Оставате ли бакшиш?

  • Креатор на темата Креатор на темата ex machina
  • Време на започнување Време на започнување

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Порано додека бев учениче, без приходи освен мамовина и татовина, броев пари до денар, а поимот бакшиш ми беше незамислива категорија.

Сега заработувам, и кога сум задоволна од услугата или храната (а обично не сум пребирлива) оставам бакшиш, во вредност од 20 до 100 денари, зависи колку ќе му се посреќи на келнерот/ката да остане ситно кусур од сметката.

Ко што читам по интернетов, у странство е практика да се остава 10% од сметката како бакшиш. За мене 10% е некако многу, да ви кажам право.

Колку е според вас реалната сума за бакшиш? Или можеби мислите дека не треба да се дава?
 
Види сеа, јас не оставам бакшиш пошто сум од Битола. И да сакаш да му остајш на некој бакшиш ќе те напрај будала, ќе речи ја овај кабадајата ме понижва мене со 20-80 денари. Во ресторани оставам ама не многу, а и кај шо ми работат другари обавезно.

А шо се тиче Америка, таму 10 % е срамота да остајш пошто е многу малце. Стандард е 18% и ако има маса од повеќе од 7 души е вклучен во сметката. Финтата е то шо во Америка то е традиција и келнерите работат за смешни суми од 2.65 долари на час и целите пари му се од бакшиши. Шо од една страна е добро пошто келнерот ќе си ја работи работата максимално со што би заработил повеќе пари, а од друга страна пак е лошо зошто безчуствителни идиоти можат да го остат спотнат келнер без бакшиш.

Сеа од лично искуство можам да кажам дека скоро никогаш не се случува да остане без бакшиш келнерот, барем не од Американци ако се од странство обично се прат на енглези.
 
Оставам бакшиш само кога ми се допаднало како сум била услужена, сигурно дека нема да оставам ако ми ја треснале водата пред фаца или кафето, а ова многу често се случува у последно време.
А колку оставам....обично ја заокружувам сумата, па дури и плус оставамм
 
ептен ако сум со женска иначе не:star:
 
само доколку ми оставиле впечаток.
без разлика позитивна или негативна конотација, имав случај пред некоја недела со една другарка одиме на ручек во џино, нарачуваме една пица по пола затоа што воопшто не ни бевме гладни, сакавме само да каснеме малце пица и по една шопска оти праат прекрасна во џино и сокче/муабет и типката шо не услужуеше (најверојатно беше нова иако со месеци немам отиденов о Скопскиов Џино) си направи филм дека немаме пари за јадење и затоа делиме се по пола :pos: сметката беше некои 520 денари и остајв 600 и киднавме :D пред некој бевме пак и беше поуслужна, т.е. со насмевка на лицето - овој пат доби 20 денари бакшиш.
се плашам да отидам следниот пат :pos:
 
Бакшиш ми е правопропорционално со услуга. Ако сум задоволна ќе оставам, а ако за моите пари се однесува ко дома да му имам појдено и 10 денари си ги имам чекано како кусур.
Висината зависи од висината на сметката, но никогаш повеќе од 100 денари немам оставено.
Не се замарам со впечатокот кој го имам оставено кај келнерот,дали е задоволен од сметката и бакшишот што го има добиено, а ако му е понижување слободно може да ми ги врати. Не наградувам луѓе што самите одбиваат.
 
Види сеа, јас не оставам бакшиш пошто сум од Битола. И да сакаш да му остајш на некој бакшиш ќе те напрај будала, ќе речи ја овај кабадајата ме понижва мене со 20-80 денари. Во ресторани оставам ама не многу, а и кај шо ми работат другари обавезно.

А шо се тиче Америка, таму 10 % е срамота да остајш пошто е многу малце. Стандард е 18% и ако има маса од повеќе од 7 души е вклучен во сметката. Финтата е то шо во Америка то е традиција и келнерите работат за смешни суми од 2.65 долари на час и целите пари му се од бакшиши. Шо од една страна е добро пошто келнерот ќе си ја работи работата максимално со што би заработил повеќе пари, а од друга страна пак е лошо зошто безчуствителни идиоти можат да го остат спотнат келнер без бакшиш.

Сеа од лично искуство можам да кажам дека скоро никогаш не се случува да остане без бакшиш келнерот, барем не од Американци ако се од странство обично се прат на енглези.


Случкава пред едно 7-8 години во Битола.. у едно летно ко диско незнам шо беше тријангл нешто така се викаше, и ја онака од култура му оставам 50 денари на келнерот, и коа ми се сврте аууууу, ми вика ти мене ќе ме понижуваш? И ја онака, полека бе дечки, немав никаква задна намера, чисто од навика, и на крај му текна дека не сум од Битола и се насмевна ај ми вика простено е, сеа едно пиво зеам за извини..
Инаку да оставам пошто мислам дека во ред е, за некој кој те услужува да му оставиш бакшиш.
 
Ако услугата им е фина, ако се однесуваат културно, зошто да не? Но ако ме услужат колку ради реда, ако услугата касни и ако се однесуваат како да си им убил се` женско во фамилија, не им ни стапнувам веќе.
Има неколку такви места низ Скопјево на кои немам отидено долго време а нема ни да отидам.
 
Оставам кога добро ме услужиле и кога имам :) А колку, зависи од тоа колку имам и колку е сметката, најчесто заокружувам....
 
бакшиш оставам во зависност од кусурот немам одредено колку,задолжително оставам кај мене у населба по кафиќите:vozbud: пошто работат стварно цуциња и ич не жалам на нив ми се случи лани за нова година да и остаам 500 ден:nesvest::nesvest: али стварно ми го направија кеифот
 
Бакшиш оставам сако ако услугата била на ниво, во спротивно, не оставам и ич не ми е гајле. Обично ја заокружувам сумата, како што и некои од вас кажаа, ако е на пр. 170 денари сметката, оставам 200, ако е 430 може и 500 да оставам, се зависи колкава е големината на сумата.

Ама да си кажам најискрено, повеќе пати ми се има случувано да не оставам бакшиш, него да оставам.:kesa:
 
Е јас не. Сељак сум по природа бе, и шо да правам. Оставам бакшиш ако ме служит некоја добра девојка, или ако сум начукан ко стока во некоја биртија, па да имам момент, во кој би дал се на секому. Али навика како навика, ја немам, нит сакам да ја имам и да давам бакшиш. Поготово на келнери во локали, каде коа ќе им седнам на маса, мислам дека би ме убиле со поглед шо им праам промет. И затоа не ни седнувам на такви места, или ако седнам, тоа е испоштување на желбата на тој што седнал до мене. Сакам убав однос бе, и одам таму кај што го имам тој однос. Е таму каде што почитуваат редовни муштерии, и каде ќе ми се насмеат кога ќе влезам, и со „Повели“ ќе пијам кафе, наместо со импакт врз масата, таму ќе одам - за да правам промет. И таму никогаш нема да им фали мојот бакшиш, туку ќе се презадоволни од тоа што сум таму, и од тоа што и мојот однос кон нив не е „снобовски“, туку пријатен и позитивен.
 
Не оставам т.е оставам ако ги знам луѓето значи оставам само во кладилница кога ќе фатам повеќе пари:je:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom