leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Имаш изведено интересен заклучок и држи вода.
Кај нас дневница на келнер мислам дека е 300 денари да речеме. Има 6 работни дена во неделата, празник и викенд не му е платено. Му заокружуваат минималец од 8050 денари. За него газдата одвојува плус 4000 денари придонеси секој месец. Значи од страна на газдата месечно се издвојуваат (според слободна проценка на плата) 12000 денари.
Кога по закон на работни односи, газдата на кафиќ би плаќал викенд и празник би добивал повеќе келнерот. Неговиот труд го надокнадува со крадење или бакшиш. Идеме на делот бакшиш. Од наша страна не е задолжително да оставаме. Пример во Америка имаш задолжителен процент во сметката типс. Со тој процент келнерот во Америка каде повеќето немаат документи и не се осигурани си го вадат месечниот приход. Значи во овој случај келнерот за газдата (само оваа релација) работи бесплатно. Во Европа има закон со кој даноци не се плаќаат или минимално за вработување на студенти. На келнерот во Мекдоналдс му се дава минималец, во друг кафиќ дневница и бакшиш и на тој начин се надополнува минусот кај вработениот. Газдата повторно има минимални давачки кон вработен. И ти со оставање на бакшиш го раниш неговиот вработен, он се богати.
Немаш обврска да оставиш бакшиш, целиот систем му доаѓа како социјална помош веројатно што во овој сектор претежно работат студенти. Нешто слично е и со музиканти, ти си ги платил, но подоцна им се лепи бакшиш. За разлика од продавница или текстилна фабрика каде работат минималец, а нема кој да им даде бакшиш.
Да не дробам, релацијата која ја опиша и логиката не ти се побива