Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Завчера бев Немо и уште не е 100% средена, немаше ни музика ни шанк отворен, ако не си од Охрид почекај уште една недела па идај, ако не пробај Градиште ама ништо не ти гарантирам за таму.

Sent from my D2403 using Tapatalk
Имам некои обврски викендов Охрид, неможам да одложам.
Таа Оревче многу ја фалат, вистина најарна е, или има поарни?
 
За улициве и плоштадиве не ме чудит да се викет Апостол Павле, Климент Охридски и Наум Охридски. Се се викат така во Охридов па зошто да не и овие улици...
 
Имам некои обврски викендов Охрид, неможам да одложам.
Таа Оревче многу ја фалат, вистина најарна е, или има поарни?
Парк голден бич ти е добра, на местото на Горица 1 ако знајш кај се наоѓат.
Таа е малце по фенси, средена е многу убо, со базени и такви работи.

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Булевар Туристичка :icon_mrgr: = Булевар на жртвите на МВРО...ВМРО, или евентуално Булевар на круговите
Плоштад М. Маркет = Плоштад на пензионерите
 
Булевар Туристичка :icon_mrgr: = Булевар на жртвите на МВРО...ВМРО, или евентуално Булевар на круговите
Плоштад М. Маркет = Плоштад на пензионерите
Плоштад на барите.
Во секој момент се очекува жаби да почнат да крекаат, цела фонтана позелена.
Нико наш го видел плоштадов само ко го отвараше очигледно.
 
Ми треба совет од некои кои живеат Охрид или се редовни гости тука :)
Планираме крајот на јули со друштво да идиме Охрид.Прв одмор ни е вака и затоа со проблеми.Јас изгорена сум за градиште али на една од друштвото и прават проблеми, не ја оставаат:facepalm: и мора со караници се.
Е сеа планот ни е ако одиме во центар да земиме две соби(3 машки и 3 женски сме), или станче апартман нешто, незнам како оди тоа прв пат одам вака сама.И нема потреба да е нешто wow,доволно е да не биди гној,основни работи да има, да можиме да преспиеме ко луѓе и да се истушираме.Како се движат цените, пошо јас не планирам поќе од 300/400 да давам и ако треба ќе се искарам со сите и очи нема да им видам.И плус планот им е Куба Либре, Кадмо да се оди а таму поќе од 300 ми одат сигурно за лежалка и нешто плус ако се напиеш.А јас не планирам да ги банкротирам моите ко можиме препрепреубо Градиште да поминиме ама ајде то е.И уште нешто, дали автобусите кружат и навечер, и колку пари е пошто ете ако се сместиме в центар сигурно ќе се возиме секојдневно угоре удолу?
 
Акo oдите сaмo нa плaжa и не нa вечерни журки, бидете сигурни декa вo центaр немa дa се нaспиете кo луѓе.

Sent from my LG-D850 using Tapatalk
 
Би ве замолил ако имат некој информации за кафичи или плажи шо барет персонал, да ми дадат контакт. Фала!
 
од каде е патот подобар за да се вози преку галичица? дали преку отешево па нагоре... и да се слези некаде градиште или пак од градиште во спротивна насока па да се слези отешево?
практично која лента е поасолна, со помалку дупки пошто колата ми е доста спуштена... и дали е асфалт цел пат?

врвот каде му доаѓа... после делот со кривините или?
 
Исто ти е бе братче дане мислиш дека автопат од 10 метри имаш, ќе возиш по среде, ко ќе ти излезит кола намалвиш и се разминвите то е.. Врвот е многу погоре од кривините со М буквата шо се ако мислиш.
 
никогаш не сум врвел од таму и затоа прашувам, нормално дека нема да е Бог знае каков пат, фала за информацијата околу тоа каде се наоѓа врвот пошто ми беше битно за од која страна да одам...
 
никогаш не сум врвел од таму и затоа прашувам, нормално дека нема да е Бог знае каков пат, фала за информацијата околу тоа каде се наоѓа врвот пошто ми беше битно за од која страна да одам...
Не е лош патот, напротив јас мислев дека ќе е со дупки ама се изненадив, за 1ви мај се качвев.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom