Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Некаде читав дека Game of Thrones ќе снимале и во Охрид.Точно е ова или некоја кромид вест?Сигурно е објаснето во темана за ГоТ,ама не смеам да ја отворам затоа што сум до 44 епизода.Баш ме интересира дали е ова вистина,тоа би било одчлично за градов.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro
Некаде читав дека Game of Thrones ќе снимале и во Охрид.Точно е ова или некоја кромид вест?Сигурно е објаснето во темана за ГоТ,ама не смеам да ја отворам затоа што сум до 44 епизода.Баш ме интересира дали е ова вистина,тоа би било одчлично за градов.

Кромид најверојатно, пошто извор на веста е некој обскурен портал, народен глас или нешто слично.
 
Некаде читав дека Game of Thrones ќе снимале и во Охрид.Точно е ова или некоја кромид вест?Сигурно е објаснето во темана за ГоТ,ама не смеам да ја отворам затоа што сум до 44 епизода.Баш ме интересира дали е ова вистина,тоа би било одчлично за градов.
И според британски медиум
Дејли Експрес: Игра на тронови ќе се снима во Македонија!
19 јуни 2015 - 21:59
278024-dejli-ekspres-igra-na-tronovi-kje-se-snima-vo-makedonija.jpg

По информациите дека мегапопуларната серија „Игра на тронови" можеби ќе се снима во Македонија, и британскиот медиум Дејли Експрес пренесува дека шестата сезона ќе се работи во Македонија.

Медиумот не се повикува на официјални извори, но пренесува дека се планира да се снима во Прилеп, Охрид и кај Криволак.

Новинарот наведува и дека можна локација за снимање се и Марковите кули, „урнатини од тврдина којашто му припаѓала на македонскиот средновековен владетел познат како Марко Мрњавчевиќ".

Интересно е што медиумот пишува и дека кулите биле користени како позадина за некои од сцените во финалето од петтата сезона!?

Дејли експрес e британски таболид со дневна циркулација од околу 488,000 примероци.
http://vecer.mk/kultura/dejli-ekspres-igra-na-tronovi-kje-se-snima-vo-makedonija
 
Ne stavaj vakvi raboti more, ke vidi Grujo posle maf ni e rabotata!
Стара му е сликата, веќе видено е од Грујо и слични параспури (n)

Љубаништа 2013
21012_844921608933099_5791248032747125262_n-jpg.123138

Љубаништа 2014
Ljubanista1.jpg


Meanwhile, интересни компании почнаа да ни се вртат на аеродром
11078108_939740886076916_5352772594802699558_n.jpg
254997_192221774162168_8178597_n.jpg
 
Последно уредено:
Одамна не бев појден вград...она ај кружнион на туристичка некако го завршиле ама колку е аматерски асфалтиран па чудо едно со лопата да мавајја порамно ќе беше...
 
Уба идеја,

ВЕЛОСИПЕДСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ОХРИД И СТРУГА

ама не ја разработиле ко шо требит:


според претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски, е за оваа цел да се искористи стариот пат Охрид-Струга.
„Да се обидеме ако ништо друго барем од ова лето практично, условно од 15ти јули до 15ти август, овој пат да го направиме да биде еднонасочен. Втората лента од коловозот да се користи од велосипедистите
кои што веќе и во овој период и месециве наназад многу интензивно се присутни на овој патен правец.


Убо супер.И втората лента ќе се возит двонасочно со коли?Како ќе бидит то еднонасочно возење? :tapp:

Од многуте слаби сектори во Општина Охрид, сектор за сообраќај е убедливо најслаба карика уште од Петрески па досега.

Никогаш не разбрав зш само пред нашиве кружни текој улициве се стеснати за една лента? (Туристичка)
D0rnHWA.jpg


И тесно упм
CAM01290_zps3lekaucb.jpg
 
Последно уредено:
Ај она шо го прат кај Куба Либре, убо изгледат, да не се ќењат на све ама само 200 метри потака, трева повисока од мене( 183 сум иначе :D ) 4 жаби и 2 змии пред мене поминаја :unsure:
 
Владините градежни проекти му спремаат катастрафора на охридското езеро
  • share1.png
од НОВА | објавено на: 21-06-2015 13:34:19

23070golema.jpg

Сушење на студеничкото блато за да се изградат згради, вадење на езерската трска и бетонирање на дел од површината на езерот за да се правеле бетонски платформи, автопат преку Галичица и хотелски и други комплекси се само дел од владините проекти кои на најстарото и најдлабокот езеро во светот му подготвуваат еколошка катастрофа, вака накусо звучат предупредувањата на граѓаните и еколошките здруженија кои обединети се противат на ваквите намери. За таа цел, мрежата на здруженија која постојано има активности подготви и петиција со намера да се спаси езерото од неодоговрните политики.

По повод 21 јуни, денот на Охридското Езеро, Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42, Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН, Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ и граѓанската иницијатива ОХРИД ЅОЅ, објавија меѓународна петиција за зачувување на езерото и Националниот Парк Галичица.

- Охридското езеро опстанало милиони години и било сведок на многу нешта: од создавањето на човечката раса и првите цивилизации, преку подемот и падот на византиската империја, до независноста на Македонија, но најновите апсурдни планови на македонската влада може да донесат крај за овој редок бисер на природата и за блискиот национален парк, велат невладините во соопштението.


Проектите на Владата на РМ се следниве:

1. Сушење на Студенчишко Блато кое е од клучно значење за опстанокот на Езерото и изградба на станбени комплекси на негово место долж брегот;
2. Сечење на последниот појас трски и покривање на голема површина на Езерото со бетонски платформи со цел „да се дигнат“ огромни туристички комплекси;
3. Поништување на заштитата на последната недопрена област од Езерото и загрозување на најважните извори кај Св. Наум кои го снабдуваат езерото со вода – повторно за на нивно место да се најде некој од горенаведените туристички комплекси;
4. Поништување на заштитата на дел од НП Галичица и градење на експресен пат (автопат) од 14 км, за што ќе се уништат 50ха заштитено подрачје од Националниот Парк – проект кој е многу веројатно финансиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР);
5. Поништување на заштитата на голем дел од Националниот Парк Галичица со цел изградба на ски-комплекс од 400ха, со кој се предвидуваат огромен хотел и викенд-населба.

Експертите кои ја изработија СОВЖС јасно предупредуваат дека негативните последици врз биодиверзитетот, почвата и водите предизвикани со реализацијата на овие проекти ќе бидат неповратни, дека не постојат компензациски мерки и дека постои реален ризик од губење на заштитата од УНЕСКО.

Владата на РМ одлучи да ги игнорира овие предупредувања и сепак да си продолжи со своите планови.

Куса историја на езерото

Охридското Езеро се наоѓа на Динарските Алпи, на границата меѓу Република Македонија и Република Албанија. Неговата старост се проценува на околу 4 милиони години. Тоа е најстаро природно езеро во Европа и едно од најстарите природни езера во светот. Најголемата просечна длабочина му изнесува 155 м, поради што Охридското Езеро е најдлабоко во Европа и 14то најдлабоко езеро во светот.

Со над 200 ендемични видови кои живеат во неговите води, Охридското Езеро е најважниот езерски екосистем на европскиот континент. Ако се земе предвид неговата големина, може да се каже дека има најголема разновидност на животински и растителен свет во споредба со кое било друго езеро во светот.

Охридското Езеро е уникатно по начинот на своето создавање – со вертикално подигање и спуштање на Земјината кора. Многу малку други езера во светот се создадени на овој начин.

Охридското Езеро веројатно е уникатно во светски рамки и по тоа што главно се снабдува со вода од извори – и тоа надземни и подземни. Овие одлики, т.е. неговата неповторлива еволуциска приказна, придонесуваат тоа да биде од суштинско значење и за науката и за животната средина. Овие одлики се, најверојатно, и причината поради која Езерото изобилува со најразлична флора и фауна.

Езерото и неговата околина се познати и по својата богата историја, култура, археолошките пронајдоци и неповторливата природна убавина.

Благодарение на овие исклучителни карактеристики, во 1979 година Охридското Езеро и градот Охрид станаа дел од само 31 локација во светот прогласена за светско природно и културно наследство од страна на УНЕСКО.

Над охридската котлина се издигнува планината Галичица на чиишто падини е распослан истоимениот национален парк. Унијата за заштита на природата (IUCN) го има дефинирано Националниот Парк Галичица како исклучително важен регион и истиот е заштитен со закон од 1958 г. Благодарение на повеќе стотици автентични уникати на природата, како и заштитени животински и растителни видови, НП Галичица е прогласен за Значително подрачје на растенија, Примарно подрачје за пеперутки и Емералд подрачје (односно Натура 2000 подрачје кога Македонија ќе стане членка на ЕУ).

Поради својот извонреден биодиверзитет со меѓународното значење, во 2014 г. НП Галичица стана дел од Светската мрежа на биосферни резервати на УНЕСКО – во светот има само 31 ваков прекуграничен биосферен резерват.
 
Апсолутно не му требет на Охрид автентична флора, како костени, брези, липи енд стаф. Кој ти доаѓа за тоа тука? Палмине се полн погодог, в центар.

Автетичната флора на охридското крајбрежје не се костените, брезите и липите, туку се медитеранските растенија како охридскиот чемпрес, бадем, охридската смоква и маслиновите дрвја кои за жал се истребени од источното македонско крајбрежје, а ги има цели плантажи на западното крајбрежје во Р. Албанија од селата Лин до Тумчевиште.[DOUBLEPOST=1434979222][/DOUBLEPOST]

Кој бил денес на кафе во Кадмо на Ајван Плажа :)[DOUBLEPOST=1434979485][/DOUBLEPOST]
Ај она шо го прат кај Куба Либре, убо изгледат, да не се ќењат на све ама само 200 метри потака, трева повисока од мене( 183 сум иначе :D ) 4 жаби и 2 змии пред мене поминаја :unsure:

Кој знае пак колку ќе биде убава медитеранската плажа кај Лагадин.

П.С. Високите треви, жабите и змиите од Стеденчишко блато се во согласност со настојувањата на опозицијата ништо да не се прави во оп. Охрид, не требало да се суши блатоно за да има кај да се котат змиите и жабите, не требало да се прават ски -терени на Галичица оти ќе се сечела шума, не требало да се прават нови патишта до Св. Наум оти пак ќе се сечела шума.[DOUBLEPOST=1434979774][/DOUBLEPOST]
Стара му е сликата, веќе видено е од Грујо и слични параспури (n)

Љубаништа 2013
21012_844921608933099_5791248032747125262_n-jpg.123138

Љубаништа 2014
Ljubanista1.jpg


Meanwhile, интересни компании почнаа да ни се вртат на аеродром
11078108_939740886076916_5352772594802699558_n.jpg
254997_192221774162168_8178597_n.jpg

Да не беше Грујо и неговите туристички субвенции, Охрид немаше да види ниту еден турист од Европа.
 
Последно уредено:
Лани видовме еден турист.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom