Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Се гради катна гаража ... а кој е статусот на подземната гаража под пазарот, нели имаше рампа, па сега нема?
 
Дали некој знае што бидна со домот за стари лица во Далјан?
 
... изградбата на приватно најавениот Дом за стари лица во населбата Далјан во Охрид (на локалитетот „Грашница“) не се реализирал и целиот проект со години е во целосен застој.

1000022420.jpg

...иако во 2019 година помпезно биле поставени темелите на објектот, а градежните активности започнале интензивно со рок на изведба до септември 2021 година, теренските работи набрзо биле прекинати.

... земјиштето од околу 8.400 м² првично било купено на лицитација од градежната фирма „Илинден“ од Струга, а објектот требало да го гради фирмата „Ха-Де“ (составена од компаниите „Еуро билдинг“ и „Океанија“) со капацитет од 400 легла, но инвеститорите не ги исполнија обврските во предвидениот рок.

... покрај политичките структури и градоначалници со години (уште од 2009 и 2014 година) го најавувале овој проект како готово решение за пензионерите, Охрид и целиот Југозападен регион сè уште немаат ниту еден функционален дом за стари лица.

... дури и да се доврши во иднина, здруженијата на пензионери постојано реагираат дека тоа ќе биде ексклузивен и скап приватен старечки дом, чии цени за сместување би биле недостижни за најголемиот дел од локалното население со просечни македонски пензии.

... за жал граѓаните во Охрид и понатаму се потпираат единствено на ограничените капацитети (околу 30 легла) на геријатриското одделение во Општата болница во Охрид или на вон институционалните услуги како што се негувателите ангажирани преку Црвениот крст Охрид.

...бидејќи објектот во Далјан е целосно приватна инвестиција на приватно купено земјиште, директните чекори зависат од инвеститорите и правните реперкусии што Општина Охрид може да ги преземе поради пробиените рокови.
 
Последно уредено:
Скоро готов е објектот, гледам се работи на него.
Само мое мислење е дека овој објект може да стане станови или хотел, не старечки дом.
 
Дали некој знае што бидна со домот за стари лица во Далјан?
Пола хотел пола пензионерски дом, ама со предност за полуживи Холанѓани.
Сопственил ГП Илинден Струга, исто како и Јуник и најтазе Славија.
 
Дали некој знае што бидна со домот за стари лица во Далјан?

Пола хотел пола пензионерски дом, ама со предност за полуживи Холанѓани.
Сопственил ГП Илинден Струга, исто како и Јуник и најтазе Славија.
Се јави и градоначалкикот:
 
Се јави и градоначалкикот:
Ај баш да видиме.
 
Ќе направи некој нешто за загадувањето? Вечерва Охрид најзагаден град во Македонија.
 
Ќе направи некој нешто за загадувањето? Вечерва Охрид најзагаден град во Македонија.
Кој да напрајТ?
80% уште живеат дека греењето на дрво е најефтино.
 
Кој да напрајТ?
80% уште живеат дека греењето на дрво е најефтино.

Пред 30,40 години Охрид имал можда два пати појќе жители.
Немало клими, пелети, топлински пумпи, соларно.Луѓе и на ќумур се грееле и на гуми.Школи и градинки, болници се грееле со мазут.Плус имало неколку фабрики од стариот систем со по 2 - 4.000 вработено.
А шо горат сегашниве фабричиња погончиња, увезен ни е цел отпад од ЕУ шо ние си го викаме нова кола и имаме по две три дома з'ш срамота е пешки и секој посебно се возит, деца се носет и враќет до нашкола со коли исто, а јавен транспорт имат ради реда (80-те до секое село по Дебрца, кун Св.Наум или Курајца без еуро меуро стандард глупости).
А да, и 'развојот на градот' со просек 2 згради на 100 метри квадратни, попатно ниедна од новите згради не се градит со оџаци и логично да намалвет загадување оние шо се преселиле во ново.
И Мауцкер и Буково дан ги заборајме шо секое сабајле не будат со прекрасен мирис.Буково и Ресен веќе почна да го чепкат.
Ама ајде идат слави, Нови години, Водици.Да мислиме позитивно :свиркам:
 
Back
На врв Bottom