Отрезнување

Член од
9 август 2008
Мислења
218
Поени од реакции
109
Возраст
15
Сеа иде нова година, празници и тн ретко кој е трезен...
Темава е отворена да пишувате брзи и ефикасни начини на отрезнувања и ваши искуства. :D
 
Пред забавата:

  • Испланирајте како да пиете умерено. Ова значи дека за период од 3 часа, најдобро е да се испијат 5 пијачки за машки и 3 за девојки. Поволно е однапред да знаете каков алкохол ќе пиете и да не мешате неколку видови пијалаци.
.
За време на забавта:

  • Прво јадете па потоа пијте, никако обратно. Храната ја забавува апсорпцијата на алкохолот.
  • Пијте бавно, не брзајте.
  • За да се заштитите од дехидрирање, после секој алкохолен пијалак пијте по една чаша вода.
  • Напијте се витамин Б.
.
По забавта:

  • Не возете
    icon_smile.gif
  • Наспијте се убаво, не станувајте по само неколку часа спиење.
.
Следното утро:

  • Напијте се уште еден витамин Б.
  • Пијте многу вода.
  • Направете еден тренинг, доколку можете. За време на вежбањето крвта циркулира низ телото три пати побрзо, отколку при седењето на кауч. Колку побрзо крвта исциркулира низ црниот дроб и бубрезите, толку побрзо ќе се ослободите од токсините во крвта.
.
Не е препорачливо:

  • Пиење кафе, бидејќи може ќе ве направи суперактивни, но мамурлакот ќе ви остане.
  • Не водете се по народната „клин со клин се избива“. Доколку мислите дека со уште алкохол ќе го победите мамурлакот, само ќе си направите поголем проблем.
 
Клин со клин се избија
Најдобар начин е сабајле ко че станиш ќор пијан, удри 2-3-4 коњака или што и да е, целта е малце да те чачне но не да се начукаш, и после ко нов че бидиш, и ко че се отрезниш нема да ти биде ич лошо, проверено и 100% ефикасно, ништо не помага како ова :D

ПС; Не ги слушајте другите совети, врска немаат, овој е најефикасен начин
 
Напиј се ама не да се направиш дупка и така нема да имаш проблем со трезнењето, поарно испи малку колку да бидеш опуштен него ли да пиеш како слон и да не се сеќаваш на ништо и да те испратат дома со такси ;) А инаку за трезнење најдобро е да се отрезниш со кисела вода или обична вода :)
 
Јогурт-Кисело млеко-Павлака и Портокал баш убаво го освежуваат организмот после пијанство.
 
покрај онаа добро познатата расолница
ептем делотворен е и овој брз напиток за кој ви се потребни 150 мл сок од портокал, 50г мед и еден цел лимон со се корката и сето тоа заедно во блендер - испиј и спиј мирно без никакви главоболки
 
Расолница !!! Докажано најефикасен лек против мамурлак! :)
Но малце ако претера со расолница лекот за мамурлак се претвора во лек против тврда столица, рицинус може вода да му носи :pos:
 
Прво студен туш, па после цел ден ќе пиеш вода.
 
Вруќа чкембе чорба со многу оцет,лук и магдонос.Има да те испоти и отрезни за две минути.Друга алтернатива ти е трезнење со јува
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom