Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Охриѓани, знае некој од Вас кога има автобуски превоз за Битола? За наутро, барем.

Охрид - Битола - Кочани - Охрид
Линијата сообраќа секој ден.

Возен ред:

ПОАЃАЊЕ:
Охрид 06:00
Ресен 06:45
Битола 07:40
Прилеп 08:40
Велес 10:30
Штип 11:40
Кочани 12:30

Ова го најдов на интернет, последен пат било освежено на 14 Декември.
За да се осигураш најдобро ќе ти е да се јавиш на 046/260-339.
 
Волци се шетаат во Охрид

Во близина кај каналот Студенчишта од случајни минувачи била забележана волчица како се движи по бавчите во оваа населба.

Стефан Момировски за Сител вели дека случајно шетајќи се со своите пријатели во непосредна близина на Биљанини извори кај каналот забележал како се движи волк, за среќа останатите минувачи најнапред помислиле дека станува збор за куче па со оглед на тоа не се направила поголема паника а тој кога таа сакала да го нападне со секира ја усмртил.

Ова не е прв пат среде бел ден во Охрид да се шета волк вели Момировски пред една недела исто така бил забележан волк како се движи во оваа област.

Како што велат мештаните од околните места најверојатно волците доаѓале по храна од планините Галичица и Петрино,но и покрај тоа што досега освен добиток не нападнале човек сепак со оглед на тоа дека овој дел од градот од кај мостот кој се наоѓа кај каналот Студенчишта па се до Горица прва е познат како место за шетање и рекреирање на охриѓани претставува опасност за граѓаните.

Извор
 
Да не е пак некоја заврзлама како лани поплавата. Ама сега пак Велија е затвор, друг кој мојт да прајт вакво нешто ? :)
 
Ова не е ни прв пат само шо никој ништо не спомнал минативе години, а сега се крена паника помеѓу луѓево уште малку ќе слушнам некој да речит дек чаршија се шетала волчицава. Зимно време е нормално да слезат во потрага по храна за да преживеат.:smir:
 
Охриѓани, знае некој од Вас кога има автобуски превоз за Битола? За наутро, барем.
Ова е зимскиот возен ред со линии накај Битола

06:00 Галеб-Охрид
ОХРИД-Ресен(06:45)-БИТОЛА(07:30-07:45)-Прилеп(08:30)-Велес(10:00-10:10)-Штип(10:50) КОЧАНИ(11:30)
06:30 Галеб-Охрид
OХРИД-Ресен(07:15)-БИТОЛА (08:00)
10:00 Галеб-Охрид
ОХРИД-Ресен(10:45)-БИТОЛА (11:30-11:45)-Прилеп (12:30)-Велес (14:00)-Скопје (15:00)
10:25 Транскоп-Битола
ОХРИД-Ресен (11:15)-БИТОЛА (12:00)
12:25 Транскоп-Битола
ОХРИД-Ресен (13:15)-БИТОЛА (14:00)
13:15 Галеб-Охрид
ОХРИД-Ресен (14:00)-БИТОЛА (14:45)
13:30 Авто Атом-Кочани
Ресен (14:15)-БИТОЛА (15:00)-Прилеп (15:45)- Велес (17:15)-Штип (18:00)-Кочани (18:45)
15:30 Галеб-Охрид
Ресен (16:15)-БИТОЛА (17:00-17:25)-Прилеп (18:10)-Кавадарци (19:10)-Велес (20:00)-Скопје (21:00- 21:30)-Куманово (22:05)-Лесковац (00:30)-Ниш (01:15-01:30)-Белград (05:00)
16:30 Транскоп-Битола
Ресен (17:15)-БИТОЛА (18:00)
18:00 Транскоп-Битола
Ресен (18:50)-БИТОЛА (19:40)
Aко не обожаваш гужва избегнувај го во понеделник сабајле тој во 10:00 :nesvest:

--- надополнето ---

А да отвориме некој резерват за волци? :pos2::pos2::pos2:
 
Ова не е ни прв пат само шо никој ништо не спомнал минативе години, а сега се крена паника помеѓу луѓево уште малку ќе слушнам некој да речит дек чаршија се шетала волчицава. Зимно време е нормално да слезат во потрага по храна за да преживеат.:smir:

Имам видено волк јас, баш на таја страна живеам, на зима слегвет за да барет храна. А сега само шо се крена многу голема врева со то. Треба да му се помага и на нив ама кој да му помогне, луѓе умирет за храна а не камоли волци.
 
Flyer.jpg
 
Како планираш да му помогниш на див волк ? :pos:
 
Како планираш да му помогниш на див волк ? :pos:

Фино лепо в планина, в шума кај шо живеет му се остават јадејне кое тие ке си го најдет и ке си го изедет.. Во спротивно случај виде шо се деси, ќе слезет в чаршија и ќе папет луѓе.
 
Фино лепо в планина, в шума кај шо живеет му се остават јадејне кое тие ке си го најдет и ке си го изедет.. Во спротивно случај виде шо се деси, ќе слезет в чаршија и ќе папет луѓе.

Аман бе, џабе не се диви, сами требит да си најдет.
И не се секирај луѓе не јадет.
 
Аман бе, џабе не се диви, сами требит да си најдет.
И не се секирај луѓе не јадет.

Ам ај нек почнет трева да пасет.. Ако имат нешто не се секирај одма ќе го фатет ама ко ке се немат се немат и треба да се помага.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom