Еве јас баш би сакал да ги прашам овие што се понудија дека ќе дадат препораки за во Охрид, да си поминеме убаво без глупостите набројани од претходно. Каде може да се испие кафе на раат со нормални цени (или ако ништо друго, нормален сооднос на цена/услуга), каде да се отиде на пристоен ручек каде што ќе биде топ и јадењето и услугата, а притоа ќе има нормален сооднос цена/квалитет.
Пишете препораки во еден пост, со 1-2 реченици за секој локал/место, па да знаеме ние така троа посиромашните туристи кај да седнеме.