Откачени професори..

  • Креатор на темата Креатор на темата Out Of Reality
  • Време на започнување Време на започнување
Професор З.Б. од Машински Факултет - Скопје.
Најкул проф на светот.
Излегува на сред испит и ни вика -"Немојте да сте препишувале зашто камери имам поставено низ предавална, се' се снима" и се смее.:vozbud: Се враќа на крај од испит и влага во една мала просторија во предавалната и вади VHS касета и вика - " Е сеа сте готови сите, се е снимено овде" :pos2:
 
онака, си одговараш за оценка, она не те прати... збори друг, тебе те обвнинува, незнае како да те обвини, како да те нанесе на кривица- па те глеа два саата ко теле ! ... После, се дере ко ментален, незнам зошто, нешто му се дешава. тешки дроги ...

итн... тоа е моето школо, јбг
 
Kaj нас македонски.Другарките пред мене правеа си муабет и смееја се на цел глас он на мене ми намали оценката :nesum: .И флезех му у главата, други праат нешто мене ме обвинува аман.Откачен професор ногу е....Ајд у понеделник писмената 5 да ја извадам ке имам 5 за крај година а ако не кзвадам 5...пуни си Гуорија грбо слама!
 
Kaj нас македонски.Другарките пред мене правеа си муабет и смееја се на цел глас он на мене ми намали оценката :nesum: .И флезех му у главата, други праат нешто мене ме обвинува аман.Откачен професор ногу е....Ајд у понеделник писмената 5 да ја извадам ке имам 5 за крај година а ако не кзвадам 5...пуни си Гуорија грбо слама!
зошто не те разбирам ништо што зборуваш? :jaj:ѓ
иначе како и секаде така и кај мене има забегани професори. по француски професорицата е опасна да не речам нетокму
 
На ликовно седам на 1 клупа.. Блок неам донесено уште од пред 2 години... Со наставничката се УТЕПУВАМ од праење муабет.. Иначе наставничката е најголема металка што може да видите на над 40 години... Уште се облака ко металка, а добро е тоа што секат зборам со неа за музика.. БИ САКАЛ СИТЕ ДА СЕ ТАКВИ!!!

Ако се сите такви, народот ќе ни биде уште понеписмен од што е сега!
 
уфф.. ги има многу .. Ама мене нај ретард ми е македонски наставникот. Океј е све, ама не отепа бе уште првиот ден. Ке не испрашува од 15 лекции од лани и тоа за оценка.
Ке го убијам, ке го смачкам, и ке го обесам... пхахах се шалаам :tapp::tapp:
 
Е сеа музичко е отепан.Човеко не тера да носеме тетратки да пишеме и ке сме правиле тестови... :tapp:


И кај нас е исто се пишува во тетратка, се повторува и се прави тест. Истото важи и за ликовно во 2 воопшто не се црта туку се учи од учебник и правевме тест. А и лани прва година правеа тест по физичко :/
 
Имав многу откачена професорка по ликовно, кутрата жена кривеше на едната нога, ама добро. Никогаш на час не работевме нешто што таа ќе ни зададеше...секогаш нешто трето-ние што сакаме, кој кога сакаше си излегуваше и влегуваше на час. Професорката по физика, на моменти се разлошуваше ама секогаш беше добра со тие што беа примерни, носеше едно искинато тетратче и внатре запишуваше знаци, учениците додека таа предаваше на табла ќе си поправаа минусите што ги добиле, ама и онака на крај на сите им пишуваше високи оценки. Професорот по географија, кого го мразам од дното на душата оти се правеше многу голем фраер а беше всушност селски мангуп, кога го мрзеше да предава си правеше муабет на телефон со ќерка му, кога предаваше всушност не предаваше туку читаше од учебникот, а кога сакаше да испрашува ќе не тераше да пишуваме со брзина на светлината за да завршиме побрзо и за да испрашува. И ако сакаше да ти пише повисока оценка ќе те прашаше најлесно прашање, а ако не, ќе ти акне прашање од типот-Колку круши никнале во Македонија во 1998 година, и ако не знаш ќе ти се смее во фаца. Професорката математика - по лута жена немам видено, луто пиперче...само да се вреѓа, да те омаловажи и избрука, никој ништо не разбра математика од нејзе, и многу се правеше поштена а уствари работеше со врски. Пушеше цигари по 10 пакла на ден и смрдеше на тутун секогаш кога ќе влезеше да предава. Професорката социологија, типка што претерано забораваше се! Ќе се налутеше и ќе те наречеше со погрдно име, за по 3 минути да се изнасмее и да рече - извини не мислев така. Професорот по социологија - иако стар, најкул професор што предавал, правевме тестови и типот беше дотолку либерален што викаше - Деца, ако сакате отворете ги учебниците, побарајте, пролистајте, ама верувајте ништо нема да најдете, јас на прашањата ви барам одговори од лични мислења, а не по шема. Кул беше премногу, заради него ја засакав социологијата, оти беше опуштен максимално.
 
Имав многу добар наставник да не речам предобар за оценки :D Кога сакаш му одиш на час кога не ако сакаш ич не му оди цела година барем појди да те види еднаш или сликче остај му и 5ка имаш секако.. На сите деца петки ни пишуваше и сеедно му беше дали ќе држи час со 1 дете или со повеќе.. Иначе наставников ми беше по француски јазик до основно ..
 
Хм, откачени професори...први што ми паднаа на памет се Миле Клетка и Миле Бомба од Орце, овој вториов предаваше ОНО и еднаш не тераше да ставиме гас-маски и за завиваме како оние сирените за општа опасност, или како и да се викаат....Миле Клетка е исто приказна за себе, знаат тие што завршиле во Орце :DДраги Михајловски од Филолошки е исто еден нестереотипен професор, човекот доаѓа на предавање во фармерчиња и маица, носи старки, има обетка на увото, многу е приземен, секогаш достапен за студентите, за разлика од некои костимирани метузалеми кои мислат дека се Богови. Драги kicks ass:D
 
Прва што ми паѓа на памет е педофилски настроената професорка по Логика у 4та шо ми предаваше сеа :D
После може да го спомнам професорот Бизнис и Менаџмент исто у 4та шо ми предаваше. Невероватна флегма, со доста интересен начин на зборење, и ептен јаки причи и животни лекции што ни ги има давано :D :ROFLMAO:
Ондак професорот физичко, немаше ден да не е камен пијан. Еден другар секоја година на крај му носеше шише ракија за 5ка :ROFLMAO: Сеа у 4та као демек прекина да пие.
Има уште доста што може да ги спомнам, али ќе треа километарски пост да пишуем. Ме мрзи. xD
 
На нас физичко не' маваше со камшик 2 метра по нозете ако има некој со фармерки во салата.
 
Па откачен. Може да се рече дека како откачен професор во гимназијата во Охрид се смета професорот по физика. Пола час ни ја објаснува вистинската историја на древните Македонци(голем поборник против грците), а пола останатиот дел од физиката. Знае да забега некогаш и е доста незгоден на часови предвидени за повторување.

Друг, да не речам по малце и наивен професор е тој по музичко... Невидена галама и заебанции на негов час, а тој само дава опомени, никако да избрка некој.:)

Мислиш на такозваниот Flash ? Не бев гимназија,ама квалитетно е прочуен.
А Тони е легенда.Мислам дека и на другиве од форумот им е познат од видеово.Штета шо е мирен и го шутнаа.Јас би ги заклал дечиштава да сум на негово место.

А мене ми беше најзабегана една професорка пред пензија не дека беше нешто посебно интересна туку забораваше се.
Се дешавало 2 недели истото предавање да го слушаме од неа.И после ќе ја потпрашаме нешто и ќе речеше леле дечки како знаевте :eek:Или ќе и спомниме нешто за низ град ,ова е ок,ова не чинит.Почвеше од Самуилови тврдини и забегвеше со муабетот до Џон Ленон.Најди им поврзаност на овие две работи:D
Еден пример често шо се дешаваше:Одеше на предавање кај еден клас,со дневник од друг клас.Најтрагично беше шо во сосем трет клас имаше час.Дури се снајдеше кутрата 25-30 минути од часот поминале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom