Претходниот коментар пред 11 дена ми беше доста фриволен, па ај да кажам нешто озбилно:
Како Охриѓанец и локал патриот, сум дал од себе све сите гости да се добредојдени исто. Англичани,Пољаци,Грци,Турци итн.. во мојава работа сум добивал многу пати пофалби и баш кога мислев дека лошите работи ги имаме искоренето како охриѓани, се погодија две млади девојки. Седам со двете девојки од Англија, и муабети бла бла фала ти за све ова она, и еднава ми викат фала ти камо сите да беа како тебе.. Молим и викам ?!
И почна да ми кажвит, во стар дел биле сместени, све океј, излегле на тераса на цигаре да запалат и нормално облекле патики пошо ладно е навечер, во моментот се погодила "газдарицата" или шо и да била постара жена им се изнавикала, 5 минути им се дерела, нормално не знаела англиски пошо била постара. Кутрите се преплашиле. Исто и во диско излегле негде да се повеселат, и таму имале слична дешавка.. Колку и да се трудиме сепак ке имат некој ко шо ке се понашаат како да сме 2006 а не 2026.
Колку и да се трудиме сепак ке има некој исклучок кој ќе создаде брука и ќе значи локализирано враќање во најголем примитивизам. Тоа е точно. И кога ќе погледа човек малку пошироко, гледаш дека тоа, наместо да е критичен проблем наш, важи за практично секој амбициозен потфат или проект низ светот, и низ историјата. Рим не се изградил во ден, ниту пак бил без мана. Секоја земја и секој регион поединечно на светот се, меѓу другото, и домаќини на популација на примитивци, па и криминалци. Таксистите во Рим ги дерат туристите на рута од аеродромот до самиот град. кршејќи закон. Скоро читав дека туристички услуги во Рим се од година на година се полоши. И место кое е налик на скапоцен камен, како Сингапур, кое и да друго место, -- никаде не е без некоја грда дамка. Затоа ако сакаме да гледаме генерално, генералски и стратешки, мораме да тематиката ја третираме нумерички :
да речеме... Како стои бројот на добри дела во однос на број на лоши? Кои се трендовите, општо?
Бабата што ги престрашила девојките е стара и за очекување да престане да биде деструктивен фактор во догледна иднина. Случајот со диското индицира дека проблемот на невротичност и ситни души ќе остане.
И во таа смисла, мора да се соочиме со јадрото на проблемот : државните водачи се колонијални гувернери (компрадори), и секоја управувачка класа в нашиот дел на светот има во интерес да популацијата му биде збунета, деморализирана, кусогледа... Тоа е голем проблем. Тоа е голем залак.... пред да (аналитички) се сецира / исече на делови.
Кога не би имало чаре, не би имало подобрувања од 19. век.
П. С. Саат-кулата во Охрид годинава полни 300 години постоење.