Останати вести од светот на фудбалот

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
Еве само дел од изјавата на Бруно Пасквале:
“Ако еден Марко Ван Бастен носи лузи на нозете од мене, како и Џанлуиџи Виали, па замислете што би му направил на Ибрахимович.“
Еве прочитајте овде целосно
:respekt:
 
vesti od fudbalot

Екипите на Арсенал и Ливерпул ќе ги одмерат силите во англиската пресметка од четвртфиналето на Лигата на шампионите во фудбал, одлучено е денеска со ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
ДвојкиАрсенал - Ливерпул Фенербахче - Челзи Рома - Манчестер Шалке - БарселонаПобедникот од овој англиски дуел ќе игра во полуфиналето со подобриот од мечот Фенербахче - Челзи.
Екипата на Рома ќе игра против англискиот шампион Манчестер јунајтед, а германскиот Шалке 04 ќе игра против шпанската Барселона. Победниците од овие два меча ќе играат еден против друг во следната рунда.
Првите натпревари од четвртфиналните пресметки се закажани за 1 и 2 април, а реваншите за 8 и 9 април.
Финалето на ЛШ ќе се игра на 24 мај, на стадионот „Лужники“ во Москva

Џерард: Не се плашиме од никој

13.03.2008
stiven-gerard.jpg
Стивен Џерард
Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард, изјави дека неговата екипа не се плаши од никој од можните противници во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Нашиот учинок во Лигата на шампионите зборува сам за себе. Не мораме да се правдаме и да зборуваме колку сме добри. Ние сме европска сила, не се плашиме од никој. Бевме на врвот и знаеме што значи тоа“, изјави Џерард за британски „Сан“.
Изјавата на Џерард е последица од коментарите на Рио Фердинанд од Манчестер Јунајтед, кој рече дека Лигата на шампионите во минатите години ја освојувале екипи што не се во европскиот врв, како Ливерпул и Порто.
„Останатите треба да се плашат од нас. Ливерпул има педигре во Лигата на шампионите. Во последните три години игравме во две финалиња. Нашите резултати зборуваат дали сме големи или не. Сепак не треба да се занесуваме, бидејќи конкуренцијата е голема“, рече Џерард.
Соиграчот на Џерард, Алваро Арбеола, изрази желба неговата екипа во четвртфиналето да ги избегне англиските екипи и Барселона.
„Мои фаворити се Шалке и Фенербахче но, нема да ми смета ни Рома. Дефинитивно не сакам англиска екипа за противник. Искрено, не би сакал на ни падне ни Барселона“, изјави Арбеола.
Паровите за четвртфиналето ќе бидат извлечени утре во Нион, Швајцарија, а учествуваат Ливерпул, Манчестер, Челзи, Арсенал, Рома, Шалке, Барселона и Фенербахче.




Буфон останува во Јувентус до 2013-та

13.03.2008
bufon.jpg
Џанлуиџи Буфон
Голманот на Јувентус и репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Буфон, потпиша денеска нов договор со клубот со важност до 2013-та година.
Финансиските детали од новиот договор не се соопштени, а претходниот истекуваше во 2011-та година.
„Ќе бидам во Јувентус додека не наполнам 35 години. Така ќе имаме време да ги оствариме резултатите што се очекуваат од нас. Ова може да биде последниот договор во мојата кариера. Сепак, ако со 35 години и натаму бидам физички спремен, ќе продолжам професионално да се занимавам со фудбал“, изјави Буфон за „Газета дело спорт“.
Пред две години Буфон беше спремен да замине, откако екипата беше исфрлена од Серија А. Сепак, искусниот голман остана и помогна пак да се вратат во најквалитетното италијанско првенство.
„Во следните пет години сакам со Јувентус да ја освојам Лигата на шампионите и Светското клупско првенство“, порача Буфон.
Буфон (30) дојде во Јувентус во 2001-ва година од Парма. За екипата од Торино одигра 209, а за Италија 80 натпревари.





Томазо Роки уште пет години во Лацио

21.02.2008
tomaso-roki.jpg
Томазо Роки
Напаѓачот на Лацио, Томазо Роки денес потпиша нов договор со екипата и ќе остане во Рим до 2013-та година.
Роки на својот интернет сајт рекол дека сака да остане во Лацио до крајот на кариерата и дека му е многу мило што ја продолжил соработката со римскиот клуб.
„Доживотно во Лацио! Пресреќен сум што се договорив со челниците на клубот и што уште пет години, односно до крајот на кариерата, ќе останам во Рим. Ова од секогаш го сакав, благодарам на сите навивачи кои ми дадоа сила на играм на високо ниво“, се наведува во соопштението на Роки во неговиот интернет сајт.
Иако финансиските детали од договорот не се објавени, италијанските медиуми наведуваат дека тој годишно ќе заработува 1,3 милиони евра.
Роки во Лацио дојде во 2004 година од Емполи, а до сега за римскиот клуб има одиграно 121 натпревар и постигнато 57 голови.
 
Teмата е споена со веќе постоечката.

Ах ме уморивте денес...

Инаку, Celtic, дај едитирај си ги постовите, и среди си ги мислењата.
Види како изгледаат... (и тука и на Италијанско и на Шпанско)
 
Битолчани со пресврт до триумфот против лутиот скопски ривал Вардар

264-vardar.jpg


Во борбата за излез на европската сцена, во вечното дерби, Пелистер го совлада Вардар. „Црвено – црните“ го имаа почетното водство преку голот на Бајевски во 35-та минута. Сепак, Битолчани собраа сили и со голот на Тодоровски израмнија на 1 минута до крајот на првото полувреме. Елмазовски во 70-та минута ги постави конечните 2:1 за Пелистер, кој му го презеде 3-то место на Вардар.

_________________________

x.gif
Барса пропушти можност да му се приближи на Реал

013080011-spanija-vo.jpg


Дуелот помеѓу Барселона и Алмерија, кој заврши 2 : 2, го остави кралскиот клуб на комотна бодовна предност во однос на Барса, која сега изнесува 7 бода Барселона ја пропушти можноста со триумф над аутсајдерот Алемрија да го притисне Реал Мадрид и да му се доближи на само 5 бода негатива, на 10 кола до крајот на шампионатот.
Виљареал со денешната игра заслужи и повеќе отколку само бод против каталонскиот клуб. Сепак натпреварот започна добро за гостинот на средбата. Со голот на Бојан Кркиќ, каталонците во 17 –та минута дојдоа до водство.

До крајот на првото полувреме на средбата се играше грубпо и нервозно, а искусните фудбалери на Франк Рајкард, ја испуштија контролата во играта и во 33 минута му дозволија на Пулидо да израмни, откако по изведениот корнер тој остана очи во очи со голманот на Барселона.

Во второто полувреме се играше мирно, а во 65 – та минута Тиери Анри го постигна вториот гол за Барса и го донесе тимот до водство од 2 : 1.

По водечкиот гол, гостинските фудбалери повторно непромислено играа, а Габриел Милито во 72 – та минута мораше да ја напушти средбата, откако го заработи вториот жолт картон, што авоматски значеше и црвен. Бројчаната предност домашните ја искористија на 5 минути до крајот на средбата, а стрелец на израмнувачкиот гол беше Уше.

___________________

Торес ја разбуди историјата на Ливерпул

261-tores.jpg

Фернандо Торес стана прв со 20 погодоци во дресот на „Црвените“ по пауза од 12 години Овогодинешното засилување на Ливерпул, Фернандо Торес, се покажа како најдобра инвестиција на клубот.

Шпанецот на средбата со Ридинг го постигна 20-от сезонски гол во дресот на „Црвените“ во Премиер лигата, а вкупно 27-ми.

На тој начин Торес, кој во четврток ќе наполни 24 години, се запиша во историјата на тимот од „Енфилд“. Имено, последен играч кој постигнал над 20 голови за Ливерпул е Роби Фаулер, кој во сезоната 1995/’96 реализира 28 погодоци.

Торес е втор стрелец во Премиер лигата зад извонредниот Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, кој има два повеќе.

_______________________

x.gif
Фудбалските печалбари, радосни викендов

013080001-novevski-vo.jpg


Македонските интернационалци беа стандардни во своите клубови кои одиграа викендов и освоија бодови

Ока Николов, голманот на Ајнтрахт Франкфурт ги предводеше дел од македонските репрезентативци во Германија. Тој успеа да освои 3 бода со својот тим, а напаѓачите се погрижија да постигнат 1 гол и да го добијат мечот против Карлсруе.
Александар Васовски, се уште не е опоравен од повредата и понатаму не е во составот на Ајнтрахт.

Игор Митревски, исто како и Ока Николов имашеможност дасе радува на победа. Тој го одигра целиот натпревар за Енерџи Котбус, заработи жолт картон, но неговиот тим го победи Баерн Минхен со 2 : 0.

Николче Новевски, го одигра целиот натпревар за Мајнц во втората германска фудбалска лига, а неговиот тим одигра 1 : 1 против Минхен 1860 на гости.

Роберт Попов, повторно беше стандарден во тимот на Оксер против Лориен, а натпреварот заврши без победник. Според француските медиуми, Попов имал солидно издание на гостувањето по кое неговиот тим освои бод во францускиот шампионат.

Величе Шумуликовски, и понатаму игра одлично за Ипсвич во втората по квалитет англиска лига. Тој беше на теренот 90 минути, а неговиот тим го победи Чарлтон со 2 : 0. Шумуликовски и понатаму ја оправдува довербата која му ја дава тренерот.

___________________

Рома во дербито на Серија „А“ со пресврт им пресуди на „Росоњерите“ и дојде на минус 3 до лидерот Интер

260-roma-milan.jpg


Милан беше на чекор до победата против Рома и тоа на гостински терен.
На „Олимпико“ Миланезите имаа минимално водство се до 12 минути до крајот на натпреварот, благодарение на голот на Кака во 56-та минута.

Сепак, „Росоњерите“ немаа сили да го издржат налетот на домаќините во финишот. Најпрво нововлезениот Жили го израмни резултатот во 78-та минута, а само 3 минути подоцна Мирко Вучиниќ ги обезбеди трите бода за „Римската волчица“.

Победата добива на значeње со оглед на тоа што Рома сега е на минус 3 бода во однос на лидерот Интер, кој треба да одигра натпревар со Палермо.
Милан остана забетониран на 5-та позиција на табелата, зад Фиорентина која има 1 бод повеќе, но и можност да се одлепи доколку ја совлада Џенова.

______________________

Сега три екипи се борат за титулата

Трите едноподруго првенствени нерешени резултати на Арсенал доведоа до ситуација три екипи да се борат за шампионската титула во Премиер-лигата. Челзи сега дефинитивно е во игра, а само одложениот натпревар на Манчестер Јунајтед против Болтон ги спаси "топчиите" од губење на лидерската позиција, но овој викенд сепак може да дојде до промена на местата на Арсенал и Јунајтед.

Но, во 30. коло од Премиер-лигата сите три челни екипи имаат релативно лесна задача. Манчестер Јунајтед денеска му гостува на последнопласираниот Дерби, кој, најверојатно, ќе стане најлошата екипа во историјата на англиското првенство. На победа чека веќе 23 кола, а ако во последните девет натпревари не собере барем шест бода, ќе ја преземе неславната титула од Сандерленд, кој пред две години освои вкупно 15 бода. Јунајтед на претходните две гостувања имаше максимален ефект постигнувајќи притоа осум гола, така што и Дерби не може да се надева дека ќе помине подобро во дуелот со актуелниот првак. Единствен проблем за Алекс Фергусон е голманската позиција имајќи предвид дека Ван дер Сар ги повреди препоните минатата недела, а Томаш Кушчак доби црвен картон во дуелот од ФА Купот против Портсмаут. Во такви услови, денеска шанса ќе добие третиот голман Бен Фостер за кого дуелот против Дерби ќе биде прв во Премиер-лигата оваа сезона.

"Бен не беше на теренот една година и ова ќе биде голем предизвик за него. Задоволен сум од неговите квалитети, знам дека е брз, има огромен талент и не очекувам да има проблеми", изјави Фергусон.

Со оглед на тоа што игра од 16 часот, Јунајтед би можел барем за два часа да биде на чело на табелата во Премиер-лигата бидејќи Арсенал го пречекува Мидлсброу од 18.15 часот. По трите порази во серија "топчиите" очајно посакуваат победа, но тоа нема да биде нималку лесно ако се знае дека Мидлсброу е единствената екипа што оваа сезона успеа да го совлада лидерот на табелата. Во случај на евентуален "кикс" Арсенал не само што ќе го загуби првото место туку во опасност ќе биде и втората позиција на табелата имајќи предвид дека Челзи во моментов заостанува само пет бода, а има и еден натпревар помалку.

Во текот на целото првенство Челзи од позадина ја чека својата шанса и постојано ги користи грешките на своите противници во борбата за титулата. Со одличната серија резултати "сините" дојдоа на чекор на челната позиција и ако се знае дека до крајот на првенството на Стемфорд Бриџ ги пречекуваат и Арсенал и Манчестер Јунајтед, тогаш се први фаворити за шампионскиот трофеј. Денеска Челзи гостува на загрозениот Сандерленд, кому му се заканува испаѓање од лигата ако наскоро не оствари победа. Екипата на Рој Кин нема триумф во последните три кола и сигурно ќе биде многу тешко да се "вади" денеска против двократниот првак во последните три сезони.

И на дното од табелата е исклучително интересно. Покрај испаднатиот Дерби, уште пет екипи се на само два бода разлика, а Ридинг и Фулам викендов се среќаваат против тимовите од Ливерпул. "Црвените" играат во фантастична форма и обезбедија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, додека Евертон иако испадна од Купот на УЕФА, с$ уште се бори за четвртото место на табелата.

______________________

ФИФА: „црвен картон“ за албанскиот фудбал

fifa1.jpg


ФИФА ја исклучи Албанската фудбалска федерација од сите меѓународни активности. Одлуката е донесена доцна синоќа на седница на Извршниот комитет на ФИФА, јави дописникот од Тирана.

Причина за тоа е континуираното мешање на државата во автономијата на албанската фудбалска федерација.

Министерството за туризам, култура, млади и спорт, заедно со она за финансии, се обидоа недоамна да направат економско-финансики упад во највисоката албанска фудбалска инситуција, на што веднаш се спротивставија ФИФА И УЕФА.

Министерот за туризам, култира, млади и спорт Или Панго, неодамна го потпиша статутот на Албанската фудбалска федерација, правејќи неколку измени во него, кои не се прифатливи за овие две асоцијации.

И покрај сите напори од страна на двете организации да ги натераат на договор владата во Тирана и Албанската фудбалска федерација, тоа не се постигна во изминатите две години, бидејќи Министертвото за спорт не се согласи да ја признае независноста на фудбалската федерација.

Ова е вторпат, во последните две години, Албанската фудбалска федерација да биде исклучена од меѓународните активности.
 
Зидан се враќа во Реал Мадрид
понеделник, 17 март 2008
x.gif
Поранешниот фудбалер на кралскиот клуб договара место меѓу челниците на клубот
272-zidane-2.jpg

Фудбалската легенда Зинедин Зидан, кој ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид, изрази желба да биде дел од раководството на „Кралевите“.

- Сакам да се вратам во Реал Мадрид, не како тренер, туку како дел од раководството. Имам сериозна понуда, но не сакам да коментирам ништо додека не се конкретизираат работите – изјави 35-годишниот Зидан.

Инаку, поранешниот француски репрезентативец, се уште живее во главниот град на Шпанија.



Роналдињо има болки во мускулот, но не и кога се „журка“
понеделник, 17 март 2008
x.gif
Шпекулациите не стивнуваат откако Бразилецот не беше во составот на Барселона против Алмерија
271-ron-raj.jpg
Франк Рајкард не го ставил во составот Роналдињо за време на последниот меч од Примера дивизион против Алмерија, затоа што Бразилецот го пропуштил тренингот во четвртокот, бидејќи претходната вечер уживал во ноќниот живот до раните утрински часови.

- Не верувам во такво нешто. Сигурен сум дека Роналдињо е мотивиран да игра, треба да зборувате со Рајкард – бил краток претседателот на Барса, Хуан Лапорта.

Холандскиот стратег на Барса категорично ги отфрлил сите обвинувања, потврдувајќи дека Роналдињо има проблеми со повреда.

Според официјалната верзија, Роналдињо поради болки во мускулот не отпатувал во Андалузија, каде Каталонците одиграа 2 : 2.


Фудбалер на Црвена Звезда има аритмија
понеделник, 17 март 2008
x.gif
Португалецот Лукаш во црвено - белиот дрес ја заврши кариерата поради срцеви проблеми
275-LUKAS-OK.jpg
Фудбалерот на Црвена Звезда Жоао Нуњо да Силва Кардозо Лукаш ја заврши својата кариера поради проблеми со срцето.

Последните прегледи во Падова покажале дека 28- годишниот Лукаш поради аритмија мора да ја прекине кариерата, во спротивност би можел да го загрози својот живот.

- Го преживувам најтешкиот момент во мојот живот. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за големата поддршка. Тешко ми е, ама тоа е животот. Горд сум што го носев дресот на Звезда и жал ми е што се вака се заврши – изјавил Лукаш.


На фудбалски натпревар во Бразил се случила невообичаена несреќа, до која дошла поради тоа што еден играч го погодил гром.

natrevar-grommm-01.jpg


На натпреварот Novo Horizonte и Atletica, по 50 минутна игра, небото започнало да станува облачно, почнало да врне силен дожд и започнало да светка.

Гром го погодил 25 годишниот напаѓач на Хоризонте, Џилвани, кој веднаш паднал.

Веднаш му била пружена соодветна медицинска помош, а неговото срце покажувало намален ритам до кој дошло поради електричниот напон. Докторите порачуваат дека несреќниот фудбалер потполно ќе се опорави.

Дуелот помеѓу двете екипи бил прекинат, но бил завршен по еден ден, кога виделе дека со играчот е се во ред.
 
EVE GI STADIONITE NA KOI KE SE IGRA EVROPSKOTO PRVENSVO 2008

АВСТРИЈА

Worthersee stadion – Клагенфурт

Прекрасно здание. Стадионот е завршен оваа година. Освен фудбалски терен во склоп на стадионот се наоѓа шопинг центар и хотел.
Интересно е што кога ќе заврши првенството стадионот ќе се демонтира бидејќи е заклучено дека на градот не му треба толку голем стадион.
wortherseestadion_klagenfurt.jpg

Трошоци за обнова:40 милиони евра
Година на отворање:2004
Капацитет:30.757 седишта

Ernst Happel stadion – Виена
Еден од најдобрите стадиони во Европа и затоа ФИФА му има дадено 5 ѕвездички. Дом на австриската репрезантација кој по реконструкцијата и доградувањето може да собере повеќе од 50.000 фанови.
ernesthappel_viena.jpg

Трошоци за обнова:14,9 милиони евра
Капацитет:50.008 седишта



Wals Siezenheim stadion – Салцбург
Стадионот до 2003 имал само 18.000 седишта. Но, со обновата е проширен и сега може да собере преку 30.000 љубители на фудбалот.
walssiezenheimstadion_salzbur.jpg

Трошоци за обнова:59 милиони евра
Година на отворање:2003
Капацитет:30.020 седишта


Stadion Tivoli – Инсбрук
Стадионот е дом на фудбалскиот клуб Вакер Тирола, австриски прволигаш.
tivolii_innsbruck.jpg

Tрошоци за обнова:37 милиони евра
Година на отворање:2004
Капацитет:30.600 седишта


ШВАЈЦАРИЈА

St.Jakob Park – Базел
Изграден е во март 2003 и чинел повеќе од 220 милиони швајцарски франци. Има три ката и е поделен на четири трибини. На сопствениот паркинг може да се паркираат 680 автомобили. УЕФА му има доделено 4 ѕвездички, најмногу можни за стадион од ваков вид. Ова е домот на фудбалскиот клуб Базел.
stjakobpark_basel.jpg

Трошоци за обнова:149 милиони евра
Година на отворање:2001
Капацитет:30.132 седишта



Stade de Suisse – Берн
Втор по големина стадион во Швајцарија. Во стадионот е вложено скоро 350 милиони евра, а на покривот е монтиран соларен систем кој годишно произведува 700 илјади киловат часови електрична енергија.
stadedesuisse_bern.jpg

Трошоци за обнова:203милиони евра
Година на отворање:2004
Капацитет:40.228 седишта


Stade de Geneve – Женева
Стадионот е завршен 2003 година по три години градба. Дом е на швајцарската репрезентација. Лесно се стигнува со автобус или такси бидејќи е блиску до центарот на градот.
stadedegeneve.jpg

Трошоци за обнова:169 милиони евра
Година на отворање:2003
Капацитет:30.502 седишта


Letzigrund– Цирих
Дом на ФК Цирих и Грасхоперс. Еден од најмалите стадиони. Проширениот Лецигрунд е отворен пред само неколку месеци.
letzigrund_zurich.jpg

Трошоци за обнова:237 милиони евра
Година на отворање:2006
Капацитет:30.016 седишта

DA BIDAM ISKREN NE SUM IMPRESIONIRAN


69478513747dc1e3eebe23678296132_big.jpg


ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА "СИНИТЕ" СОНУВА ДА ГО ВОДИ ЧЕЛЗИ
Ѕола: Сакам да се вратам "Стемфорд Бриџ"
Поранешниот центарфор на Челзи, Џанфранко Ѕола изјави дека има голема желба повторно да го предводи тимот од "Стемфорд Бриџ", но овој пат од клупата. Италијанскиот ас кој во 2003 година, по 229 натпревари и 59 голови, го напушти лондонскиот клуб, изјави дека е во контакт со Роман Абрамович и дека рускиот милијардер повеќепати му понудил работа кај "сините", но тој ја одбил.

"Абрамович двапати ме повика да се вратам во Челзи, но во што е поентата кога не можам ништо да му понудам. Јас само една година се занимавам со тренерската работа и не сум подготвен да бидам менаџер на еден од најдобрите тимови во Европа. Но Челзи, сепак, ми остана во срцето и се надевам дека повторно ќе се вратам во клубот", изјви Ѕола.

Италијанецот кога си замина од "Стемфорд Бриџ" две години го носеше дресот на Каљари, пред да ја заврши играчката кариера. Моментално ја извршува функцијата помошник на селекторот на младинската репрезентација на "Азурите".
 
Судиите го штитат Манчетсер Јунајтед
петок, 21 март 2008
x.gif
Пред премиерлигашката средба помеѓу Манчестер Ј. и Ливерпул, Бенитез, менаџерот на гостинскиот тим, го обвини Фергусон дека манипулира и ги контролира судиите
01308008-benitez-vo.jpg
Рафа Бенитез, изјави дека има докази за Сер Алекс Фергусон, дека манипулирал со судиите. Според него, Ферги е многу паметен човек и веќе се обидел да го врбува Стив Бенет, делителот на правадата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
- Фергусон пред секој важен натпревар ги напаѓа судиите. Тој е доста поган во изјавите и прави неверојатен притисок. Тој стално вели дека Роналдо, неговиот најважен фудбалер е најмалку заштитен од судиите, а оваа изјава ја надополнува со низа лаги. Поради неговото влијание и моќ, судиите имаат страв, со што Ферги стално ја има наклонетоста од делителите на правдата – изјави Бенитез.

Дербито во Премиер лигата се игра викендов, а Олд Трафорд се очекува да биде преполн за да му дадат целосна поддршка на тимот кој сезонава има успешен настап во Европа и во домашниот шампионат.



Сопственикот на Њукасл пред банкрот
понеделник, 24 март 2008
x.gif
Ашли загубил 129 милиони фунти сезонава во Премиер лигата поради неуспешните зделки на фудбалскиот пазар
013080015-njukasl-vo.jpg
Сопственикот на Њукасл, Мајк Ашли, изјави дека ќе го продава тимот за да го покрие финансискиот крах, кој го доживеа за неполна година.
Во мај лани, Ашли стана сопственик на Њукасл, а само од почетокот на сезоната, до сега загубил, рекордни 129 милиони фунти, со што ја доведува рентабилноста и на својата компанија, а клубот го носи во бунар без дно.

Само за еден месец, според изворите од клубот, магнатот загубил над 14 милиони фунти и тоа во периодот од први ноември до први декември, а до јануари додал уште минус 20 милиони.

Дека финансиите во фудбалот му се непознаница на Ашли, говори фактот што во февруари и март загубил над 39 милиони фунти и продолжува со зголемување на трендот на загуби.

За да се спаси од злото, според англиские медиуми, тој ќе го продава клубот по завршувањето на сезоната.



Македонија подготвена за БиХ
вторник, 25 март 2008
x.gif
Босанците имаат силен состав, но „Црвено–црните“ очекуваат рамноправен натпревар во зимските услови на теренот
316-trening.jpg
Утре на меѓународната фудбалска сцена на програмата се пријателски натпревари. Во 20 часот и 15 минути на стадионот „Билино поље“ во Зеница, репрезентацијата на Македонија ќе игра со селекцијата на Босна и Херцеговина. Пред 8 години „Црвено – црните“ на истото место беа минимално поразени.

Поради зимските услови во Високо, избраниците на селекторот Среќко Катанец денеска имаат тренинг на теренот на ФК Фамос во Сараево.

Катанец, во пресрет на натпреварот, оддржал прес конференција, на која потенцирал дека целта е да се направи чекор напред во играта за што поголема подготвеност за квалификациите за Светското првенство.

- Не сметам дека тешкиот терен е наша предност, иако на таков имавме добри резултати со Хрватска и Србија. БиХ има добар тим и очекувам рамноправен меч. Нема да менувам ништо во играта, ќе настапиме со истата формација – изјавил Словенецот.

Македонската селекција ќе биде предводена од првиот стрелец на Лацио, Горан Пандев.

- Сигурно дека Босанците ми се во добро сеќавање, затоа што против нив го постигнав еден од најдрагите голови во репрезентативниот дрес, по оној со Малта. Посакувам и на овој натпревар да го дадам максимумот и да бидам стрелец, иако знам дека играме против силен состав – изјавил Пандев.

Во обложувалниците, предност и се дава на БиХ, иако има висок коефициент од 2,00. За победа на Македонија коефициентот е 3,20, додека за реми е 3,00.

Од другите натпревари, најмногу внимание привлекуваат дуелите меѓу
Шпанија–Италија, Франција–Англија и Шведска–Бразил.

Од нашите блиски земји, Србија и гостува на Украина, а Хрватска на Шкотска. Бугарија ја пречекува Финска, додека Црна Гора е домаќин на Норвешка. Грција игра со Португалија, Романија со Русија, Турција ќе и гостува на Белорусија, а Унгарија ќе се соочи со Словенија.



Срна замена за Пандев
понеделник, 24 март 2008
x.gif
Хрватскиот репрезентативец Срна, можно е од следната сезона да го засили Лацио, откако Бехрами и Пандев најавија заминување од тимот
013080011-dario-vo.jpg
Според пишувањата на Пиацаделалиберта, Дарио Срна, најверојатно ќе биде првата аквизиција за Лацио во летниот преоден рок.
Спортскиот директор на римскиот клуб, Валтер Сабатини, се почесто го следи хрватскиот репрезентативец, а медиумите објавил неофицијална изјава во која Сабатини рекол дека Срна е одлична замена за Бехрами.

Во моментов, Срна има договор со Шахтјор до 2012 година, но според италијанските медиуми, хрватскиот репрезентативец игра на повеќе позиции во тимот и може да преставува одлична замена и за Горан Пандев.



Убиени фудбалски тренери во Турција
вторник, 25 март 2008
x.gif
Двајца тренери на турскиот третолигаш Бафраспор се застрелани
319-bafra.jpg
Раководството на фудбалскиот клуб Бафраспор кој настапува во третата турска лига, објави дека првиот тренер на тимот Седат Гезер и тренерот на голманите Исмаил Курт, утрово биле застрелани.

Како што наведуваат претставници на клубот, двајца неидентификувани напаѓачи пристигнале во клубот со бел минибус и ги застрелале тренерите.

43-годишниот Курт загинал на лице место, додека 10 години постариот Гезер починал подоцна, откако бил пренесен во болница.

При нападот бил тешко ранет и 62-годишниот Елџан Јозарслан, менаџер на тимот, кој се уште се бори за живот. Полицијата си уште не ги знае мотивите за убиството, а убијците се во бегство.
 
Егзибициски меч на фудбалските ѕвезди
среда, 26 март 2008
x.gif
Во април се планира натпревар со хуманитарен карактер под покровителство на дел од најголемите фудбалски легенди
323-442.jpg
Зинедин Зидан, Раул Гонзалес, Ерик Кантона, Брајан Лаундруп и Бернд Шустер ќе учествуваат во хуманитарен меч под организација на фондацијата „4-4-2“, која е во сопственост на капитенот на Марсеј Лорик Кана и Фабио Селестини од Хетафе.

На 21 април во егзибициски меч ќе земат учество многубројни светски ѕвезди, а сето тоа ќе биде посветено на децата со пречки во развојот.

Собраните средства ќе бидат наменети за градење нов терен во детската школа на францускиот тим Рен, како и на клубови од Куба и Бразил.



Зголемена казната на Масчерано
среда, 26 март 2008
x.gif
Фудбалерот на Ливерпул Хавиер Масчерано доби казна од три натпревари неиграње поради недисциплина
331-mascerano.jpg
Хавиер Масчерано од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул поради неспортско реагирање за време на добивањето црвен картон е казнет со три натпреври неиграње.

- Масчерано е казнет поради неспортска реакција и навреда на судијата Стив Бенет – се вели во соопштението на федерацијата.

На дерби средбата против Манчестер Јунанајтед, која „Црвените“ ја добија со 3:0, темпераментниот Масчерано доби два жолти картони уште во првото полувреме, првиот за груб старт, а вториот за приговор.

Првобитната казна за аргентинскиот фудбалер беше еден натпревр неиграње, но Англиската фудбалска федерација, по дополнителното прегледување на настанот реши да ја зголеми казната.



Дрогба меѓу Милан и Реал Мадрид
среда, 26 март 2008
x.gif
Челзи на крајот од сезоната ќе остане без услугите на напаѓачот Дидие Дрогба
327-drogba.jpg
Италијанските медиуми информираат дека напаѓачот на Челзи Дидие Дрогба ќе ја продолжи кариерата во Милан или во Реал Мадрид.

Откако си замина поранешниот тренер на Челзи Жозе Мурињо се шпекулира дека репрезентативецот на Брегот на слонова коска сака да си замине од „Стемфорд Бриџ“.

Во неколку наврати Дрогба јавно има изјавено симпатии кон играта на Милан и Реал, па токму затоа се предвидува дека тоа се тимовите каде би можел да ја продолжи кариерата. Поголеми се шансите Африканецот да ги засили „Росоњерите“, кои се во интензивна потрага по напаѓач.

Доколку Дрогба замине од Челзи, „Сините“ ќе немаат потреба да бараат негова замена, откако ги осигураа услугите на Николас Ањелка.




x.gif
Бекам го одигра 100–от натпревар за Англија
четврток, 27 март 2008
x.gif
Дејвид Бекам, ѕвездата на Англија влезе меѓу славните во Англија, на пријателската средба против Франција, која неговата репрезентација ја загуби. Во дерби натпреварот од пријателските средби, Шпанија ја победи Италија
01308015-beks-vo1.jpg
Стотиот репрезентативен настап за Англија, Дејвид Бекам, ќе го памети по поразот од Франција, со 1 : 0 и заработениот жолт картон. Ѕвездата во тимот на Фабио Капело, не успеа да се запише во листата на стрелците, а единствениот гол го постигна Франк Рибери, од пенал во 32 – та минута.
На оваа средба, за прв пат капитенската лента во прсуство на Бекам ја доби Рио Фердинанд, кој ќе биде новиот предводник на играчите во тимот на Капело.

Во дербито на вечерта, Шпанија беше подобра од Италија дома и славеше со 1 : 0. Единствениот гол беше постигнат во второто полувреме, а стрелец на истиот беше Давид Виља, во 78 – та минута од натпреварот.

Во преостанатите пријателски средби, најголемото изненадување со чини го направи Црна Гора која ја победи Норвешка со 3 : 1.

Црногорците одиграа одличен натпревар, а резултатот во 7 – та минута го отвори Бурзановиќ. По водството на црногорците, не успеаа да реализираат гостите, па Бошковиќ во 37 – та минута ја донесе репрезентацијата до водство од 2 : 0, резултат по првото полувреме.

Во второто полувреме, присутните на средбата видоа уште два гола. Најнапред, Џаловиќ, во 60 –та минута од средбата ја донесе Црногорската репрезентација до убедливо водство, а Карју во 72 – та минута намали на 3 : 1. До крајот на средбата за одбележување е црвениот картон кој го доби Јованoвиќ, во 80 –та минута, со што домашниот тим мечот го заврши со 10 фудбалери.

Во Шкотска, Хрватска успеа да извлече реми. Головите беа постигнати во првото полувреме, а резултатот го отвори Крањчар во 10 – та минута. Во составот на Хрватска не играше Едуардо, поради здобиената повреда. Во меѓувреме Хрватскиот репрезентативец изјави дека ќе му прости на Тејлор.

Хрватската селекција продолжи со добра игра во првото полувреме, но киксот на одбараната во 30 – та минута го казни Милер, кој со помош на Шимуниќ, успеа да го совлада Плетикоса. Во второто полувреме, на теренот играше само домашната селекција, а Хрватска едвај успеа да извлече реми по многуте промашени зицери на Шкотска.



Резултати на дел од пријатлеските средби:
Црна Гора – Норвешка 3 :1
Словачка – Исланд 1 : 2
Австрија – Холандија 3 : 4
Шкотска – Хрватска 1 :1
Бугарија – Финска 2 : 1
Унгарија – Словенија 0 : 1
Украина – Србија 2 : 0
Белорусија – Турција 2 : 1
Романија – Русија 3 : 0
Данска – Чешка 1 : 1
Португалија – Грција 1 : 2
Шведкса – Бразил 0 : 1
Швајцарија – Германија 0 : 4
Франција – Англија 1 : 0
Шпанија – Италија 1 : 0
 
Младата надеж на Real Madrid


Real Madrid има највисок годишен приход од сите фудбалски клубови на светот. Исто така е и еден од клубовите со највисоки стандарди за младинскиот тим. Дознајте што си треба да се случи за од Real Madrid C, нарекуван и Juvenil C, гордо да се истрча на Santiago Bernabјu.

04raul.jpg
Едно од првите нешта кои ги пречекуваат момчињата кога доаѓаат на тренинг се постерите на нивниот идол, Raul Gonzalez Blanco. Секој од нив се надева дека ќе ја наследи ѕвездата на Real, а конкуренцијата овде е голема - 274 момчиња и тинејџери поделени во 15 младински тима. И самиот Raul кариерата ја започна на младинската академија на Real, а сега е ѕвезда во Primera Division, па ништо чудно што овие идни фудбалери се огледуваат токму во него.

Поранешниот играч на Real, кој и самиот мина низ оваа младинска академија, Josј Miguel Gonzбlez - Mнchel, сега е одговорен за новата надеж на кралскиот клуб. Како менаџер на Real Madrid Castilla, вториот тим на Real, каде и самиот Mнchel мораше да се докажува пред да заигра за Real Madrid, тој истакнува дека токму играчите кои излегуваат оттука ја претставуваат душата на кралскиот клуб.

Децата кои тренираат овде имаат на што да се надеваат, примерите кои ги гледаат се повеќе од инспиративни. Дел од нив се Raul, голманот Iker Casillas, Miguel Torres Gуmez кој од свои 12 години играше за јуниорските тимови на Реал, си додека во 2007 не го потпиша договорот за првиот тим, а тука е и Ricardo Gallego кој почна на 14 години и стаса да освои дури четири титули во деветте години играње за Real Madrid.
8abba7castillap.jpg

real_youth.jpg
Момчињата кои се надеваат дека ќе заиграат на Santiago Bernabјu уште од најрана возраст ги учат правилата, тактиката и се под постојан надзор. Овде дури и најмладите момчиња ја гледаат снимката од натпреварот и ја анализираат сопствената игра со тренерот. Тие се и постојано информирани за сопствениот напредок, а неколкумина дури и година порано отидоа на следното ниво. На кампусот има и наставници кои не дозволуваат фудбалерите да заостануваат во образованието, како и психолози кои го следат нивното карактерно градење. Сепак, клубот реши дека нема да ги задржува децата во интернат. Причина за оваа одлука е што влијанието на Real Madrid во Шпанија е толку големо, што дури и најмладите играчи стануваат славни. Челниците на клубот не смеат да си дозволат новата надеж на кралскиот клуб да се занесе, па одлуката да престојуваат со своите фамилии е најдобар начин овие деца да продолжат да живеат нормално.
sergio.jpg
Иако изгледа дека лојалноста веќе не е дел од карактерот на денешните фудбалери, сепак шансите да се одбијат другите понуди се поголеми ако сте растени со клубот и затоа чувствувате посилна припадност кон него. Камусот на кој тренира подмладокот на Real е отворен во 2005 година надвор од Мадрид, а кога ќе биде целосно завршен ќе има 11 терени. За гостинските тимови има посебни делови и тие немаат пристап до главната зграда. За оние кои сакаат да ја почувствуваат атмосферата, како и за други тимови кои сакаат тука да имаат тренинзи ќе се изградат посебни терени и хотелски комплекс.
juanmi_callejon.jpg

Спортскиот центар распространет на 125 хектари уште се гради. Во план се хотели, музеи, сопствена ТВ станица, како и простор за кошаркарскиот тим на Real. Навистина кралски, нели?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:
 
Минатата недела го кажаa натпреваров и на форумов ама еве подетално :

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]МАКЕДОНЕЦОТ ОД ОСИЕК ВМЕШАН ВО МЕСТЕНКА ВО ХРВАТСКА

[/FONT] [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Името на македонскиот интернационалец во Осиек, Горан Тодорчев, изби во прв план во најновата афера со местење резултати во хрватското фудбалско првенство. Поранешниот играч на Работнички Кометал, наводно, ден претходно го знаел точниот резултат на натпреварот Вартекс-Задар, што било откриено на еден хрватски форум за обложување.
- Вартекс-Задар 5:2 - излегло на форумот во петокот попладне, што наредниот ден навистина се оствари на стадионот во Вараждин.
Учесниците во дискусијата на форумот по натпреварот открија од кого излегла дојавата.
- Мечот беше наместен. Едно момче, Тодорчев, кој игра за Осиек, во петокот ни јави дека ќе биде плус седум голови и во саботата до 11 часот тој беше блокиран во целата Македонија. Можеше да се игра само на едно место, но не како сингл. Дечкото веќе трета недела по ред ја "кине" целата хрватска лига. Дури кажа дека ќе победат во Сплит и мечот со Хајдук заврши 2:2, коефициент 20 - тече разговорот на форумот.
И покрај тоа што од Задар демантираат какво било местење, обложувалниците во Србија и БиХ претрпиле огромни загуби поради големиот број уплати на точниот резултат 5:2 на оваа средба. Натпреварот, инаку, немал никакво натпреварувачко значење за двете екипи.
[/FONT]
 
Ај неколку позначајни вести:

Луис Арагонес и официјално нов тренер на Фенербахче.
http://www.fenerbahce.org/eng/detay.asp?ContentID=1880

Иако беше поврзуван со многу поголеми клубови, Хатем Бен Арфа од Лион оди во Марсеј.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=9544&page=16

Според A Bola, еден од најверодостојните весници за португалскиот фудбал, Кварезма потпишува за Интер.
http://www.abola.pt/nnh/ver.aspx?id=143436
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom