Останати фудбалски лиги

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
S

Stivie G

Гостин
Сите запнаа да имала тема за Чемпион девизијата па еве јас подготвив еден краток вовед.

Англиската Чемпион девизија е професионална лига составена од 24 екипи кои доаѓаат претежно од Англија и по некој тим од Велс. Оваа лига е втора по ранг во Англија веднаш зад Премиер Лигата.
Вкупно се играат 46 кола, 23 на домашен и 23 на гости плус дополнителни натпревари по завршувањето на регуларниот тек.
Во Премиер лигата директно влегуваат прво и второ пласираната екипа а од 3 до 6 место екипите разигруваат за последното место кое води во ПЛ. Последните 3 екипи се селат во понизок ранг на натпреварување.
Чемпионшип лигата е се пополуларна од година во година. Во неа моментално настапуваат поголеми екипи како што се двократнот европски шампион Нотингем Форест, освојувачот на ПЛ од сезоната 94-95 Блекбурн(под водство на Далгиш :D ) како и многу други екипи.
Измината сезона од ПЛ испаднаа Болтон, Блекбурн и Вулверхемптон а од 1 девизија во Чемпионшип влегоа Чарлтон, Шефилд В. И Хадерсфилд.

24-те екипи кои настапуваат во Чемпионшип девизијата во сезоната 2012-13 се :
Брајтон
Барнли
Барнсли
Бирмингам
Блекбурн Роверс
Болтон
Бристол Сити
Ватфорд
Вулверхемптон Вандерерс
Дерби Каунти
Ипсвич Таун
Кардиф
Кристал Палас
Лестер Сити
Лидс Јунајтед
Мидлзброу
Милвол
Нотингем Форест
Питерброу Јунајтед
Хадерсфилд Таун
Хал Сити
Чарлтон Атлетик
Шефилд Венсдеј

Првото коло од претсtојната сезона започнува викендот 17 и 18 август.
Во првото коло ѓи имаме следните 12 двојки

Петок 20-45
Кардиф-Хадерсфилд Таун

Сабота 13-45
Лидс Јунајтед- Вулверхемптон Вандерерс

Сабота 16-00
Барнсли- Мидлзброу
Бирмингам- Чарлтон Атлетик
Барнли- Болтон
Кристал Палас-Ватфорд
Дерби Каунти- Шефилд Венсдеј
Хал Сити-Брајтон
Ипсвич Таун-Блекбурн Роверс
Лестер Сити-Питерброу Јунајтед
Милвол-Блекпул
Нотингем Форест-Бристол Сити


Мој фаворит е Нотингем Форест поради 2-те титули во ЛШ :icon_mrgr:. Исто во ПЛ би сакал да видам и некоја од екипите на Лидс, Кардиф или Блекпул.
 
Би сакал да ги видам Нотингем и Лидс повторно во ПЛ догодина...Бајдувеј гласав за Нотингем јбг нафташи се и тие,очекувам да влезат у ПЛ.
 
Јас сакам Мидлзброу и Лидс да бидат на први 2 места :cool:
 
Бирмингем нека влези..а и Дерби онака интересен клуб мие(везе немам каква е состојбата и во двата)
 
Нотингем мора да се врати, веќе 2-3 сезони реодвно ги пратам. Eве сега со нафташиве се, па се надевам ќе се вратат во ПЛ. (y)

Плус омилени ми се на FM.
 
Сакам Лидс да се врати :)...и никој друг :icon_lol:
 
Minatata sezona gi gledav Brighton nekolku pati,oduseven bev od nivniot stil na igra...favoriti za vleguvanje vo PL sigurno.
 
За следната сезона сакам Нотингем Форест,Лидс и Блекпул да влезат во ПЛ..Првите 2 екипи се познати во англискиот и европскиот фудбал и имаат големи успеси во историјата (плус имаат големи ривалства со др. тимови од ПЛ),а Блекпул сакам да влезат поради интересниот и атрактивен напаѓачки фудбал ..Нотингем Форест имаат нови богати сопственици и големи се шансите од следната сезона (не сметајки ја оваа) да ги гледаме во ПЛ,додека за Лидс шансите за враќање во елитата се минимални.. Блекпул слично како и во последниве неколку сезони минималните очекувања се да избори место за учество во плејофот и таму да ја бара својата шанса..
 
Нотингем Форест можеби нема да влезе директно, ама сигурно ќе избори пласман во топ 6 и ќе игра бараж. Од останативе екипи не сакам да влезат Лидс во никој случај, исто и Дерби не сакам. Би сакал да ги видам Блекпул чисто заради Ијан Холовеј, интересно човече ми е :). Исто не би имал против и Чарлтон да се вратат, симпатичен тим ми се, тешко оваа сезона ама не ја исклучувам можноста. А ако Чарлтон се врати би сакал некако да се протне и Милвол, одвратни навивачи, ама со Вест Хем и евентуално Чарлтон во ПЛ ќе има доста напети утакмици како Њукасл и Сандерленд лани на Ст. Џејмс :D.
 
Нотингем Форест можеби нема да влезе директно, ама сигурно ќе избори пласман во топ 6 и ќе игра бараж. Од останативе екипи не сакам да влезат Лидс во никој случај, исто и Дерби не сакам. Би сакал да ги видам Блекпул чисто заради Ијан Холовеј, интересно човече ми е :). Исто не би имал против и Чарлтон да се вратат, симпатичен тим ми се, тешко оваа сезона ама не ја исклучувам можноста. А ако Чарлтон се врати би сакал некако да се протне и Милвол, одвратни навивачи, ама со Вест Хем и евентуално Чарлтон во ПЛ ќе има доста напети утакмици како Њукасл и Сандерленд лани на Ст. Џејмс :D.
Оти бе да не влезе Лидс? :) Нека се да се обнови ривалството малце.. :P
 
Неможеш да гласаш за Лестер а они се најголеми фаворити :rolleyes:

Но мислам дека Болтон ке влезе директно,втори Нотингем или Лестер а во Плеј Оф ке играат Волвс, Кардифи и Блекбурн.
 
Оти бе да не влезе Лидс? :) Нека се да се обнови ривалството малце.. :P

Не е дека не сакам ривалство, ама и така нас и клубови и што треба и што не треба не гледаат како ривали и играат ко да им е последна со нас, плус реметот е појак вака :D посебно ако познаваш фан на Лидс како мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom