Останати фудбалски лиги

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
АВБ во Зенит, следните 2 сезони 2014-2015 и 2015-2016
news.58389.545x410.jpg
 
Два пати годинава Днипро им го удират скалпот на Шахтар. Украинскава лига ќе е интересна до крај, Шахтар се фаворити, но сезонава не се непобедливи. Во игра за титула се уште Днипро,Динамо и Металист, ќе биде неизвесно .... :icon_lol:
upl.png
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Бризбејн станаа шампиони во Австралија со гол во 93-та минута.
 
Бризбејн станаа шампиони во Австралија со гол во 93-та минута.

Мала исправка. Бризбејн се шампиони, само не во смисла на шампиони од типот на да речеме Јунајтед што беше лани во ПЛ. Австралиската спортска традиција е малце зезната, така што сезоната продолжува и после изигрувањето на сите регуларни кола. Бризбејн моментално се со титула "Premiers" што во превод би дошло...мајка му нема превод, "Премиери" нема смисла некако :). Нејсе, првите 6 на табелата одат во финалната фаза каде победникот во финалето е всушност шампионот за таа сезона. Што е интересно, да речеме ако некоја трета екипа стане шампион на крајот, Азиската федерација воопшто не ги есапи нив. Бризбејн се прваци според нив и заедно со второласираниот тим се квалификуваат директно во ЛШ, додека крајниот шампион исто се квалификува само поради тоа што има додатно место за државата.
 
Се вљубив во фудбалот што го играат Салзбург ...
 
Боаш со победа ја започна авантурата со Зенит, Хулк со два гола и одличниот Лодигин кој успеа да одбрани два пенала беа најзаслужни за победата.
 
:cuc: Веќе ми стана едно од моите омилени видеа.

Иначе претходно во Краснодар, Краснодар - Спартак 4:0, Фратриа ги побараа дресовите од играчите назад.
sniali1.jpg

Последното дерби во Сплит, Хајдук-Динамо 0-2. Мамич како и секош главна атракција.
Мамичу Цигане :)
 
Денес и утре, Полска Екстракласа, Руска и Украинска премиер лига , дерби натпревари.
Легија Варшава - Лех Познањ
Локомотив Москва - Спартак Москва
Днипро - Динамо Киев
Металист Харкив - Шахтар Доњецк
:vozbud:
 
Чисто информативно, за пола саат почнува едно од најголемите светски фудбалски дерби-натпревари, Суперкласикото, Бока - Ривер

La Bombonera пред 15 минути
BkAJbv0CEAAdzv-.jpg:large
 
Викендов што следува дербито во Прага

Спарта Прага-Славија Прага 12.04.2014 од 15.00
Припреми :D

kolaz+malovani.jpg
 
Одамна не сум пишал на темава, мора да се вратам во форма :)
Прво за Лидс, ги купи Челино( на Каљари газдата) после држ- недај со фудбалската лига ( само во прва лига е ФА, од 2ра надоле си се друга асоцијација), зашто овие нејќеа да му дадат дозвола, зашто имал неплатен данок за јахтата..... Во меѓувреме он плаќаше плати и донесе неколку одлични играчи на позајмица (Конор Викам и Батленд од стоук двајцата у21 репрезентативци), кога дечкиве од ФЛ го блокираат и не му даваат да го купи лидс од ретардираниве арапи. Општ хаос се случува, платите не се исплатени и постои можност за -10 поени. Пак Челино им дава пари и овие исплаќаат 25 % на играчите, а нивните плати на управата се скроз покриени, значи они не се во минус важно. И сега стига интересниот дел. Дава жалба до ФЛ и други луѓе ја разгледуваат понудата и неговото досие во италија (мислам дека рандом претставници од клубовите се ставаат на проценка при прв круг, зашто сите екипи си имаат претставник) и си поминува некако одвај. Моментот е што првиот ден кога влегува во канцелариите, при детално чистење на канцелариите се најдени неколку камери во СИТЕ канцеларии на луѓево. Прашање е дали они ги поставиле или пак и они биле снимани од некој претходно. Ако е второто, колку треба да си глуп цела година да не си исчистиш во канцеларија...
Нормално откази лапнаа сите од претходното раководство, сега Челино ќе си постави негови луѓе кои имаат искуство во водење фудбалски клуб.
Најави купување на стадионот и тренинг центарот назад, зашто беа продадени во кризата на приватен сопственик. Исто најавува некој од играчите од Каљари, а се збори и Астори ама тоа најверојатно нема ни 1 % вистина, туку само си пишуваат.
Сеа за другиве клубови малце:
Лечестер убедливо први, очекувано. Барнли најголемото изненадување за цела Англија, никој не очекуваше дека по продажбата на најдобриот напаѓач во историјата и без целосно искористување на сретствата ќе бидат на чекор до ПЛ. Дерби и Виган се препородија со новите тренери, и имаат прилично квалитетни тимови. КПР ако не влезат годинава ништо чудно да се распаднат, имаат убедливо најскап и најкомплетен тим и пак неможат повеќе од 1-0 да тепаат или воопшто да тепаат. Ридинг склопија солиден тим така да ништо чудно не е што се 6ти.
Од другиве Бурнемтон и Ипсвич се пријатни изненадувања, додека барем за мене Лидс, Нотингем, Болтон, Вотфорд се големи разочарувања. сите се очекуваше да бидат од 3-8 место. Поранешните премиерлигаши Блекбурн и Бирмингем се претопија во второлигашкото друштво и тешко дека со ваква политика ќе стигнат пак назад.
Плејофот ќе биде исклучително интересен ама има време до тогаш :)
 
Овој газдава на Лидс го шпиунирале кога идел да кења, а во салата за состаноци им беше најден прислушкувач. Бог да сачува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom