Не би се согласила дека сега испаднаа турбофолкерите под дрво да пеат.Па такви певајки имало од секогаш,пред десет години силви бенд се дереше на сам плоштад кај фонтанчето во импровизиран шанк.Потоа исто на самиот плоштад над рибниот под дрвото гракаа милион таленти со години наназад.И тогаш имаше Холанѓани,Грци и Европејци па не сметаа.
Секој туристички град нуди услуги за најбројните туристи.Во Турција и Грција цели градови и острови се посветени на Англичаните,со знамиња,со кантри песни,со караоке барови,со англиски шанкери келнери.Кај нас не идат,иначе ќе видиме што биволи шетаат по улица низ светот.Нашите туристи во однос на овие говеда се цвеќиња,боље Срби и Хрвати од колку хулигани низ град.
Треба да се задржи аветнтичноста на Охрид,со живата традиционална музика со виолинче по кафани,но процесот на угодување на најбројните туристи не е процес кој може да се сопре.Во Несебар немаше место од каде не ечеше Цеца пред неколку години.
Значи сакам да кажам дека културата како туристи мораме да си ја задржиме,без разлика каде се наоѓаме.Не е крив турбофолкот туку овие недоквакани родители кој ги имаме денес:smir: