Леле, мене повеќето вакви ми биле

Ај да набројам некои...во основно:
Балата по математика-генијалец математичар.Ама пустиот не не држеше под контрола и беше циркуз, кој шо сака прави кога сака било во кое време.
Гао по физичко-Митрано стој!Ти Петре кај си тргнал?Не памтеше имиња, само трескаше некои измислени стари имиња.
Роузи по англиски-стара пребогата пуфла на која не и беше дојдено до предавања, само трескаше зелени за Марсовци, вселенски набљудувања и разни глупости.Кога ни беше досадно некој ќе ја прашаше што имаше во последната епизода на таа и таа серија и часот појде

Ѓорѓи по историја и граѓанско-Посебна приказна, треба да се доживее за да се поверува.Отепан вмровец, го провоциравме намерно за сдсм.Исто кога требаше да испрашува само ќе кажевме тие и тие викаат за Македонија вака и вака...и нема испрашување, ќе филозофира пола час

Пинки по англиски-Плиизз чилдрен, не чкртајте по клупите!Кам он!
Праската по географија-Ќе се заигра со шминките, ти ако сакаш раскажувај за Пепелашка ќе ти пише 5.Само да зборуваш течно и нема да се сети.
Средно:
Киро Кочко по техничко цртање-Најзакочениот човек на светот.Ти му зборуваш тој на 20 цм до тебе е и не те забележува.Не знаеше да зборува како што треба, ни да пишува.Кога возеше кола го кочеше цел сообраќај на семафори.Тргнуваше по 15 секунди

Мечо по физичко-Мара тера овцу на бициклу!

Клеопатра по историја-Сите ве гледам, сите ве слушам!Ти-напушти час!
Весна по физика-Уште еден неоправдан и документите!
Гордана по англиски-Стоиме сите на мал одмор и јадеме, влегуваме кај неа на час со јадењето в раце и ни вика:На мал одмор не се јаде(голта од геврекот нејзин), тоа се прави на голем одмор!

Снежана по македонски-Ристески, дислоцирај се.Притоа прави една уфилмана фаца, да паднеш во несвест
Tолку е, се уморив пишувајќи
