Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Мувите на гомна сепак оделе :smee::smee::smee:

 
Синоќешните обилни дождови го поплавија Охрид. Поради излевање на реките Коселска и Грашница и каналите во населбите Воска, Лескајца и Далјан половина од населбите во градот се под вода. Не можејќи да се справат со водената стихија, жителите на населабата Воска денес ги напуштаат своите домови. Излевањето на водите од каналот кој поминува пред нивните куќи ги поплавил не само подрумските простории туку и приземните катови.
Жителите во чизми, до гуша во вода загрижено гледаат кон кон течението на
Коселска Река, на потегот од Прентов Мост до Алтанин Мост и вливот на реката во Охридското Езеро.

Последен пат, ваква голема поплава охриѓани ги оставила без покуќнината во 1962 година, кога исто така се излеале реките и каналите во градот и неговата околина.
Реките поплавија и илјадници метри квадратни обработени површини, во селата Орман, Опеница и Косел. Пливаат под вода посевите, овоштарниците, земјоделски пластеници и житни култури.
Поплавени површини има и по течението на Велмешка Река која е притока на реката Сатеска. Излевање на надојдените води од речното корито има во неколку села во општина Дебарца.

Селман стравува од ново прелеање на водите и предупредува дека градот од поплавите нема да се спаси се додека не се изрши пренасочување на реката Дајлан во Сатеска. Напомна дека за тоа треба помош од државата.
Дејан Паноски од билатералниот комитет за заштита на Охридско езеро причината за излевањето на реките ја наоѓа во неуредните корита, игнорирањето на проблемот актуелен повеќе децении а се однесува на изнаоѓање адекватно решение за средување на целокупниот слива на Коселска река. Згора на се, до сега не е направен биланс на протечната моќ на коритото при видок водостој и буци- вели тој.
Локалниот кризен штаб како и екипи на јавните претпријатија се на терен и работат на санирање на состојбите. Причинатата матерјална штета ќе се утврдува допрва.







animated_loading.gif
Вашиот коментар се испраќа. Ве молиме почекајте.
 
^да бе, јас со пливање стигнав нашколо :/ Трупови лебдеа додека доаѓав.
 
Во Охрид весело за Новата година


Десеттина илјади гости од земјава и странци, најмногу од Србија, Албанија, Грција, Словенија, но и Европските држави, заедно со охриѓани синоќа ја дочекаа Новата 2010 во Охрид.
Највесело и најживо, со многу луѓе кои се забавуваа со музиката на познатиот српски пејач Бојан Бјелиќ и нашиот Аренси бенд, беше на отворено, на централниот градски плоштад, каде тие си ја честитаа Новата Година под голем огномет.
„Прв па сум во Охрид за Нова Година и многу е убаво. Посакувам да бидат сите луѓе среќни“, рече гостинка од Тетово.
„Македонија е многу убава, а и Охрид исто така. Среќна Нова Година“, посака гостин од Холандија на Македонски јазик.
„Од Ниш сме и прв пат сме во Охрид. Многу ни се допаѓа, одлично е тука. Дојдовме со друштво. Ќе им го препорачаме Охрид на сите наши пријатели во Србија“, рекоа туристи од Ниш, Србија.
Освен на плоштадот, се славеше и во хотелите, рестораните, кафулињата и дискотеките на Охридската ривиера, каде повеќето од гостите ќе останат до недела.



a1

Ајде ево еден пример како треба да се однесувате на одмор во Охрид.

Доколку загинете житон од рампите немојте да плаќате 800 денари казна, НАПРАВЕТЕГО ОВА:


01.jpg



03.jpg
 
Абе ак сакет одма ќе го најдет фраеров шо сакал да орат.На она место имат полно камери.
 
rainy gray day in Ohrid

да не речам прекрасно :)
Ич не ми се бендисвит :(. Ем ладничко, ем да немојт чоек да излезит ради дождов.

Инаку, да прашам, ова новово Де Лаго, на местото на поранешно Немо е... паб?
 
Ресторан, го направија дека горе имаат апартмани и ресторанот најмногу им одговараше. Иначе само што се враќам од чаршија од место ни М немат секаде е фулл
 
Ресторан, го направија дека горе имаат апартмани и ресторанот најмногу им одговараше. Иначе само што се враќам од чаршија од место ни М немат секаде е фулл
Фул бате, и вчера беше накај 4 ипол, арно ама Стилс горе празно беше, се почудив.

Али знајш која е најдобра опција ко ќе е сегде фул? Фешн, кај AMC, позади киноно, таму многу големи се шансите да најш место, и плус ак си со женска, местоно е ебање! :)
 
Џимеј, кажи некое место покрај џез ин и дак...такво опуштено :) планирам да степам 5-6 дена кај вас малце, па aj да се покажете :icon_lol:
 
Фул бате, и вчера беше накај 4 ипол, арно ама Стилс горе празно беше, се почудив.

Али знајш која е најдобра опција ко ќе е сегде фул? Фешн, кај AMC, позади киноно, таму многу големи се шансите да најш место, и плус ак си со женска, местоно е ебање! :)

Да ти кажам право вчера беше така па и јас бев фешн можда сме се виделе :smee::smee:.

Иначе ме собраа Струга бев и таму полно секаде, ми се свиѓа празнично расположение :party:
 
Охриѓани среќна да ни е Новава година, од убо пубо да ни е!
Јас веќе три дена со ред не можам да го трнам дебилниов осмех од лицево, ама ми се свиѓат то! :asd:
Џимеј, кажи некое место покрај џез ин и дак...такво опуштено :) планирам да степам 5-6 дена кај вас малце, па aj да се покажете :icon_lol:
Вака сеа...
Објектив е ногу кежуал место, на старото место од Дак е;
Дак е преместено кај Ван Гог шо беше;
Ајриш паб е во долнион дел од чаршијана, кај скаличкине блиску;
Џез ин си е на старото место... овие се доста опуштени местенца.
И баланс ваљда знајш, во чаршијана спроти фото рекс.

Убав помин :>):

* осум пати место реков :))
 
Знам за дак, имам работено на времето во ван гог, фала сепак :wink:
Туку, да не знае некој, уште ли свират блум во баланс?
 
Знам за дак, имам работено на времето во ван гог, фала сепак :wink:
Туку, да не знае некој, уште ли свират блум во баланс?

Блум се распаднаја, од икс причини, ќе ти разглабам на мсн или по пп ако те интересират. Сеа не знам кој свирет, битно знам дека се далеку послаби од Блум.
 
Денес 19:00 а и некоја минута порано ако стигните собиранка во Фешн кафе - повелете :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom