предвидени со овој план, објаснува Бранко Арнаудоски, раководител на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина.


o-na.jpg

Арнаудоски појасни дека со измените кои ќе се најдат на дневен ред на 29-та седница на Советот, ќе се овозможи проширување на образовната дејност на ФТУ Охрид и дека тоа ќе биде од полза на институцијата.

-На претстојната седница на Советот, општина Охрид бара на просторот каде што е лоциран факултетот да се предвиди изградба на универзитетско-хотелски комплекс во кој ќе егзистира постојниот Факултет за туризам и угостителство, а се во функција на поврзување на науката со праксата, посочи Арнаудоски.


arnaudoski.jpg

Од општина Охрид укажуваат дека Нацрт деталниот план за просторот каде се наоѓа ФТУ Охрид, ќе биде ставен на јавна расправа и дека за истиот ќе можат да се произнесат засегнатите страни и експертската јавност.


Горан Момироски​
Не е страшно да го префрлат ФТОН.Ама ќе изнаградат на негово место 54 згради во рекордно време ако го префрлат.Место некој парк да изградат...идиотизам!​
 
како ќе растит ко квасец овај глаучов Б.А., немет ситка веќе, мамето нивно :mad::mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom