Oсум млекари казнети за продажба на лажни производи.

  • Креатор на темата Креатор на темата Audiofil
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.422
Поени од реакции
6.549
Осум млекари заработиле казни бидејќи продавале лажни прозводи и ги доведувале потрошувачите во заблуда. Продавале растителни масти, а ги означувале како сирење, урда, павлака и останати млечни производи. Сите заработиле по 5.000 евра и веднаш ги повлекле производите од продажба. Според првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, правилникот за храна точно определува дека ниту една млекара не смее да продава сирење, а во него да нема воопшто млеко.

Од идната година овие производи нема да смеат ниту да стојат на исто место со млечните производи при продажба. Агенцијата реши да ги оддели за потрошувачите полесно да ги распознаваат.

- Дали вие имате забележано во маркетите амбалажа растителна маст или се е под ознака сирење? Порано имаше, сега се помалку има производи со таква амбалажа, вели Дејан Рунтевски.
http://www.sitel.com.mk/osum-mlekari-kazneti-za-prodazhba-na-lazhni-proizvodi

Бидејќи не ги кажаа по име кои се тие 8 млекари јас би замолил ако некој има повеќе информации да ги каже на форумов за да знаеме утре да ги избегнуваме.Во секој случај јас преку луѓе ќе се обидам да ги дознаам нивните имиња.
 
тооооооооо мајсторе(y)
само нешто казниве мали
што се 5000 евра(очекувајте дека за два-три месеци истото ќе го произведуваат
 
тооооооооо мајсторе(y)
само нешто казниве мали
што се 5000 евра(очекувајте дека за два-три месеци истото ќе го произведуваат
Абе ние да ги дознаеме имињата и да се објават јавно па после они пак нека прават далавери.Викаат ако еднаш ме излажеш срам да ти е ама ако по вторпат ме излажеш мене треба да ми биде срам.
 
Па дали се нормални бе, се повеќе гледам да земам македонски производи за да помогнам, а вие глеј ги шо праат, и после ќе купуваме странско па ќе купуваме! (n)
 
Тоа за ваше здравје, соја, ваму,таму за да се намалат мастите.
Сакате да бидете дебели како Американците?
 
Amerite se debeli zasto pijat cisto mleko !!! Ne te razbrav bas naj naj
Ниту јас :unsure: ....Како мислиш дебели се оти пијат чисто млеко? Ние какво млеко пиеме?
 
WTF? Како бе се дебели што пијат чисто млеко, тие се дебели што немаат време да си зготват за јадење, 12 саата работат и конзумираат брза храна која што е претерано штетна, и после дебели биле е ќе бидат, а тоа сигурно не е од млекото...
 
Па ти пиша дека за наше здравје ставале соја , па затоа те прашав (освен ако не си бил ироничен) ;)
Па технички гледано растителниот кашкавал и сирење се прави од соја, и содржи помалку масти од млечните производи.
 
И на крај ќе излези дека се тоа некој вонаби млекари кои уствара работат и продават низ маало што се вика. Колку што скопска и прилепска пивара ќе ги казнат кога кокаколата и пепсиот се водичка тогаш и битолска , здравје, или некја друга млекара ќе добијат казна... Ситните ќе платат и патат а големите ќе не е*аваат во здрав мозок...
 
Да се продава сирење, урда, павлака и останати млечни производи, а во нив да нема воопшто млеко и млекарите да бидат казнети само парично со по 5000 евра е крајно безобразно.
Тие производи ги конзумирале мали деца, болни луѓе. Во нормална држава за вакви измами на сопствениците би им се забранило да се занимаваат повеќе со таква дејност, па да видат после останатите дали ќе се осмелат на таков чекор. Кај нас во најмала рака треба да се објават имињата на млекарите, па граѓаните самите нека им пресудат дали ќе купуваат повеќе од нивните производи.
 
Деновиве државата ни се растура а вие со млекарите се замарате... Само Македонецот тоа го може никој друг! :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom