Одамна не сум пишал на темава, мора да се вратам во форма

Прво за Лидс, ги купи Челино( на Каљари газдата) после држ- недај со фудбалската лига ( само во прва лига е ФА, од 2ра надоле си се друга асоцијација), зашто овие нејќеа да му дадат дозвола, зашто имал неплатен данок за јахтата..... Во меѓувреме он плаќаше плати и донесе неколку одлични играчи на позајмица (Конор Викам и Батленд од стоук двајцата у21 репрезентативци), кога дечкиве од ФЛ го блокираат и не му даваат да го купи лидс од ретардираниве арапи. Општ хаос се случува, платите не се исплатени и постои можност за -10 поени. Пак Челино им дава пари и овие исплаќаат 25 % на играчите, а нивните плати на управата се скроз покриени, значи они не се во минус важно. И сега стига интересниот дел. Дава жалба до ФЛ и други луѓе ја разгледуваат понудата и неговото досие во италија (мислам дека рандом претставници од клубовите се ставаат на проценка при прв круг, зашто сите екипи си имаат претставник) и си поминува некако одвај. Моментот е што првиот ден кога влегува во канцелариите, при детално чистење на канцелариите се најдени неколку камери во СИТЕ канцеларии на луѓево. Прашање е дали они ги поставиле или пак и они биле снимани од некој претходно. Ако е второто, колку треба да си глуп цела година да не си исчистиш во канцеларија...
Нормално откази лапнаа сите од претходното раководство, сега Челино ќе си постави негови луѓе кои имаат искуство во водење фудбалски клуб.
Најави купување на стадионот и тренинг центарот назад, зашто беа продадени во кризата на приватен сопственик. Исто најавува некој од играчите од Каљари, а се збори и Астори ама тоа најверојатно нема ни 1 % вистина, туку само си пишуваат.
Сеа за другиве клубови малце:
Лечестер убедливо први, очекувано. Барнли најголемото изненадување за цела Англија, никој не очекуваше дека по продажбата на најдобриот напаѓач во историјата и без целосно искористување на сретствата ќе бидат на чекор до ПЛ. Дерби и Виган се препородија со новите тренери, и имаат прилично квалитетни тимови. КПР ако не влезат годинава ништо чудно да се распаднат, имаат убедливо најскап и најкомплетен тим и пак неможат повеќе од 1-0 да тепаат или воопшто да тепаат. Ридинг склопија солиден тим така да ништо чудно не е што се 6ти.
Од другиве Бурнемтон и Ипсвич се пријатни изненадувања, додека барем за мене Лидс, Нотингем, Болтон, Вотфорд се големи разочарувања. сите се очекуваше да бидат од 3-8 место. Поранешните премиерлигаши Блекбурн и Бирмингем се претопија во второлигашкото друштво и тешко дека со ваква политика ќе стигнат пак назад.
Плејофот ќе биде исклучително интересен ама има време до тогаш
