Оштетените млекари од „Сведмилк“ протестираат пред Владата

  • Креатор на темата Креатор на темата мали
  • Време на започнување Време на започнување
Се протестира пред влада за таа да се заложи и да го блокира имотот на фабриката со кој први би се исплатиле кооперантите,зошто живата стока “мууука“ за јадење.
Всушност така е насекаде,каде има банкрот.:toe:

Има судство, барем теоретски.
 
Мислам дека сепак постојат методи како може една Влада да влијае на конкретна фирма-странски инвеститор, пред се' појдувајќи од основниот договор и обврските во него.
 
Има судство, барем теоретски.

Има ама барем засега судството сеуште не доведено до состојба да “мууука“ за јадење.Се додека административците добиваат добри плати и покачувања за дела кој каснат и по 15 години,кооперантите треба да си ги бараат парите пред влада и секојдневно да истураат млеко пред влезот на владата.:toe:
 
Абе ај шо пропаднала Сведмилк пропаднала...ама работата е што кажаа дека главниот менаџер зимал 35илјади(да да ијлади) евра плата месечно!!!

Е сеа муабетот ми е покрај толку платен човек ти да успееш да го корумпираш...е тоа е тоа шо ви викав ја...доека нашиве мафијаши имаат пари за корумпирање на главните ќе пропаѓаат фирми...

Затоа прво на Велија и останатите бандити нека им се преиспита потеклото на имотот и парите и така полесно ќе ги лишат од слобода...пошто вака се колатерална штета ништо друго!!!
 
Мислам дека сепак постојат методи како може една Влада да влијае на конкретна фирма-странски инвеститор, пред се' појдувајќи од основниот договор и обврските во него.

Не верувам дека има таков договор, шреку кој владата би реагирала. Акциите ги купи сириецот или од каде и да е арапот од сдс стоката Темелковски.
Владата може да ја национализира фирмата, ама тоа нема да е популарно и ќе е по Чавез стил.
 
Мене едно нешто не ми е јасно...

Млекарницата за кратко време постигна огромен успех на пазарот, освои најголем удел на пазарот во Македонија, почна да извезува и во странство...значи работа турбо, се прави профит, а млекото не им е платено на оние од кои е откупено.

Нејасното е кај кого отишле парите, за млекото да не е платено :toe:

Нормално, некој треба да сноси одговорност - тој што практично ги ограбил млекопроизводителите. Им го зел млекото, не им го платил, го претворил во пари - а пари нема :toe:
 
Добро сега,вината по малку ја сносат и кооперантите кој оставиле млекото да не им биде исплатено ни по 6-7 месеци од како им го одкупиле.Се знае бе,ако за 1 месец не ти платат она што ти го борчат,одиш и му ја земаш цистерната на менаџерот па кога ќе плати нека си ја земе назад.
 
Секоја ќе се гордее ако има инвестиции.
Тоа во никој случај не значи дека гарантира за договорите кои две правни или физички лица си ги имаат меѓу себе.

Под помош не мора да значи дека треба владата да им ги исплати парите што им ги должат шведска млекара на млекарите, тоа никаде го нема, но може да им помогне на млекарите, како што направија пример со ЕВН, да ги натераат да плаќаат пенали, а досега не видов јас таква реакција од Владата, ќутат, рефлекси на мртов коњ. А ако ќутат значи ги поддржуваат.
 
Тоа ти е луда држава.Ова политичариве не ги заболе к*ро за тоа дека Swedmilk, не го исплаќа млекото.Туку ги заболе к*ро дали јас ќе плукнам на улица за да ме казнат 50 евра.
 
Под помош не мора да значи дека треба владата да им ги исплати парите што им ги должат шведска млекара на млекарите, тоа никаде го нема, но може да им помогне на млекарите, како што направија пример со ЕВН, да ги натераат да плаќаат пенали, а досега не видов јас таква реакција од Владата, ќутат, рефлекси на мртов коњ. А ако ќутат значи ги поддржуваат.

За секоја “странска“ инвестиција секоја влада треба да бара гаранции дека “странската“ инвестиција ќе се придржува кон основните начела и норми во една држава(гаранцијата се користи токму во вакви случаи за исплата на кооперанти).Доколку оваа влада не побарала такви гаранции од Шведмилк,тогаш не треба ни да биде влада на оваа држава,или барем не во таков состав.Значи накратко речено доколку Шведмилк нема пари да ги исплати кооперантите,се активира гаранцијата доколку ја има и проблемот е решен.Доколку нема таква гаранција тогаш се апси министерот што дал согласност да работи таква фирма,и се товари за проневера на толку пари колку што млекарата е должна кон кооперантите,и пак проблемот е решен.
Па толку ли е сложено,токмациве од владава да ги запомнат овие две-три правила кој се насекаде во светот.
 
Мене едно нешто не ми е јасно...

Нормално, некој треба да сноси одговорност - тој што практично ги ограбил млекопроизводителите. Им го зел млекото, не им го платил, го претворил во пари - а пари нема :toe:

Vtoriot партнер во млекарата покрај Роџер Оскарсон.. тој ги преебал сите. Сакал отпосле да ја купи млекарата по мали пари... македонски филм :) само што Оскарсон сака да ја спаси некако... мислам дека и затоа владата остава простор. Од негова страна нема криминал и затоа ништо не прават... Тој што го шитнал млекото по мали пари... аш,, испарил...

А тоа муабетите за 35 000 евра кирија немаат врска. Живеат во тафталиџе, а нема таму дворци. Реално кај нас најголема кирија за куќа во тафталиџе не е поголема од 5 000 евра.... дури и тоа е многу...
 
Уште во летото млекарата млекото го препродаваше по помалите млекари.Пази бизнис, земи млеко не го плаќај, па потоа препродај го.
 
Уште во летото млекарата млекото го препродаваше по помалите млекари.Пази бизнис, земи млеко не го плаќај, па потоа препродај го.

Е па да... ја познавам жената на едниот од сопствениците... и ми се лоши од муабетите колку они од Шведска биле фер за бизнис и супер било да се тера бизнис со нив....
а бе ајде....
финтата е што таму и ќе лежи и парите ќе им ги земат, а тука ќе ќутат од МВР или од каде и да е, за да не се жалат кај ЕК странските инвеститори....
 
Ај да не навлегувам кај што не ми е место ама едно ме чуди.Гледам во знак на протест го истураат млекото.Па еден предлог.Место да го истураат може ли во знак на протест да го подарат на оние што го немаат?Сиромаси ли детска болница ли што знам опции има...
 
Епа може и тоа ,ама може и еве владата да се појави како донатор да им го одкупи млекото па да го донира на оние што немаат.А не да ми се јавуваат како донатори на веќе донирани пари од некој друг :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom