Останати фудбалски лиги

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум ја видел темава, па еве да си го кажам мислењево. Повеќето фанови сакаат Лидс и Н. Форест да влезат во ПЛ. И јас тоа би сакал да го видам, да се зголеми уште повеќе ривалството во ПЛ. Али годинава за Форест има големи шанси, за Лидс помалце. Блекпул лично би сакал да ги видам бидејќи оставија впечаток на доста симпатичен тим кога беа во ПЛ, па не е лошо пак да ги гледаме. Блекбурн направија неколку изненадувачки добри трансфери, па Стив Кин може ќе успее да направи нешто. Иако сега читам од управата му рекле дека ако загуби 3 конзекутивни натпревари во било кој дел од текот на сезоната, дека ќе летне од работа. Чарлтон и Хадерсфилд се новодојденици во лигата, но имаат потенцијал за година-две да се изборат за место во ПЛ. Другите што се на листава не верувам дека ќе се изборат за место во ПЛ. Инаку не знам зашто ги нема Лестер тука. Имаат добро составче, богат сопственик, и со добро раководење можат да избијат во ПЛ, дури и да се изборат со директен пласман.

А мојот личен фаворит е Кардиф. Последните 2 сезони сакам они да влезат во ПЛ бидејќи покажуваат доста добри игри. Немаа среќа во плејофот 2 пати, а ете лани играа против нас во финале КК и не измачија, а сега им се придружи и Крег Белами, локалното момче :) Такада Кардиф ја има мојата целосна поддршка за влез во Премиер Лигата, се надевам дека.... ова ќе биде нивната година :D
 
Ako знае некој дали е во почетниот состав на Xадерсфилд Jordan Rhodes.
 
Вечерва во 20.45 Кардиф и Хадерсфилд ја отвараат сезоната. Напред Беламиии :vozbud:

Да завршат очајниве домаќинки на Фокс лајф и се префрламе на магнетоскопска снима од Кардиф. :vozbud:



:icon_mrgr:
 
Браво за Кардиф. Не ја гледав утакмицата, мило ми е што моите фаворити ја отворија сезоната со победа :)
 
Овие Кардиф у последна минута дале голче :D.
Болтон ќе гази оваа сезона.
 
Превземањето на Лидс сеуште не е пропаднато тотално, во следниве недели се ќе се знае, или ќе се превземе или не, нема да има повеќе разговори со тие арапите :)
Според тоа што го читам од англискиве медиуми, Лидс годинава ќе се бори за пласман во плеј-офот, а ако у меѓувреме клубот биде продаден и нешто повеќе.Варнок е одличен тренер за враќање на тимови во премиер лига, потпишани се 10 играчи(меѓу кој и Ел Хаџи Диуф:icon_lol:),така да останува денес во 13.45 да видиме колку им е силата против Вулфс, уште едни сериозни кандидати за враќање горе :)
М.О.Т.:D
 
Ете ги Лидс со победа. Добро изгледаа за време на целиот натпревар, како тим спремен да влезе во ПЛ. Колку е тоа вистина ќе видиме...
 
Тешко ќе им биде со онај тим за првите 2 места, плеј-оф може да изборат. Мене ептен ми се допадна овај McCormack, премногу добар играч. Ќе видиме со тек на сезоната како ќе играат, ми делува како тенка клупа да имаат.
 
За тим со 10 нови играчи и нов тренер, Лидс изигра супер денес.Тимов сеуште не е комплетиран, фалат уште 2-3 класа играчи, ама тешко дека ќе се донесат пред Јануари(дај боже со нови газди).Сега за сега ќе се оди на засилување преку позајмици,што уствари му е најомилен начин на купување на Бејтс, зашто нејќе да троши пари, а ги има во изобилие :)
 
Засега Блекпул е единствениот клуб кои ги освои сите можни 6/6 бодови до второво коло и се наоѓа на врвот на табелата. Добар тим имаат составено и ништо чудно да го задржат местово подолго време...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom