Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Бургер масивен кај да се јаде? Јас сум по пицата ама другиве ме отепаа за бургери.Кај да се појде у Охридов за бургер пишујте
Hotel Su, Beef Burger. Ne e masiven, kako tie skopskite fancy e ama e ludnica.
 
После 20тина години,вчера дојдов у Охрид.Жално е ова што може се види у моментов,излеговме да се прошетаме,човек не можеш да видиш по улица.Се узминав пред малку со група од 3-4ца,се израдував на кратко.Превземете нешто дур не е предоцна,навистина е за жалење.Имаше еден ресторан омилен што ми беше,Антико гледам затворен :( Дон Вито изгледа одамна веќе не постои,сва среќа Коза Ностра што работи па барем по некоја вкусна пица ке се јаде.За градбиве што никнале нема зборови,кич и невкус во изобилство.Ако веќе граделе,преградувале,дигале настрешници барем требало по некаков проект да се прават.Да изгледаат автентично,некој винтиџ стил можеби,а не со желатин ко слаткарница у Мавровка.Барајте чаре,гревота е
Abe ubav si e gradon. Можда имаше еден период таму во девести почеток на две илјадити ко имаше појќе млади љуѓе, ко беа генерациите тро поголеми со појке деца шо се раѓет. Е сеа тие деца и млади пораснаја и уместум да имет нови деца, тие уше одамна појкето си заминаја. Ама па не се тие криви, не ги кривам, шо может да напрает ко долго време немаше работа. ЧАк физичка работа на машина не се најџвеше лесно негде до 2005та. За нешчо пубо ( читај ѕа 6000 денари во администрација) требеше да окапаш молење по роднини, пријатели, штабој и пак не ќе те примеа. Сите фабрики пропаѓаја. Имав комшии шо имаја на то време завршено јаки факултети хемија, математика, физика. Така седеа по дома ако ги викнеа по школине тек тук ќе одеа и чекаја некој да се пензјонисат, за тие да се вработет. Појкето кузнајт кајсе сеа по Америкине камионџии ли се шосе којдагизнајт. Едино знам тие инжинерите од пропаднативе фабрики шо држеа пиљари кај се. В пензија се сеа хехехе, остареа.

Мада и во девеести се дешаваше пустелија да е градов. Пример. То време држевме дуќан чаршија памтам пример на зима се дешаваше после 5 кое се стемнеше жив чоек да немат нигде. Едвај ќе видеше тројца души седнати Луцерна и то беше све в чаршија. ПАмтам чаршијана и кејон си беа раздвижени на лето, тро септември и после папсвеше. Малку за нова година ќе пркнеше чаршијана со тие тезгите со честитките, елката имаше тро луѓе до водици. Е после водици цел фебруар онаму до мај дур не се субаеше времето, со искључок на осми март, немаше жива душа нигде. Значит моеше да ојш од Тропикал до Библиотекана све насве десет души ке изброеше.

Ама па то си е нормално на зима. Не ќе се шеташ по темници и студој. Кое те удрит еден ветар од север, бричит, кочан. Кај мојш да се шеташ. Зато се знајт на зима попразно е. НА есен ќе спремиш туршија, ајвар, вино, расол, ќе ичшадиш месо, пред то на лето ќе се спремиш со слатко. Плус требит и со деца да му ојш по учебници, по родителски ова она си почвет обврски. А не да си копаш очите по ладноно. Со кола ќе си ојш на некоја слава или визита, а ко ќе не е празник си отвориш бочето со вино после работа, ќе наполниш едно тенџере и дур се свртиш доол 12 на Ди ес еф на кабловска почвет да игрет онје спортисткине (If you know what i mean). После то давет реприза од Пријатели и Ребелде веј со Миа Колучи и Марица и толку крај на програмата се појаввит онај кругој со бои шо прајт тиииииииит.

Е сеа вистина е дека можда е помалу раздвижено него порано. Имаше едно време киното убо си работаше, во 7 или 8 ми се чинит беа филмојте кое ми текнит ко излезе Лорд оф д Рингс или Мистер Бин, да можеа еден на друг ушка да седет, така ќе седеа колку беше полно. Сеа пример немат појке така со интернетов. Имаше и тро појке спорт во градон ама...

То време и кафани и ресторанти имаше помалу. Сеа последниве 10/15 години се испоотворија.

За зградине, шо мојме да напрајме ние ко поединци? Нишчо. Прво си се градеа за Охриѓани згради, да живеет луѓе во нив. После за Скопјани почнаја прво Охридати, Даљан, па кај Трафостаницана, па на Туристичка, па повнатре према езеро, па Калено лом го напраја. И сеа ела крај најди му. Шо се викат кој шоимат 500 денари в џеб ојт и цигли купвит. Кенеф кенеф, кој ти го дават.

Ама убав е градон. Имат некоја природа, убајна шо ја немат на друго место. Может шо сакет да прает Господ дал многу убајна и секогаш ќе е убав градон.
Штета едино шо слабо имат егзистенција за млади. Решение за тој проблем очигледно немат. Се надевам можда еден ден ќе имат
 
Станов од сопругата се наоѓа после Арена па лево.Кога возевме натаму поминувавме безброј дуќанчиња,од автомеханичари до аптеки,сега и аптеката и тие неколку маркетчиња ги затвориле,па и Св.Димитрија у самата зграда е затворена останала само некоја такси компанија да работи.Ке дојде време ке нема луѓе у зградите


121223622_371759910931005_3424301902569348920_n.jpg

121184938_3150876285022895_3533067631552353421_n.jpg

.........
 
Да е само оваја.. Имат една исто вака кај шо е Стокомак новиот маркет. Чак и полошо е од ова.
 
Овие решиле да го направат животот невозможен.Што ке прават сега тие од зградата,прозор нема да можат да отворат?

Земјиштето под новоизградената зграда беше откупено кога целиот комплекс од згради во раните 80ти беше изграден. Станува збор за 15 влеза згради. Ова е влезот, после него има огромен парк кој го опркужуваат овие 15 влеза.

Сопственикот на целово ова земјиште тогаш добил обештетување/надокнада и го продал земјиштето. Документите постојат и до денес, обештетувањето е заведено во општина на седница кога се градел целиот објект (нели тогаш државна фирма градела)

После скоро 30 години истиот сопственик го легализира единствениот слободен дел (кој е влез на целиот комплекс) како свој и ги плаќа оние 1 евро за м2 легализација. И добива дозвола за градба на 30 сантима од другиве згради. Легално мафијашко здружување.

Хондурас во џунглите има повеќе ред отколку во Охрид кога станува збор за недвижнини.
 
Да е само оваја.. Имат една исто вака кај шо е Стокомак новиот маркет. Чак и полошо е од ова.
Исто и на туристичка спроти Дон Маркет. Не таја нефи шо ја градит, другана. Буквално со работ му се залепени на прозор од куќава позади и со ѕид влезна врата им имет покриено.
 
Исто и на туристичка спроти Дон Маркет. Не таја нефи шо ја градит, другана. Буквално со работ му се залепени на прозор од куќава позади и со ѕид влезна врата им имет покриено.
Мислам дека таја куќа е веќе даена на истиот инвеститор да бидит и куќата зграда, или во склоп на зградата.
 
Исто и на туристичка спроти Дон Маркет. Не таја нефи шо ја градит, другана. Буквално со работ му се залепени на прозор од куќава позади и со ѕид влезна врата им имет покриено.
IMG_20200818_140022.jpg
 
Може некој да ми посочи со точна локација каде се наоѓаше продавничката Бозо?
Се сеќавам дека беше во Расадник, гледајќи сега на Гугл во тој дел има нешто Stop Shop, па во зградата отспротива има Плодин и уште еден маркет до тоа. Дали е/беше Бозо овој дуќан?
 
Може некој да ми посочи со точна локација каде се наоѓаше продавничката Бозо?
Се сеќавам дека беше во Расадник, гледајќи сега на Гугл во тој дел има нешто Stop Shop, па во зградата отспротива има Плодин и уште еден маркет до тоа. Дали е/беше Бозо овој дуќан?

 
Може некој да ми посочи со точна локација каде се наоѓаше продавничката Бозо?
Се сеќавам дека беше во Расадник, гледајќи сега на Гугл во тој дел има нешто Stop Shop, па во зградата отспротива има Плодин и уште еден маркет до тоа. Дали е/беше Бозо овој дуќан?
Сега има спорт лајф кладилница на тоа место.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Ова му треба на Охрид
5bd451ae77868-wallpaper-preview.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom